Преводи за филмови: направи сам (туторијал)

Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.372
Поени од реакции
58.112
Гледам дека многумина барате точни преводи за некој филм, затоа што оние преводи кои сте ги нашле не одговараат на филмот: брзаат пред гласот или засостануваат зад него... Но дури и да добиете превод по ПП пак не се знае дали ќе биде оној што го барате.

Средувањето на преводот за DivX (*.avi) филмовите е релативно лесна работа, потребен ви е мал тренинг и потоа ќе можете сами да си ги средувате преводиде за неколку минути, наместо да чекате друг да ви ги испрати. Исто така, ако имате омилен филм за кој нема Македонски превод а сакате а му направите, со малку повеќе труд, може и тоа.

Значи темава е туторијал за програмата Subtitle Workshop, која е најдобра од сите со кои сум работел. Темава служи за оние кои незнаат како да си ги прават преводите. Се што не ви е јасно прашувајте, што можам ќе ви одговорам јас или некои други кои ја знаат програмата. Кога ќе научите како треба, помагајте им и на другите кои имаат прашања и сакаат да научат.

Да почнеме:

- Инсталацијата е наједноставна само притискајте next и ќе завршите за 2-3 минути.

- Во видното поле на програмата Subtitle Workshop се појавуваат следниве елементи:

А) екран на кој се пуштаат филмовите,
Б) текстуално поле за преводот
В) табла за подесување на време/фрејмови и енкодинг
Г) мени

subtitle_workshop.jpg

Првиот пат кога ќе ја отворите програмата не се гледа екранот. Треба да пуштите било кој филм од компјутерот, во менито movie/open, или со притискање на CTRL+P. После ова екранот ќе се отвори и понатаму ќе остане тука.

За да не морате одделно да пуштате превод и филм, дајте им исто име на преводот и филмот и поставете ги во ист фолдер. Потоа, го отворате само преводот, а филмот автоматски се отвора. Преводот го отворате во менито на file/load subtitle или со CTRL+O.

Неколку важни подесувања:


во преводот, времето ќе биде обележано во фрејмови, ако е *.sub фајл, или во час/мин/сек, ako e *.srt фајл. За да можете да манипулирате полесно со преводот, секогаш работете во time, а не во frames (се подесува горе лево)

Во истата колона ќе го подесите енкодингот. Ако преводот кој го средувате е Македонски, одберете Cyrillic, а ако е српски/хрватски латиничен, одберете EastEurope од листата за енкодинг.

levo.JPG

Кога сето ова сте го направиле, ви останува уште да го средите преводот.

- Во поедноставниот случај, преводот тече со истата брзина со која е и филмот, но првата реченица започнува порано или подоцна, од онаа во филмот, по што се јавува константна разлика од + или - секунди/минути. Пуштете го филмот и чекајте да се изговори првата реченица. Штом ќе се случи тоа, паузирајте, и запишете во точно кое време започнува реченицата. Потоа, видете во кое време започнува реченицата во вашиот превод, и пресметајте колку заостанува или подранува. Разликата ќе ја средите на тој начин што ќе притиснете CRTL+D, и ќе го вратите назад, или турнете напред преводот, за онолку колку што е потребно. Ако преводот одговара на вашиот филм и се движи со исто темпо, ова ќе го реши проблемот веднаш.

ctrl d.jpg

Покомплициран случај е кога преводот не одговара на филмот (нема сега да навлегувам во тоа зошто е така), па дури и кога ќе го наместите почетокот, тој пак ќе брза или ќе доцни. Сега, треба да го видите и запишете времето на првата и последната изговорена реченица, па со CTRL+B дирекно да ги запишете овие времиња. Ова би требало да го реши проблемот, иако не е толку успешно како кај првиот проблем, некогаш едноставно преводот не сака... Ако е така, не губете многу време, симнете повеќе преводи од интернет, и пробајте ја постапката со сите, еден од нив би требало да биде успешен.

crtl b.jpg

И тоа е тоа за почеток.

Дополнителни компликации има кога на пример имате превод за серија, од која се извадени или додадени најавни шпици и реклами, па во таков случај има доста работа да се среди. Исто и кога од превод за две цд-а треба да се направи превод за истиот филм на едно цд, и обратно. Но такви компликации засега не ви се потребни.

Преводот, дури и да бил во sub формат , ви препорачувам да го зачувате како srt, со помош на save as и од разните формати што ќе ви излезат на располагање, одберете subrip.

subrip.JPG

Програмата е бесплатна и можете да ја симнете овде. Јас имам некоја постара верзија која ме служи одлично, па ако си најдете таква, во ред. Незнам што има на поновите верзии, и дали се подобри или не.

Толку засега, многу успех!
 

AtoM-AnT

Dexter
Член од
3 септември 2008
Мислења
4.530
Поени од реакции
583
Доколу ви се случи самата програма да не го прифати филмот и сама да се исклучува тогаш проблемот е во Klite codec pack-от,тие што го имаат инсталирано треба да го направат следното:
1. START
2. All Programs
3. Klite codec pack, Configuration, Direct VobSub, General и доле лево кај што пишува Loading нека биде Do Not Load и вашиот проблем е решен.
 
Член од
4 мај 2009
Мислења
132
Поени од реакции
3
Браво за туторијалов! :vozbud:
Инаку мене ме мрзеше да работам преку програмава, па само преведував од англиски превод на македонски преку notepad. :pos2:

Знам дека е глупо така, ама мрза си е мрза. Како и да е, летово ќе правам неколку преку Воркшопов.
 

AtoM-AnT

Dexter
Член од
3 септември 2008
Мислења
4.530
Поени од реакции
583
Браво за туторијалов! :vozbud:
Инаку мене ме мрзеше да работам преку програмава, па само преведував од англиски превод на македонски преку notepad. :pos2:

Знам дека е глупо така, ама мрза си е мрза. Како и да е, летово ќе правам неколку преку Воркшопов.
Прочитај го добро првиот пост,прави ги преводите исклучиво во SUB RIP и секој ќе може да го вметне во филмот.
 

Тимче

HULK!
Член од
4 јули 2008
Мислења
4.537
Поени од реакции
238
Дали може некако да ми кажете ако имам превод а е на латинично писмо како да го направам и преку која програма да е на кирилица или обратно? фала многу!:back:
 

AtoM-AnT

Dexter
Член од
3 септември 2008
Мислења
4.530
Поени од реакции
583
Дали може некако да ми кажете ако имам превод а е на латинично писмо како да го направам и преку која програма да е на кирилица или обратно? фала многу!:back:
Ако работиш со BS PLAYER тогаш ќе кликнеш на десниот клик од маусот,подоле кај што пишува SUBTITLES кликни па продолжуваш вака:
1. SUBTITLES
2. PRIMARY
3. SUBTITLES PROPERTIES
4. FONT
На FONT кликни и ќе ти се појави едно прозорче,доле кај што пиша SCRIPT кликни десно на стрелката и избери за кириличен превод CYRILIC а за латиничен превод бираш CENTRAL EUROPEAN.
Дали ти е сега јасно? :raz:
 

Тимче

HULK!
Член од
4 јули 2008
Мислења
4.537
Поени од реакции
238
Ако работиш со BS PLAYER тогаш ќе кликнеш на десниот клик од маусот,подоле кај што пишува SUBTITLES кликни па продолжуваш вака:
1. SUBTITLES
2. PRIMARY
3. SUBTITLES PROPERTIES
4. FONT
На FONT кликни и ќе ти се појави едно прозорче,доле кај што пиша SCRIPT кликни десно на стрелката и избери за кириличен превод CYRILIC а за латиничен превод бираш CENTRAL EUROPEAN.
Дали ти е сега јасно? :raz:
Направих така ама не излева кирилично писмо сепак фала ке пробам пак да се снајдам некако:back:
 

Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.372
Поени од реакции
58.112
Ако работиш со BS PLAYER тогаш ќе кликнеш на десниот клик од маусот,подоле кај што пишува SUBTITLES кликни па продолжуваш вака:
1. SUBTITLES
2. PRIMARY
3. SUBTITLES PROPERTIES
4. FONT
На FONT кликни и ќе ти се појави едно прозорче,доле кај што пиша SCRIPT кликни десно на стрелката и избери за кириличен превод CYRILIC а за латиничен превод бираш CENTRAL EUROPEAN.
Дали ти е сега јасно? :raz:
Не, јас ако рабрав тој друго прашува, сака направен фонт во кирилица да го направи да биде во латиница, или обратно.

Тоа не може, значи ти треба некој кириличен конвентор ама и тој нема да ти заврши голема работа за да конвертираш текст. Во преводите можеш да си наместиш central european или east europe, за латиничниот превод да излезе правилно, или cyrilic, за кириличниот да излезе правилно. Исто така овие опции треба да ги подесиш ако пишуваш нов превод, од почеток.

Не можеш веќе направен превод на латиница да го конвертираш да биде кирилица.
 

_The Great_

Il Genio
Член од
18 јуни 2008
Мислења
5.955
Поени од реакции
3.318
Одлична работа заврши IoSono. Мене лично ми заврши работа туторијалов и програмата, цел живот се мачев да најдам превод за Lock Stock and Two Smoking Barrels :)
 
Член од
30 јуни 2009
Мислења
4
Поени од реакции
0
Дали може некој да ми каже како со Subtitle Workshop или некој друг програм, можам да направам Македонски превод, за филмови кои имаат превод на друг јазик, а тоа да не е со куцање збор по збор?
 

statusQuO

Модератор
Член од
18 јуни 2008
Мислења
13.038
Поени од реакции
7.615
Дали може некој да ми каже како со Subtitle Workshop или некој друг програм, можам да направам Македонски превод, за филмови кои имаат превод на друг јазик, а тоа да не е со куцање збор по збор?
нз, ама јас кога би правел превод, би го зел оригиналниот англискиот превод и би го..хмм..превел :) тајмингот ке биде совршен, само уште да те бива да преведуваш :) и тоа ке си го едитувам со тескт документ :)
 

Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.372
Поени од реакции
58.112
Незнам зошто би го правел со текст документ? Да не се заградите и бројките и така и така, ама сметаат доста. Во програмава е многу лесно, си имаш едитор, ја селектираш онаа линија која сакаш да ја преведеш и пишуваш дирекно врз анлискиот превод да речеме.

Ама настрана визуелноста, најдобро од се е што го слушаш и гледаш она што го преведуваш. Ако го преведуваш од Нотепад на пример од српски превод, лесно ќе се случува следново: тој што преведувал од англиски малку го изменил преводот на српски, ти од српски малку ке го измениш на македонски и на крај она што е преведено нема врска со она што се зборува. Имам гледано преводи во кои машкото е “таа“ а женската е “тој“ во многу случаи, баш заради тоа што го преведувале “на слепо“, т.е. од нотепад/вордпад.

Како и да е, мора да се пишува од збор до збор. Можеби за некое време ќе го направат google translate да преведува македонски па тогаш ќе можеме нешто со copy/paste и корекции на лошо преведените делови, до тогаш, има доста работа за да се направи превод на македонски.
 

statusQuO

Модератор
Член од
18 јуни 2008
Мислења
13.038
Поени од реакции
7.615
Ама настрана визуелноста, најдобро од се е што го слушаш и гледаш она што го преведуваш. Ако го преведуваш од Нотепад на пример од српски превод, лесно ќе се случува следново: тој што преведувал од англиски малку го изменил преводот на српски, ти од српски малку ке го измениш на македонски и на крај она што е преведено нема врска со она што се зборува. Имам гледано преводи во кои машкото е “таа“ а женската е “тој“ во многу случаи, баш заради тоа што го преведувале “на слепо“, т.е. од нотепад/вордпад.
Како што реков...ке го земам оригиналниот англиски сабатајтл (не преведен, оригиналот, англиски сабтајтл од англиски филм) и така ке иам одличен превод :)
 

SANCTIMONIOUS

Мејд Ин Мацедониа
Член од
21 март 2006
Мислења
1.302
Поени од реакции
9
Ја инсталирав најновата верзија и кога ја вклучувам ми го нема менито Б (на сликата)
знае некој како да го најдам?
 

Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.372
Поени од реакции
58.112
Не сум ја инсталирал новата, ама колку што гледам бета-верзии се новите така да може да очекуваш проблеми. Пробај да вчиташ превод па може ќе се појави.

Најсигурно ти е да ја инсталираш 2.51 верзијата, еве ти линк . Таа работи скоро без мана.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom