Предлог Карго

Член од
26 септември 2012
Мислења
8.054
Поени од реакции
6.658
Доставувачот што требало да ми ја достави му ја дал пратката на друг колега и му рекол: го знам дечкото, не е дома, таму и таму работи, однеси му ја. Наводно. Не знам ни јас, така ми кажаа откако вината ја префрлија врз мене - дрзок сум бил.
е па дечкото требало да се јави да се осигура дека е така...... како и да е да немаш проблеми можело ваљда да си ја земиш од база или да ја подигнел некој твој близок во наредните денови и помалце да се замараш
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
13.790
Поени од реакции
33.597

Ако е така подобро, тогаш немаше потреба воопшто да ја испраќаат, ќе си ја подигнев директно од испраќачот. Ќе им се јавам во четврток, или да ми ја испратат преку друга фирма или ќе ја откажам нарачката и нека ми ги рефундираат парите. Друго чаре јас не гледам. Патем, нема да пропуштам да им ја раскажам цела приказна, па тие нека одлучат дали сакаат да ме изгубат мене како клиент кој редовно секој месец по неколку пати нарачува од кај нив, или да ги заменат Карго Експрес со друга фирма.

Сега нарачував нешто од друго место, ги прашав прво преку која фирма вршат достава, ми рекоа ЕЛС, и нарачав. Да речеа Карго Експрес - ќе ги откачев. Од сега само така.
 
така само ќе вртиш во круг пошто нема идеално карго и порано или покасно ќе ти се случува истото
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
13.790
Поени од реакции
33.597
Пак имав проблем со Карго Експрес! Не знам зошто само не си стојам на зборот, реков дека веќе нема шанси да порачам нешто од некаде ако знам дека они доставуваат!

На 08.02 направив нарачка од Матица. Бидејќи нарачката беше над 1000 денари, доставата е бесплатна. Но дека го има тој традиционален нивни саем, знам дека нарачките доцнат, си пишува и на сајтот - 15 дена може да доцнат. Но денес поминаа 15 дена, а јас нарачката не сум ја добил, па им пишав на Матица. Ми испратија слика од адресница, курир од Карго Експрес ја презел нарачката уште следниот ден, на 09.02. Ми викаат: јавете се во дирекција да прашате. Им реков дека имам лошо искуство со нив, ја префрлија вината на мене минатиот пат зошто сум испратил mail со поплака и ги замолив ако може да се јават они. Ги бранеа ко да се фирма на брат им, дека наводно со години соработувале со нив и дека биле најдобри. Се јавиле, и ми ѕвонат после од Матица: наводно Карго Експрес ми испратиле SMS уште на 09.02 дека пратката е преземена, а на 10.02 3 пати ме барале и бидејќи јас не сум кренал. Им викам: јас ниту SMS сум добил, ни повик пропуштен, ако сакате и скриншот од повиците ќе ви пратам. „Е па сега они нема да лажат, си имаат они историја на повици, ако не сте можеле да кренете, зашто не сте се јавиле од после“, беше одговорот од Матица. (А како да се јавам кога они не ми ѕвонеле, и плус и да ѕвонеле, отпосле не креваат). И бидејќи они два пати платиле на Карго (еднаш за доставата, еднаш за вратената нарачка, за што сигурен сум дека Карго ги мафта за да им земе пари, а уствари не се ни обиделе да се јават кај мене), сега не можеле повторно да плаќаат. Пак испаднав јас крив, им реков да ја вратат нарачката во книжарница, ќе поминам од таму да ја подигнам, и веќе никогаш нема да нарачам од нив. Во ред ми рече.

И бидејќи ова е веќе трет ваков случај: УБИЈТЕ МЕ АКО УШТЕ ЕДНАШ НАРАЧАМ НЕШТО ОД НЕКАДЕ КАДЕ ВРШАТ ДОСТАВА ПРЕКУ КАРГО ЕКСПРЕС!
 
Член од
12 јануари 2015
Мислења
2.169
Поени од реакции
3.467
Толкав пост за една нарачка што не е доставена. А замисли како им е на оние што работат секојдневно со нив. Затоа ги сменив, катастрофални се, губат нарачки, крадат нарачки, наплаќаат двојно за достава (и од испраќач и од примач). Ниедна брза пошта не е добра, не знам зошто е тоа така. Ништо не функционира, а прескапи се и онака.
 
Не е една, читај назад, ова е можеби десетти пат како имам проблем со нив.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom