Прв приватен универзитет - Европски универзитет

Член од
2 април 2006
Мислења
14.363
Поени од реакции
3.069
И многу повеќе од тоа има што плаќаат.После 4ти пат полагање на исти предмет се плаќа казна од 200 евра па 400 па 600 евра од предмет.И да,професорот не го пушта со празен лист.Ем факултетот се полни со пари ем студентот барем за 6ка ќе научи нешто,за разлика од кај вас што ако кај некој фатиш врски само со пари можеш да поминеш.
--- надополнето: 16 февруари 2012 во 20:52 ---

А до сега дури коментираше знаеше како е на приватен така?Поззз немам намера да се објаснувам
Па знам, јас си кажав што имам без да вртам постови и си стојам на својот став. Ако ти имаш некаков став, кажи си го или поинтересно е со детскиве финти "немам намера да се објаснувам":

Тогаш не ни пишувај дечко, никој не те тера.
 
Член од
5 август 2007
Мислења
3.587
Поени од реакции
2.616
Е добро де другари, поентата беше ако сте исто сериозни за учење како и државниве фаци, зашто тогаш "спичкувате" по 2000 евра годишно од парите на родителите?

И не ми викајте "боље професори бла бла", се знае причината - не џабе ја пишав последната реченица во мојот пост, ама кој да ја прочита...глеј за што се фативте, а сам признав дека има исклучоци и кај едните и кај другите.
Еве јас ќе ти одговорам. Конкретно се запишав на ЕУРМ заради насоката Банкарски Менаџмент, која до моентот кога се запишав, ја немаше ниту еден друг факултет во Македонија. Имаше само 2 генерации пред мене запишано, и мислев дека како трета генерација што ќе излези со оваа насока, ќе имам големи шанси за вработување во банка. Го сметав едноставно како инвестиција.
И сега?
 
Член од
28 јули 2008
Мислења
10.785
Поени од реакции
3.522
Па знам, јас си кажав што имам без да вртам постови и си стојам на својот став. Ако ти имаш некаков став, кажи си го или поинтересно е со детскиве финти "немам намера да се објаснувам":

Тогаш не ни пишувај дечко, никој не те тера.
Не ми одговори за економски и во врска со општествените науки ајде тогаш ќе отворам посебно специјална тема па таму да го продолжиме разговорот. Ме интересира што ќе ми кажеш за дипломата на економски (на уким) и за интелектите таму.
 
Член од
2 април 2006
Мислења
14.363
Поени од реакции
3.069
Еве јас ќе ти одговорам. Конкретно се запишав на ЕУРМ заради насоката Банкарски Менаџмент, која до моентот кога се запишав, ја немаше ниту еден друг факултет во Македонија. Имаше само 2 генерации пред мене запишано, и мислев дека како трета генерација што ќе излези со оваа насока, ќе имам големи шанси за вработување во банка. Го сметав едноставно како инвестиција.
И сега?
Си требал да видиш кои ги вработуваат во банка (економисти според дипломи, а не насоки), па да размислиш дали како прво ти се исплати вишак пари да фрлаш за тоа, а како второ дали ќе те ценат од ЕУРМ и воопшто како смер од банките. Ако си бил 3та генерација, значи првите две уште немале завршено и не се имале вработено, па да знаеш нешто конкретно.
И сега? :)
 
Член од
1 октомври 2011
Мислења
828
Поени од реакции
785

Да не сакаш да те земиме за менаџер да ни кажуваш што да правиме?
 
Член од
5 август 2007
Мислења
3.587
Поени од реакции
2.616
Си требал да видиш кои ги вработуваат во банка (економисти според дипломи, а не насоки), па да размислиш дали како прво ти се исплати вишак пари да фрлаш за тоа, а како второ дали ќе те ценат од ЕУРМ и воопшто како смер од банките. Ако си бил 3та генерација, значи првите две уште немале завршено и не се имале вработено, па да знаеш нешто конкретно.
И сега? :)
А бе јас што сум требал е друга работа, јас што направив прајме муабет, ти текнува?
Дали било економски исплатливо, дали сум направил грешка во смисла на инвестицијата е друг муабет. Ти праша, зошто би фрлил некој толку пари, јас ти одговорив.
 
Член од
2 април 2006
Мислења
14.363
Поени од реакции
3.069
Не ми одговори за економски и во врска со општествените науки ајде тогаш ќе отворам посебно специјална тема па таму да го продолжиме разговорот. Ме интересира што ќе ми кажеш за дипломата на економски (на уким) и за интелектите таму.
Ти реков дека тоа е ван тема, нормално е дека економисти има многу и треба да се истакнеш на некој начин. На пример јас пробувам со фузија на две вештини, економија и интернет, како и магистрирање. Значи, во право си за тој муабет, јас исто се согласувам, со дипломата не си ништо бидејќи каде и да се вработиш пак ќе треба да учиш од почеток се за работата и на лице место.

Но ти викам, не е тоа темата.
--- надополнето: 16 февруари 2012 во 21:06 ---
А бе јас што сум требал е друга работа, јас што направив прајме муабет, ти текнува?
Дали било економски исплатливо, дали сум направил грешка во смисла на инвестицијата е друг муабет. Ти праша, зошто би фрлил некој толку пари, јас ти одговорив.
Па јас на еден начин ти кажувам дека тој твој одговор не ми е издржан некако, пак ми иде на она наивното...
 
VLJ

Член од
14 ноември 2011
Мислења
2.277
Поени од реакции
4.314
Иста диплома ама не и исти услови.Тешкотијата е иста.Размисли ги бенефициите што ги имаме ние на приватен,тргни настрана учењето и тогаш врати,а не само коментари безвеза да пишите.
Од ова само се согласувам дека условите не се исти. На државен бирократијата, студентски прашања, однос на професори, се' е отидено упм и никој не те третира како човек, туку како животно. За разлика од тоа на приватен, аналогно на тоа што фрлаш 2000 евра годишно, те третираат како крал и никој не смее да ти фрла индекси во фаца на студентски.
Од друга страна, за тоа дека тешкотијата е иста утре сабајле. Барем ако под тешкотија подразбираш материјал за учење. Не велам дека на приватен никој не учи или дека сите се прости, туку дека имаат помалку за учење и со тоа нормално, учат помалку. Зборувам конкретно за смерот по Англиски Јазик (и книжевност?!).
 
Член од
1 октомври 2011
Мислења
828
Поени од реакции
785
Зне

Тешкото се гледа во материјалот што треба да се совлада.Горе долу сите учебници се исти.Скопје на државен по менаџмент му бара безброј набројувања кои не требаат а нас ни го бара суштинското,и што,сеа треба да речам да,вас ви е потешко?Тој дури се мачи да ги учи тие набројувања јас суштината ќе ја научам ко песна.Значи времето потрошено во учење е исто.Тежината е иста само вас професорите ви се искомплекирани.Тежината на материјалот е иста.На тоа тешко мислам.А тоа што професорите вас ви ја прават работата потешка тоа е ваше.Само според тоа не можеме да речеме дека вас ви е потешко.
 
Како може времето потрошено на учење да е исто кога некој има помалку материјал за учење? Професорите што се искомплексирани (не дека нема исклучоци де) е едно, а тежината на материјалот е друго. Како што реков горе, за другите смерови можам само да претпоставувам, ама зборувам за смерот по англиски. Знам убаво колку имаат тие за учење пример, Морфологија 1, колку имам јас. А за книгите дека се исти, не се.
И пак ќе кажам, не велам дека студирањето на приватен е лесно и дека и да не допреш книга ќе положиш (како што некои мислат). Ама не е тешко колку на државен, тоа е факт. Убаво горе некој праша дали постојат случаи кога некој од приватен се префрлил на државен.
 
deXterche

тадаммм
Член од
12 февруари 2006
Мислења
4.920
Поени од реакции
942
На Сител кажаа ЕУРМ бил 4-ти во рангирање во МК по некоја си таму ранг листа. Ама испадна дека не е така

Заставник Бојо само мачка очи, реалноста е друга. Знаев дека е паднат универзитетов многу, ама ова е дебакл.
 
Член од
25 септември 2011
Мислења
6.448
Поени од реакции
18.283
Ја читам темава некое време и сега се одлучив да пишам.

Јас дипломирав на Европски. Не сум дете на богати родители, ниту пак сум мамин и татин син.
Пред извесно време поднесов молба за работа во неколку компании. Во две бев повикан. На едно од многуте прашања кои беа поставени во интервјуто (во усниот дел) ми беше поставено и каде сум завршил. Одговорив дека тоа е Европски- правен факултет. Една од тие кои беа во комисијата се насмеа иронично и ми рече следново. Сакам да видам дали ќе ги поминеш писмените тестови. Отидов на писмено за место за кое конкурирав против кандидати ми беа неколку студенти од државен и од битолскиот мислам беше една девојка. Јас на тие тестови извадив максимум поени, а подоцна добив инфромација дека и на усниот дел сум бил доста добар. Истата која ми проговори за писмениот дел пред сите ми се извини што ме потценила и мислела дека на приватен се сите мамини и татини синчиња. Сами процените дали секој е на приватен таков, сами донесете заклучок дали е во ред да се генерализира.
Конкретно до Блонди имам прашање. Сама кажа дека си професор. Ме интересира дали знаеш дека првиот циклус на студии трае три години, а дека постдипломските студии (магистратура) трае две. Кажи ми некој кој успеал во период помалку од 5 години да ги заврши двата циклуси на студии. Јас таков/таква не познавам.
Во твојот пост потенцираше дека не веруваш дена некој може од приватен да има висока позиција, епа драга Блонди еве ти неколку примери.
Бившата девојка моја заврши на приватен економија, сега работи како советник во позната шпедитерска фирма.
Мој другар заврши на приватен економија. Во еден телекомуникациски оператор е еден од топ 5 менаџери.
Дали треба повеќе примери? дали уште ќе генерализираме и ќе се делиме на приватен и државен или како млади луѓе ќе допринесуваме согласно нашите стекнати знаења во подобрување на состојбите во државата.

Униформата и краватата не го прават човекот. Човекот го прави она што како знаење го акумулирал во текот на студирањето да може да го пренесе во областа во која завршил и да подобри нешто.
Дипломата денеска секоја може да ја стекне, но на пазарот на трудот ќе се покаже кој е татино и мамино синче, кој учел со врски, кој на приватен а кој на државен, кој какво знаење поседува.
 
Член од
1 октомври 2011
Мислења
828
Поени од реакции
785
На Сител кажаа ЕУРМ бил 4-ти во рангирање во МК по некоја си таму ранг листа. Ама испадна дека не е така

Заставник Бојо само мачка очи, реалноста е друга. Знаев дека е паднат универзитетов многу, ама ова е дебакл.
Прво видија датата после коментирај :)
 
deXterche

тадаммм
Член од
12 февруари 2006
Мислења
4.920
Поени од реакции
942
Прво видија датата после коментирај :)
27 јан 2012, ова била првичната ранг листа, после тоа нели се чекаше доста време (додека изместија се) за да се појави во јавност. Иначе скок од 10 места за 20 дена е невозможно
 
Член од
28 јули 2008
Мислења
10.785
Поени од реакции
3.522
И што значи оваа листа сега? Дека тој што има диплома на Шумарски дефакто е иднината на оваа земја... Не сакам да потценам никого но во општество со испревртени вредности како нашето, тешко дека ќе ме убеди некој дека постои квалитетно образование а најмалку на УКИМ и на приватните.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom