Предлог: Протест пред ФФМ за смена на Милевски

Дали би дошле на протест пред ФФМ за промена на тренерот Милевски

  • Да би дошол, бидејќи сум незадоволен од ФФМ и Милевски

    Гласови: 6 20,7%
  • Незнам дали ќе можам

    Гласови: 10 34,5%
  • Не би одел. Вреди да му се даде уште една шанса на Милевски

    Гласови: 7 24,1%
  • Задоволен сум од работата на актуелното раководство. Се е супер

    Гласови: 6 20,7%

  • Вкупно гласачи
    29
Член од
29 септември 2015
Мислења
243
Поени од реакции
323
Помина уште еден циклус и ние повторно не бевме ни блиску до пласман на европско првенство.

Иако веројатно проблемот е во позадинските редови во ФФМ, несомнено вина има и тренерот Милевски.

Лошите резултати беа видливи уште минатиот циклус.
Ситуацијата кулминираше по поразот од Англија со исторски срамни 7-0.

Незнам дали некаде постои тренер, кој по ваков дебакл, не би си поднел неотповиклива оставка. Пред се од морални причини.

Фудбалот во овие години по доаѓањето на Сејдини доживува колапс.

Прво се промени претседател на федерација, а потоа и тренер кој направи историски успех.

Сметам дека Одговорност треба да има од повеќе, па дури и од нас граѓаните.
Не е доволно само да седиме на фејсбук и да критикуваме.
Затоа предлагам, доколку некој навистина е загрижен за македонскиот фудбал и е револтиран од ова што се случува. Да се направи еден протест пред зградата на ФФМ со кој ќе изкажеме незадоволство од раководството на ФФМ и тренерот Милевски.
И евентуално враќање на Игор Ангеловски.
Сметам дека крајно време е да излеземе и да покажеме дека овде има луѓе кои навистина се незадоволни од фудбалот и раководството во Македонија
 
Член од
20 септември 2023
Мислења
109
Поени од реакции
590
И евентуално враќање на Игор Ангеловски.
Замисли ситуација: го буташ Мети од чело на ФФМ и со целокупната моќ што во моментот ја имаш, ти одлучуваш да го вратиш Мрме на селекторско место... Сигурно таму далеку во вселената, во некоја друга галаксија, две зелени човечиња додека мезат пред кооперација си викаат: Алал да му е на братов, како ли му текна само.
 
Harry Potter

Imperius
Член од
14 септември 2005
Мислења
2.533
Поени од реакции
1.515
Малце нејасна тема. Смена на Милевски или смена на Сејдини? или и двете?

и секогаш кога се бара смена треба да се понуди која е алтернативата. еве да го смениме Милевски уште утре, кој ќе дојде? некој шкљ Балканец? некој наш што водел со успех екипа во најслабата лига во Европа, македонската?

не е финтата само да се бара смена.
 
Член од
6 февруари 2007
Мислења
4.119
Поени од реакции
4.623
Државата е…
Никаде не задржувајте се подолго од дванаесет месеци, туку кога годината вашиот гурбет ќе заврши, и кога во тој крај ќе го земете од бога вашето, дигајте ги шаторите, на маските отседлајте ги и одете кај што не сте биле. Ако некаде по царството или кралството се најдете подолго од година, во даночните книги вас ве заведуваат, на трговскиот суд ве регистрираат, давачки и фискални такси ви припишуваат. Сите приходи во тефтери морате да ги бележите, ортаците и компаниите на магистратот да ги пријавите и договорите на заверување да ги поднесувате. Државата не ви е мајка да се срами од вас голи. Државата е жена, на која голи ѝ сте најмили. Зашто уште во Епир е речено: ПОЧИТУВАЈ ГО ГОСПОД ДОДЕКА Е ТВОЈ, И ЧУВАЈ СЕ ОД ДРЖАВАТА ДОДЕКА НЕ СТАНЕ ТВОЈА!
 
Смена на двајцата.
Бидејќи резултати нема.
Во женскиот фудбал ситуацијата е уште покатастрофална.
Алтернативи има многу.
Старата гарнитура донесе најголеми успеси или некоја трета.
Автоматски споено мислење:

Замисли ситуација: го буташ Мети од чело на ФФМ и со целокупната моќ што во моментот ја имаш, ти одлучуваш да го вратиш Мрме на селекторско место... Сигурно таму далеку во вселената, во некоја друга галаксија, две зелени човечиња додека мезат пред кооперација си викаат: Алал да му е на братов, како ли му текна само.
А кој вели дека јас го бутам? Или сакаш да бидеш интересен за неколку лајкчиња?

Предлог давам за протест, бидејќи сум само разочаран од работата на ффм и срамните резултати.
Ако има луѓе кои би биле истомисленици би се организирале и би протестирале.

Секаде каде што имало голема група на луѓе, паѓале и поголеми федерации од нашата.

Да бевме Србија, Грција или Албанија досега народ ќе излезеше
Ама македонци не им е гајле. Они држава губеа, тогаш не испаднаа.
За еден фудбал пак голема работа.
 
Последно уредено:
Член од
20 септември 2023
Мислења
109
Поени од реакции
590
Смена на двајцата.
Бидејќи резултати нема.
Во женскиот фудбал ситуацијата е уште покатастрофална.
Алтернативи има многу.
Старата гарнитура донесе најголеми успеси или некоја трета.
Автоматски споено мислење:

А кој вели дека јас го бутам? Или сакаш да бидеш интересен за неколку лајкчиња?

Предлог давам за протест, бидејќи сум само разочаран од работата на ффм и срамните резултати.
Ако има луѓе кои би биле истомисленици би се организирале и би протестирале.

Секаде каде што имало голема група на луѓе, паѓале и поголеми федерации од нашата.

Да бевме Србија, Грција или Албанија досега народ ќе излезеше
Ама македонци не им е гајле. Они држава губеа, тогаш не испаднаа.
За еден фудбал пак голема работа.
Можеш да ми посочиш примери за болдираново?

Зошто даваш предлог, што не организираш ти протест? Или полесно е од дома да се дава поддршка, како и за се останато. Во државава само некој предлага нешто, а кога ќе дојде време за нешто конкретно сите се во подрум. За почеток посочи како би се одвивало сето тоа, може ќе се пронајдат и истомисленици на форумов.

Пролистај низ темава имаш милион мислења за работата на ФФМ, таман ќе се запознаеш како функционира цел нивни систем. Нема грешка дека Мети сам ќе се повлече заради тоа што Албертос и уште стотина ќе протестираат. Мети е последната алка во цел тој циркуз, а за да дојдеш до негова смена ќе треба уште многу како него да ги бутнеш, кои верувај дека се многу фудбалски понеписмени од него и кои имаат метастазирано по сојузите до терминална фаза.

Пред некој ден имав спомнато, државава не успеа да го смени Мети, а протести па ич, посебно знаејќи колку луѓе кај нас се собираат за протести за најважните прашања, не па за ова.

Боби треба да биде сменет, но не со Мрме или некој евнух како него.
 
Член од
27 септември 2010
Мислења
5.044
Поени од реакции
7.069
Навистина очекувате пласман на ЕП со Англија и Италија во група? Единствено со Украина кикснавме, прокоцкавме 3 поени за потенцијално 3то место. Од друга страна освоени 2/6 поени против топ 5 екипи на ФИФА ранк. Не ми е јасно од каде толкав апетит.
 
Harry Potter

Imperius
Член од
14 септември 2005
Мислења
2.533
Поени од реакции
1.515
Алтернативи има многу.
ај кажи неколку.

Навистина очекувате пласман на ЕП со Англија и Италија во група? Единствено со Украина кикснавме, прокоцкавме 3 поени за потенцијално 3то место. Од друга страна освоени 2/6 поени против топ 5 екипи на ФИФА ранк. Не ми е јасно од каде толкав апетит.
а Украина освои исто толку бодови против Италија и Англија - 2/6.
 
Член од
29 септември 2015
Мислења
243
Поени од реакции
323
Можеш да ми посочиш примери за болдираново?

Зошто даваш предлог, што не организираш ти протест? Или полесно е од дома да се дава поддршка, како и за се останато. Во државава само некој предлага нешто, а кога ќе дојде време за нешто конкретно сите се во подрум. За почеток посочи како би се одвивало сето тоа, може ќе се пронајдат и истомисленици на форумов.

Пролистај низ темава имаш милион мислења за работата на ФФМ, таман ќе се запознаеш како функционира цел нивни систем. Нема грешка дека Мети сам ќе се повлече заради тоа што Албертос и уште стотина ќе протестираат. Мети е последната алка во цел тој циркуз, а за да дојдеш до негова смена ќе треба уште многу како него да ги бутнеш, кои верувај дека се многу фудбалски понеписмени од него и кои имаат метастазирано по сојузите до терминална фаза.

Пред некој ден имав спомнато, државава не успеа да го смени Мети, а протести па ич, посебно знаејќи колку луѓе кај нас се собираат за протести за најважните прашања, не па за ова.

Боби треба да биде сменет, но не со Мрме или некој евнух како него.
Погрешно си разбрал. Јас никого не набедувам да оди, а истовремено јас да седам дома. На никој не реков. Ти оди на протест, а јас ќе седам дома и ќе пишувам на социјални мрежи. Баш обратна е работата.

Јас прашав само дали има некој како мене, кој е незадоволен и истовремено би дошол на протест. И колкава е таа бројка на незадоволни кои би дошле?
Затоа и поставив анкета.

Хипотетички, ако имаше група на луѓе, кои се револтирани како мене. Сигурно ќе организирав нешто и ќе бев на протестот.

Јас, само дадов предлог за протест. А протест се прави, само ако има поголема маса на гневни или незадоволни луѓе.
Ниту ти, ниту јас, неможе сам да оди и да протестира нели?

Бидејќи гледам дека на социјалниве мрежи има некое незадоволство и има секакви коментари. Но изгледа ние како општество сме само за тастатура и фејсбук клевети. Нормално дека така нема ни продавач во продавница да смениме.

Крај краева Ако сите се задоволни или делумно задоволни, тогаш јас сум бил во грешка и би го почитувал мнозинството.

И последното, не би го споредил Мрме со Милевски.
Зад едниот имаме резултати, европско првенство, многу подобра игра, препорака од Пандев дека тој е најдобар тренер за Македонската селекција.

Со вториов( Милевски) имаме пораз од Бугарија, најубедлив пораз во историјата, посед на топка од само 20% против големите екипи и само ветувања, дури и разочарувања бидејќи многу повеќе очекував.Морал секако не.
Истовремено и за Милевски има препорака од еден Барди (кој ако сме реални, дури и во оваа екипа не ја заслужува капитенската лента, ниту пак 10-ката)

Ако Пандев кој што е несомнено најдобар наш фудбалер или можеби еден од двата најдобри играчи на сите времиња во МК фудбалот. Ако човек што толку видел, вложува и знае, не треба да се слушне. Ние имаме стварно проблем.

Тоа што велиш за Игор Ангеловски е срамно, и немам коментар.

А ова Пандев го рекол за Мрме.При крај на видеото е. Сепак вреди да се погледне и цело интервју.
 
Немам што јас да се срамам, сосема добро го познавам него и повеќето тренери кај нас. Таман работа да темелам мислење за некого врз основа на изјавите на Пандев за Мрме или Барди за Милевски, точно НУЛА значење имаат истите за мене. Крај краева, се знае(ше) зошто Пандев форсира некои изјави и потези. Дека е фудбалска величина нема збор ама за успешно водење на федерација потребен е малку и интелектуален капацитет, а таков човек, барем јас, не гледам никаде во државава во овој момент. И за Панчев го зборуваа истото што и за Пандев, па излезе дека е крајно ултра-убер неспособен. Едно е фудбал играње, сосема друго е водење федерација. Пандев како пример за функционирање можеш да го земеш и со неговиот ФК, што излезе од сето тоа? Немој само како одговор да ми го пишеш она што го пишуваат спортскиве портали кај нас.

Доколку одиме по логикава што си ја пишал за Мрме-Милевски, тогаш излегува дека и федерацијава е најуспешната до сега. Втора работа, дотичниов на ЕП беше размонтиран како фичо што пренесува храна на бугарска граница во 80тите.

Пишував и претходно по темиве, Мрме нема никакво фудбалско познавање, ни тактика знае да постави, ни замена да направи. За успесите 99% се заслужни Пандев и супер формата во којашто се наоѓаа останатите во тој момент, секако и можноста преку најслабите од Лигата на нации да се пласираме на ЕП. Капацитетот на Мрме е Работнички, клуб со малку навивачи каде што нема да има никаков притисок. Дури и Работнички кога го водеше, официјално друг беше тренер зошто дотичниов немаше лиценца. За неговиот тренерски квалитет ти кажуваат и неговите ангажмани после репрезентацијата.

Да не се повторувам и тука по сто пати, Боби треба да биде сменет, но не со било кого, а најмалку со некој како Мрме. Ако мене ме прашуваш, јас би го сменил најпрво ради тоа ролката, ЈСП кошулата и сакото за покојници што ги носи.

Дека имаме проблем со федерација, селектор и воопшто фудбалот во државава тоа е факт, но замена на едни пајташи со други пајташи нема да ни го реши проблемот. Џабе ќе го смениш Мети ако останат Добре Иванов, Ламбе, Хари и слични на нив. Повеќе треба да се стравува што немаме ни еден полу-талент во државава, отколку по резултативе во квалификациите. Со оглед какви аматери имаме, овие 8 бода се премија. Капак на се, пресметки се прават доколку сме ја победеле Украина ќе сме играле бараж - кур се тресе у ладна вода. Не е далеку времето кога ќе бидеме малку подобри од Андора и Лихтенштајн. Федерацијата тука има голема вина, но и клубовите сносат голем дел од истата.
 
Del Boy

You plonker!
Член од
28 септември 2012
Мислења
11.970
Поени од реакции
35.620
Државата е…
Никаде не задржувајте се подолго од дванаесет месеци, туку кога годината вашиот гурбет ќе заврши, и кога во тој крај ќе го земете од бога вашето, дигајте ги шаторите, на маските отседлајте ги и одете кај што не сте биле. Ако некаде по царството или кралството се најдете подолго од година, во даночните книги вас ве заведуваат, на трговскиот суд ве регистрираат, давачки и фискални такси ви припишуваат. Сите приходи во тефтери морате да ги бележите, ортаците и компаниите на магистратот да ги пријавите и договорите на заверување да ги поднесувате. Државата не ви е мајка да се срами од вас голи. Државата е жена, на која голи ѝ сте најмили. Зашто уште во Епир е речено: ПОЧИТУВАЈ ГО ГОСПОД ДОДЕКА Е ТВОЈ, И ЧУВАЈ СЕ ОД ДРЖАВАТА ДОДЕКА НЕ СТАНЕ ТВОЈА!
Добро.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom