Појава на разновидни и многубројни безредија
Овој предзнак на Судниот Ден е еден од знаците кои почнаа јасно да се распознаваат во нашево време. Факт е дека денешниот човек е втурнат во виор на безредија и искушенија. Меѓу првите искушенија е гледањето на харамот(забрането-голотија,неморал) кој секојдневно се прикажува преку сателитските програми, печатените медиуми, преку интернет, и преку разните слики и видео-клипови кои се испраќаат од мобилните телефони.
Кој ги пренебрегне и се сочува од овие и слични харами поради стравопочит кон Возвишениот Аллах, неговиот Господар ќе му го надокнади тоа со иман(верување) чијашто сласт ќе ја почувствува во своето срце. Второто искушение е олицетворено во леснотијата на земање харам имот, по пат на камата или мито, но и преку продажба на забранети работи-алкохол, дрога, тутун и сл. Оние кои стекнуваат имот на харам начин спаѓаат во групата на оние чии дови(молитви) не се услишуваат и на кои Аллах им ветува болна казна.
Искушение на денешното време е и облекувањето забранета облека, и од страна на жените и од страна на мажите. Сите овие и слични влетувања на луѓето во најразлични искушенија и фитнет предизвикале богобојазливиот и чесен човек да биде окарактеризиран како чудак во својата околина. Инаку, фитнет е еднина од зборот фитен, а означува збрка, искушение, испит, и се користи за сè она што е укорено, осудено.
Пратеникот с.а.в.с. ни навестил доаѓање на огромни искушенија. Верникот едвај ќе може да ја распознае вистината од лагата. Секогаш кога ќе го снајде некое од тие искушенија, тој ќе повика „ова ќе ме уништи“. А кога тоа искушение ќе престане, веднаш по него ќе дојде друго. Ебу Хурејре р.а. пренесува дека Пратеникот с.а.в.с. рекол: „
Дочекајте ги со добри дела искушенијата кои се налик на најтемниот дел од ноќта; тогаш човекот ќе осамне како верник, а ќе заноќи како неверник, и ќе заноќи како верник, а ќе осамне како неверник. Ќе ја продава својата вера за незначителна дунјалучка(овосветска) полза.“