Да не бидеме офтопик, најважно е друже да си одбереш стоматолог кој најпрво, пред се`, ќе работи хигиенски. Што значи, со ракавици, во ординација да му биде чисто, со стерилизирани инструменти, со маска, мантил и такви работи.
Другото е релативно. И далечина, и дали бил нежен и други работи. Што ќе ми е мене забар што со рачиштата ми рошка во уста а пред тоа правел муабет на телефон? Не сакам со Хепатит А или Б да се занимавам после едно 6 месеца. Значи не е важно тоа дали ќе ме боли и како работи забарот што ќе го одберам за матичен. И да ме боли кога ми работи во уста, ќе стиснам, ќе издржам за тие половина час, ама барем ќе знам дека е работата свршена како што треба. Па не е важно и да е поскап. Ги гледам пациентите кои доаѓаат кај татко ми, бараат само поефтино да поминат, а некои од нив знам дека за фризер даваат цело богатство
Пример, хирургот што ме оперираше мене, како му влезе на забов, како копач некој на нива, ама после тоа немав ни оток, ни инфекции, ниту закачив алвеолит. За недела дена ги извадив конците без никакви компликации.
Така да најпрво распрашај си се убаво, пред да одбереш забар контактирај со негови пациенти или прво онака, чисто информативно отиди му во ординација демек да прашаш за цени и запримети го како работи, хигиенски или не
П.С. Има некои забари во градов немаат склучено договор со Фондот и може откако ќе ти ја извршат услугата да те попарат и да ти кажат дека не работат со плави картони, па да те чини како Св. Петар кајганата. И тоа прашај си со време:smir: