Прв приватен универзитет - Европски универзитет

Член од
1 октомври 2011
Мислења
828
Поени од реакции
785
27 јан 2012, ова била првичната ранг листа, после тоа нели се чекаше доста време (додека изместија се) за да се појави во јавност. Иначе скок од 10 места за 20 дена е невозможно
Бојо ALMIGHTY.Жити се задржи ги коментарите.
 
Член од
14 јануари 2008
Мислења
1.341
Поени од реакции
162
Ја читам темава некое време и сега се одлучив да пишам.

Јас дипломирав на Европски. Не сум дете на богати родители, ниту пак сум мамин и татин син.
Пред извесно време поднесов молба за работа во неколку компании. Во две бев повикан. На едно од многуте прашања кои беа поставени во интервјуто (во усниот дел) ми беше поставено и каде сум завршил. Одговорив дека тоа е Европски- правен факултет. Една од тие кои беа во комисијата се насмеа иронично и ми рече следново. Сакам да видам дали ќе ги поминеш писмените тестови. Отидов на писмено за место за кое конкурирав против кандидати ми беа неколку студенти од државен и од битолскиот мислам беше една девојка. Јас на тие тестови извадив максимум поени, а подоцна добив инфромација дека и на усниот дел сум бил доста добар. Истата која ми проговори за писмениот дел пред сите ми се извини што ме потценила и мислела дека на приватен се сите мамини и татини синчиња. Сами процените дали секој е на приватен таков, сами донесете заклучок дали е во ред да се генерализира.
Конкретно до Блонди имам прашање. Сама кажа дека си професор. Ме интересира дали знаеш дека првиот циклус на студии трае три години, а дека постдипломските студии (магистратура) трае две. Кажи ми некој кој успеал во период помалку од 5 години да ги заврши двата циклуси на студии. Јас таков/таква не познавам.
Во твојот пост потенцираше дека не веруваш дена некој може од приватен да има висока позиција, епа драга Блонди еве ти неколку примери.
Бившата девојка моја заврши на приватен економија, сега работи како советник во позната шпедитерска фирма.
Мој другар заврши на приватен економија. Во еден телекомуникациски оператор е еден од топ 5 менаџери.
Дали треба повеќе примери? дали уште ќе генерализираме и ќе се делиме на приватен и државен или како млади луѓе ќе допринесуваме согласно нашите стекнати знаења во подобрување на состојбите во државата.

Униформата и краватата не го прават човекот. Човекот го прави она што како знаење го акумулирал во текот на студирањето да може да го пренесе во областа во која завршил и да подобри нешто.
Дипломата денеска секоја може да ја стекне, но на пазарот на трудот ќе се покаже кој е татино и мамино синче, кој учел со врски, кој на приватен а кој на државен, кој какво знаење поседува.
Не знам дали сфаќаш каква негативна реклама му даде на твојот факултет со овој коментар.
 
Член од
25 септември 2011
Мислења
6.448
Поени од реакции
18.283
Не знам дали сфаќаш каква негативна реклама му даде на твојот факултет со овој коментар.
Не е мој факултетот, јас само завршив таму. Тоа што се случува е потценување, има многу случаи каде оние кои завршиле на приватен (било кој) се потценети од многу работодавци, па подоцна истите работодавци го менуваат ставот и се извинуваат.
--- надополнето: 16 февруари 2012 во 22:02 ---
И што значи оваа листа сега? Дека тој што има диплома на Шумарски дефакто е иднината на оваа земја... Не сакам да потценам никого но во општество со испревртени вредности како нашето, тешко дека ќе ме убеди некој дека постои квалитетно образование а најмалку на УКИМ и на приватните.
Реално гледано оваа листа го отсликува нивото на образование во државата но надвор од неа како што добро разбрав ниту еден универзитет не котира многу добро. Е сега не ми е јасно, се надевам ќе објасни некој, дали Шангајската листа се базира на Болоњската декларација и ЕКТС или тестира по некои други критериуми.
 
Член од
14 јануари 2008
Мислења
1.341
Поени од реакции
162
Не е мој факултетот, јас само завршив таму. Тоа што се случува е потценување, има многу случаи каде оние кои завршиле на приватен (било кој) се потценети од многу работодавци, па подоцна истите работодавци го менуваат ставот и се извинуваат.
Тоа мислев, факултетот на кој си завршил.

Се е тоа ок, не викам ја дека некој заслужил или не заслужил да бидат потценет, ама тоа мислење на работодавците не е тек така створено, веројатно постои причина зашто ти рекле така.
Друго, која е логиката да плаќам поскапо, а работодавците да ме гледаат пониско?

DBack има добар коментар во врска со рангирањето на универзитетите.
Шангајско Рангирање - УКИМ прв?
 
Член од
25 септември 2011
Мислења
6.448
Поени од реакции
18.283
Тоа мислев, факултетот на кој си завршил.

Се е тоа ок, не викам ја дека некој заслужил или не заслужил да бидат потценет, ама тоа мислење на работодавците не е тек така створено, веројатно постои причина зашто ти рекле така.
Друго, која е логиката да плаќам поскапо, а работодавците да ме гледаат пониско?
Самите работодавци имаат погрешно мислење за оние кои завршуваат на приватните. Во оној миг кога ги тестираат го менуваат мислењето за истите. Кај нас работите функционираат на рекла-казала и на чаршиски муабети, не ме ни чуди што имаат такво мислење. Истото мислење преовладува за новите факултети низ државата, повеќето мислат ај бе си завршил во некој факс во некое село и ја можам така, ама не е тоа оправдано и фер. Јас пред за се запишам на факс, од муабетите кои ги слушав поверував дека одам на место каде што студираат деца на богати и татини синчиња, после се покажа дека не е баш така, во моја група имаше деца од просечни семејства. Предрасудите се лоша работа. Затоа го потенцирав пазарот на трудот. Тука се гледа кој каде учел и какво знаење стекнал.
 
Член од
4 мај 2011
Мислења
1.285
Поени од реакции
563
Тежината е иста само вас професорите ви се искомплекирани.
некои од професорите (не знам колку) се истите од државните (или биле на државните) ... лично го видов ова ... така да ова не држи вода ...
--- надополнето: 17 февруари 2012 во 15:09 ---
И многу повеќе од тоа има што плаќаат.После 4ти пат полагање на исти предмет се плаќа казна од 200 евра па 400 па 600 евра од предмет.И да,професорот не го пушта со празен лист.Ем факултетот се полни со пари ем студентот барем за 6ка ќе научи нешто,за разлика од кај вас што ако кај некој фатиш врски само со пари можеш да поминеш.
--- надополнето: 16 февруари 2012 во 20:52 ---
значи родителите имаат толку пари за синот (или ќерката) да ужива на факс (не да учи) ... инаку гледајте од друга страна на ова ... ако некој плаќа 2000 еур за студирање, ако професорите го паднат на испит, тогаш студентот може да се испише, со што универзитетот губи пари ... значи мора да положи
 
Член од
1 октомври 2011
Мислења
828
Поени од реакции
785
некои од професорите (не знам колку) се истите од државните (или биле на државните) ... лично го видов ова ... така да ова не држи вода ...
--- надополнето: 17 февруари 2012 во 15:09 ---

значи родителите имаат толку пари за синот (или ќерката) да ужива на факс (не да учи) ... инаку гледајте од друга страна на ова ... ако некој плаќа 2000 еур за студирање, ако професорите го паднат на испит, тогаш студентот може да се испише, со што универзитетот губи пари ... значи мора да положи
Да се отпишиш од факултетов е 700 евра казна.Па сеа ти види дали ќе се отпишиш или ќе седнеш да учиш.Сите услови на факултетов те водат на тоа да седнеш и да учиш.Така да не филозофирајте мн.И да,појќето професори што биле на државен сега се кај нас,но запази професори кои не биле корумпирани и не се искомплексирани.Све друго е на државниот факултет.
 
C

cige

Гостин
Ај ако сака некој од постариве нека пише кој месец ги сликаат апсолвентите за на табло, за да знам косава кога да ја сечам ;)
 
Член од
6 октомври 2008
Мислења
1.884
Поени од реакции
2.088
Ај ако сака некој од постариве нека пише кој месец ги сликаат апсолвентите за на табло, за да знам косава кога да ја сечам ;)
Од прилика март или април и јас ќе треба да се стрижам. :D
 
Член од
6 октомври 2008
Мислења
1.884
Поени од реакции
2.088
Кога ќе ги даваат сликите што се сликавме за на табло? :)
 
Член од
1 октомври 2011
Мислења
828
Поени од реакции
785
Може некој да ми објасни како варираат тука цените :D
Во врска со што поточно?
2000 евра ти е година.Мора да бидат уплатени до 15 јули за секоја година.Ова ти е за додипломски.Постдипломски може и на рати.Година ти е 1500 евра доколку додипломски си ги завршила на Европски.За книги,картички бла бла се плаќа 8850 до 15 септември.Ако си прва година треба и за униформа не ми текнуват колку беше.Еднаш во семестарот се оди на семинар во Бугарија или Турција.Ако не одиш се плаќа 50 евра како казна,односно 50 евра плаќаш за да направиш проек.То е то во кратки црти.Се надевам на ова мислеше :)
 
Член од
5 април 2009
Мислења
874
Поени од реакции
75

tnX a lot :D
 
Член од
25 февруари 2011
Мислења
336
Поени од реакции
88
Luge, ne vredi da se karate okolu toa dali na privaten ili drzaven e podobro. Sekoj si ima razlicno iskustvo i dobro i loso i od dvata vida na univerziteti. Spored mene kaj i da odite treba da se potrudite da go zavrsite fakultetot, pa posle so malku sreka i sfakanje na rabotite da probate da najdete rabota. Ima mnogu slucai sto i so privaten/ drzaven se so rabota, no i takvi bez rabota. Se zavisi od vas i kolku ste pametni da go iskoristite toa sto ste go naucile na najdobar mozen nacin.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom