Мали предзнаци на Судниот ден-Расцепување на Месечината
-Се ближи Часот и месечината се раздели !(54:1 )
Дали расцепувањето настанало или треба да се случи?
Што ни кажува дадениот ајет?
Дали Месечината се раздвојила пред да настане хиџрата во долината на Мекка? Значи овде не е спорно значењето на ајетот, туку неговото толкување.
Воглавном тоа толкување се сведува на три работи:
1.Дека Месечината ја виделе раздвоена во долината на Мекка, сопатниците на Мухаммед а.с. и самите неверници на Мекка.
2.Дека всушност овој ајет кажува за идно време и дека расцепувањето на Месечината е предзнак на Судниот ден.
3.Дека Месечината веќе била расцепена но и не раздвоена.
Настанот кој говори во првото толкување е нешто што се случило на Мина во близина на Мекка, и на местото каде што седел Мухаммед а.с. имало и неколку неверници. Тие од Пратеникот а.с. барале некаков знак. Тој кажал:„погледнете во небото!“ Одеднаш Месечината се раздвои, едниот дел отишол спрема истокот, а другиот птрема запад и брдото останало помеѓу. Кога ова чудо сите добро го виделе, двете половини се споиле. Неверниците почнале да кажуваат дека Мухаммед а.с. им направил магија, но самото чудо не го негирале , бидејќи го виделе тоа.
Астрономски податоци:
Пошто знаеме дека настанот се случил 5 години пред хиџрата, во 617 година , располагаме со следниве астрономски податоци за Месечината во таа година.
-Затемнување на Месечинатана 26 Април во 17:48 кое било делумно, но сепак дење.
-Затемнување кое било на 20 Октомври во 03:09кое исто така било делумно, но било видливо.
Бидејќи се работи за расцепување, овие делумни затемнувања не играле улога пред се бидејќи истите не биле при полна Месечина, туку во задната четвртина на месецот.
Чудото на раздвојување забележано е со бројни хадиси. Према Меудуди, традиционалните коментатори на Куранот и воопшто сите се слагаат дека овој настан се случил, 5 години пред Пратениковата а.с. хиџра во Мекка. Месечината се раздвоила на два дела. Потоа двете половини повторно се споиле.Ова е очигледен доказ дека овој универзум не е, ни вечен, ниту бесмртен, и тој можел да се растрои. Овој настан покажува дека големите ѕвезди и планети можат да се расцепат,да им се промени целовитоста и нивниот интегритет да се наруши и сл.
Иако расцепувањето на Месечината не е забележано во историските книги, во една книга наоѓаме на трага. Приказната за примањето на исламот на махараџата од Малибар. Приказната кажува дека махараџата лежел на својот кревет на највисокиот спрат од својата палата, кога ја забележал сцената на расцепувањето.Подоцна дознал дека тоа било чудото на Пратеникот од Арабија за својот народ иго прифатил Исламот. Има и толкувања дека овде се збори за предзнакот на Судниот ден, и Куранот во неколку наврати предупредува дека тој ден се наближува.
Во вселената постојат прецизни математички закони који ја сведочат Аллаховата мудрост и Неговата благодет кон суштествата, бидејќи поради тие Негови пресметки имаме доволно светлина и топлина , правилна промена на временските условии атмосферските промени, како и годишните времиња.
Истото го тврди и Мухаммед Асад(Леополд Вајс) кој вели дека овој курански цитат се однесува на иден настан, односно укажува што ќе се случи кога ќе настапи Судниот ден.
Третото толкување ни кажува дека Месечината веќе била расцепена Професорот Артур Арбери го тврди ова и тој веќе како академски граѓанин стекнал одредена репутација помеѓу муслиманите и немуслиманите. На ова негово тврдење укажуваат некои слики кои се забележани и прикажани во Наса и на тие слики може да се забележат огромни расцепи кои подсеќаат на некоја лузна која е од минатото. Секако дека оваа неистражена област во астрономијата треба повеќе внимание и со тоа ќе се открие вистинското потекло на долгите кратери на Месечината.
Извор:
http://apod.nasa.gov/apod/ap021029.html NASA
--- надополнето: 26 февруари 2012 во 01:08 ---
Исламот е крајно сериозна работа. А оној што мисли да се разнесува со бомби има јасни ајети да не се убиваат. Па ако навистина се плашат од Аллах нема да го прават тоа, ама ете и таквите не се имуни на пеколот, посебно ако имале погрешни мотиви. Делото кое не е искрено нема да биде прифатено од Бог, никогаш.
Според куранот, исламот не само што не е сериозна работа, туку е и смешна.
104 поглавје
Во името на Аллах, Семилосниот, Милостивиот,
1. Тешко му на секој клеветник – потсмевач,
2. кој богатството го натрупува и го пребројува,
3. и мисли дека богатството негово бесмртен ќе го
стори!
4. А не чини така! Тој секако ќе биде фрлен во Ху-
таме!
5. А знаеш ли ти што е Хутаме?
6. Огнот Аллахов разгорен,
7. кој до срцата ќе допира.
8. Тој над нив ќе биде затворен,
9. со огнени столбови засводен.
Тешко му на секој клеветник – потсмевач, Со други зборови, оној кој на другите ги омаложува и потценува.