Предизборна кампања - the best of

Статус
Затворена за нови мислења.

Џ.

Ќутам на различни теми!
Член од
14 јули 2007
Мислења
868
Поени од реакции
183
За сите што се разведиени поради Бранко.
<3
 

Misery

30% off
Член од
3 април 2011
Мислења
1.598
Поени од реакции
2.394
Целото видео со човеков е само чиста манипулација. Удира на психа, а народот лесно паѓа на вакви приказни ко од шпански серии.
Во ваков период и двете партии се служат со нечесни игри, зошто знаат дека народот не ги сака баш и се плашат што може да им се деси на 5ти јуни.
Познавам само еден човек од рекламите во живо , и можам со сигурност да кажам дека е целосно вистинита неговата приказна.
Аполитички настроен , не бранам ВМРО :) .
Како и да е , највише ме смеат од предизборниве кампањи монтажите на јутуб од милениците на партиите. Пресмешни се .
 

JohnWayne

Master
Член од
10 мај 2007
Мислења
194
Поени од реакции
16
Јас сум најмногу разочаран поради тоа што нема да гледаме никаква дебата :( мислам да се бега од дебата е повеќе од глупаво, може барем за смеа кој било 2 носители на листи да здебатираат :D
 

Darling

High Value
Член од
5 јуни 2009
Мислења
14.087
Поени од реакции
30.145
Загреови ми се рекламиве со страдалци и паталци на А1 и дотичната погоре. Млатење празна слама само.
Чист пример за користење на народот. Ко да постојат само на реклама да стојат, на ниедна партија не и е битно нивното здравје уствари.
 

Darling

High Value
Член од
5 јуни 2009
Мислења
14.087
Поени од реакции
30.145
најглупа реклама EVER
 
Член од
5 јуни 2008
Мислења
3.632
Поени од реакции
5.724
Не сакам да ја трујaм темава зошто е во ЧДА, но не можам а да не пишам. Вчера кога го видов видеово се шокирав... Како може еден човек да падне толку ниско, да се појави на тв, да колне друг човек, а воедно да промовира кампања на друга партија. Значи не е дека му гори толку под нозе. Јас знам, сведок сум на многу луѓе кои ја имале 'неговат' судбина, дијабет, инфаркт, шлог, луѓе се поместија од памет од наглите промени, но ниту еден смртник нема да се појави на тв, зошто правите стечајци ја изгубија работата, но го задржаа човечкото во себе! Ова што се случува на ТВ е изживување и злоупотрба на човечки судбини, лечење комплекси, префрлање на топката на виновник за проблемите.... Никој не нуди конкретно решение! Мене лично, ваквите подмолни кампањи само ме убедуваат колку ниско е паднат моралот и етиката кај политичарот и колку е голема бездушноста кон оние кои треба да ги изберат. И тоа не аамо за едната страна, двете атрани се подеднакво виновни за срањата што ни се аервираат секојдневно. Срам да им е ним и на сите вас кои во ваквите работи наоѓате причина за критика на само една страна, или исмевање на судбината на човекот која реално ја дели и некој ваш близок, ако не и самите вие!
 

Seniorita

џм..
Член од
11 април 2011
Мислења
1.344
Поени од реакции
681
ми стаса локумот и кафето ..ајде сите кај мене :pos:
 

leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
Лелел Брколинда денес па и на посета отиде :pos: :pos:
Ваква изборна кампања досега немало,што ни градат театри ете избори нека има секој месец да се смееме. На посета да му изрази подршка пред камери оф мајко моја ќе умрам од патетика и гол популизам.
 
S

Shellshock nam67

Гостин
туку ај зошто нема тв дуел нели се прокламираме за демократска земја интересно е да види и народот како политичарите се натпреваруваат
 

Принцезичка

courage is contagious
Член од
12 декември 2008
Мислења
1.556
Поени од реакции
348
Супер е сега и мистер конспираси се прикључи на муабетов, човеков не го оставила жена му дека немал пари и работа туку дека го варала. А што е битно тоа во муабетов? Може и стварно го варала, на кој му е гајле? Па бил вмровец, па се тепал ваму, па се тепал таму. Факт е дека човеков останал технолошки вишок па после отишол на завод. Зошто? Заради приватизацијата која се спроведуваше во 90 ти и излегува Бане кој даде Амин на таа приватизација и почнува да го вреѓа со лични навреди, ова само покажува кои се неговите етички и морални критериуми ко човек, за политичката некултура да не збориме. Многу е симптоматично како мнозинството "непартиски" определени кои се жестоки критичари на оваа влада наеднаш ги здоболе кога некој го нападна нивниот омилен лик. И јас ја критикувам економската политика на оваа влада и имам милион забелешки, но да бранам ваков простаклук, искажан од човек кој бил Претседател, со тоа што ќе пробам да го дискредитирам човеков, без оглед на тоа кои се неговите побуди, ќе направи да го погазам сето тоа што сум го кажал како објективна критика на политиките на оваа и на било која претходна влада.
Види вадење од контекст негови зборови е смешно , кога јасна беше причината на неговиот говор ( дека не е крив за се ) и кој е резултат на (погоди) напаѓаната на владеачката партија. Друго глупо е да се става тужна реклама каде типот вика имам деца во Канада не можам да си ги видам , канадската имигранска политика е една од најфлексибилните и можеле одма да му спонзорираат виза после 6 месеци легален престој ( што значи човеков не е толку грев). Второ најголемата реална распродажба ан фирми беше во времето на ВМРО меѓу кои Телекомот и Окта.
Малце е смешно да се збори за стечајци кога вмро дојде на власт не се ни помери ни со еден прст да ја ревидира и реверзира напротив ја продолжи.
ДОбар дел од тогашните закони за приватизација беа донесени од страна на експертската влада.
Законите беа фалични, немавме контрола над тоа што се случуваше со претпријатијата и што све не правеа директорите. Судиите си судеа по теркот кој дае мито тој победува а народот ќутеше како млада невеста.
Поентата ми е за танго се потребни двајца , за оро повеќемина . ПА ПИЗДА МУ МАТЕРНА НЕ Е САМО БРАНКО КРИВ ШТО МАЈКА СТЕ ЌУТЕЛЕ КОГА СТЕ ТРЕБАЛЕ ДА БЕСИТЕ :
И сега пак му ја ќутите


Кон болдот- моите таканаречени теории на заговори имаат докази цврсти - имаш теми барај и предизвикај ги . Ама те молам не ги мешај во дискусија со обид за дискредитација.
Океј . Од старт самиот се поставуваш како слаб дискутант со слаби аргументи па мора да се служи со етикети од типот „мистер конспираси“
 

Seniorita

џм..
Член од
11 април 2011
Мислења
1.344
Поени од реакции
681
Види прво рок на траење,немој да е од пред 7 години :pos:
не бе, тамн е :D кое чудо еј .. :D

--- надополнето ---

Многу кафе изгледа ти дале тебе,да не ти дадоа и за цела фамилија :pos2:
искрено, 1 кафе + локум, за нас .. 1 кафе + локум за баба & дедо .. :D
 

Syn

https://www.youtube.com/watch?v=zBkuNpgACH0
Член од
23 декември 2007
Мислења
29.916
Поени од реакции
44.916
[video]https://www.youtube.com/watch?v=Kn99rnX3lGc&feature=player_embedded[/video]


Е ова е врвот.....хахахаххахахахахаахаха неповторлив е коа ќе се начука
Кој грев треба да си, која простачина и амеба за да излезеш со изјава дека БЦ е причината за твојот развод. Вакво бламирање на ТВ немало од излегувањето на оној спотон Friday ...
Одговор на место добил, бољи и не можеше ...
Не треба да се црта само што значи следнава реченица '' Ради БЦ се разведов '', срамота е.

Сеа за сеа ова е врвот од овој изборен циркус.

--- надополнето ---

ОВОЈ ЧОВЕК ГО БАРА НАШИОТ ГЛАС!!!
А продавањето на ваква тажна приказна уз виолини која нема благе везе со неговата реалност ок е нели ? Абе вреѓа интелигенција, ваква манипулација заслужува токму ваков одговор

Ја искрено еве не би се чудел ако утре ја видиме и жена му, у позадина нормално, виолини, а она како вика, БЦ е крив луѓе :music5:, ради него 3 швалери имав дур бев у брак :music5:, штознам, кога можеа онака да вреѓаат интелигенција, можат и вака.

п.с. :music5:
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom