Значи можам да кажам дека 90% од моето слободно време го тепам на серии , иако гледам на телевизија некои серии кога ќе ги фанам , на интернет следам 5 серии кои не сум испуштила ниту една епизода
)
Иако е клише за секое девојче секако првата серија која почнав редовно да ја гледам е
Gossip Girl. Дејството се случува помеѓу 5 главни ликови кои го живеат својот живот во Менхетен , Њујорк и притоа ги следи "Gossip Girl" откривајќи ги нивните тајни на нејзината веб страница.Ја препорачувам серијата доколку ја немате почнато.
Втора серија што ја гледам е
How I met your mother и е мојата омилена серија.Друштво од 5 личности исто така живеат во Њујорк и притоа целта на оваа серија како што може да се види и од насловот е главниот лик Ted Mosby да ја пронајде неговата перфектна жена.Притоа целото време раскажува на своите деца за тоа како ја запознал. И оваа серија може да ве насмее до солзи.10/10 рејтинг
Трета серија -
The vampire diares. Причината што почнав да ја гледам серијава е Damon ( Ian Somerhalder ) хихихи
Девојче по име Elena се преселува во нов град почнува живот , се заљубува во вампирот Stefan Salvatore , и притоа доаѓа неговиот брат Damon. Се случуваат доста мистерии поврзани со вампирите и со Elena што допрва таа ќе дознае и навистина иако го мразам Twilight оваа серија нема ниту една допирна точкa со филмов.И првин мислев дека бидејќи се зборува за вампири серијава ќе биде глупа , излезе токму спротивното. Ја обожавам серијава !!
Четврта серија -
Тhe lying game. Две близначки разделени од кога се родиле после 16 години се наоѓат и додека едната сестра ја бара својата мајка другата близначка ја заменува и го живее нејзиниот живот.Серијава има само 5 епизоди до сега ама се развива доста интересно.
И последна серија -
Pretty little liars. Почнам да ја гледам пред 3 дена и досега сум стигната до 10 епизода од прва сезона но навистина ја препорачувам серијава.Четири другарки се обединуваат повторно по 1 година од исчезнувањето на нивната 5та другарка која ќе ја пронајдат мртва.Овие 4 другарки и имат доверувано на неа сите тајни а додека таа им нема доверено ништо.По пронаоѓањето на телото на мртвата другарка на овие 4 другарки им стигаат заканувачки пораки и писма напишани со нивните тајни. Иако малце е копија на Gossip Girl бидејќи и таму не се открива која е таа личност што им ги дознава сите тајни и им ги кажува , серијата е доста добра