Првиот ден во средно

Have an ice day

Get Free
Член од
26 јануари 2014
Мислења
544
Поени од реакции
1.021
ахх тоа средно :D , прекрасно чувство, кога дојдов во средно никого не познавав ама баш никого ниту на лик,знам немаше празно место(уствари имаше ама си чуваа за свои пријатели и не ми дадоа да седнам) ,и така после ме седнаа со 2 фаци кои ми личеа како полу-наркомани на делба на столче, како што кажаа и другите така и јас бев убеден да се преместам во друг клас кај што имав пријатели од основно, ама постепено се прилагодив и стекнав ептен добри пријателства,и така поминаа 4те години со ептен смеа, седев последна клупа ама баш секогаш,рај човеку рај, факсот е обврска -средно е РАЈ, барем јас така го доживувам.
 

Рудници и

ООЗТ Рудници и железарница - Скопје
Член од
9 декември 2009
Мислења
12.154
Поени од реакции
18.178
Сите нови лица, а бевме 40 души (од кои 24-5 жени - галама guaranteed од влез) појма немам шо и како, поголем дек веќе беа влезени па седиш кај шо е слободно.Прв муабет со тој до тебе, тие пред тебе и зад тебе као све супер, а во позадина одат WTF мисли? Комбинација карактери ко да решавал крстозбор некој слеп.Ама тука беше интересното :свиркам:
 

The_Red1

значи фактички
Член од
18 септември 2009
Мислења
4.209
Поени од реакции
4.756
Лонг лонг тајм аго.
Имав чест првиот ден да одам со четири конци и завој во пределот на слепоочницата, јбг хирушки зафат. Одма после првиот “час“ едно девојче ме праша како сум успеал таму да се удрам. Мртов сериозен и реков дека сум имал вишок мозок па морале да ме оперираат. Ме погледна чудно, се заврти и си замина. Денес ми е една од најдобрите другарки.
 

TheMessenger

Кодош
Член од
18 февруари 2012
Мислења
371
Поени од реакции
473
Од првиот ден па до полугодие бев(ме) Германец(ци), додека не го научив(ме) распоредот и лутав(ме) по училници. Инаку за запознавањето немав проблем. Сите беа кој од кој, и машки и женски :ROFLMAO:.
 

Crazy in Love

Here's looking at you kid.
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.859
Поени од реакции
25.413
Јас сум една од ретките на кои воопшто не и недостасува средно. Никогаш не го доживеав како што повеќето го доживуваат, само 4та ја признавам. :) Мој најубав период секогаш бил и ќе биде периодот на факултет.

Првиот ден во средно бев изгубена, збунета, не знаев каде се наоѓам. Со најдобрата другарка требаше во ист клас да бидеме и кога ги читаа, нејзе ја прочитаа во класот пред мене и мене ме фати паника. Тогаш бев премногу срамежлива, тешко ми одеше запознавањето (не дека сега не сум срамежлива, ама знам да се снајдам на социјални настани и во друштво на поголема група на луѓе за разлика од тогаш) и кога ме прочитаа, никој не знаев од класот. Си стоев на страна додека сите се запознаваа, отидовме во училна и уста не отворив и првиот ден мислам дека со никој не се запознав, одвај чекав да си одам дома. Ужас.

Генерално друштвото (особено од трета натаму) ми беше од друго школо. Никогаш скрос не успеав да се вклопам, ниту во класот, ниту во цело школо.

Додуша, рака на срце, откога почнав да пушам цигари, пола генерација ја запознав на пауза за цигара измеѓу часови во вецињата коа се криевме од Гордана француски.:icon_mrgr: А и веќе во трета година, почна трансформацијата кај мене од срамежливата што ќути и носи широки панталони и дуксери во школо, до плавата тинејџерка која го напушти широкото облекување и стана онака girly girl и почна да ми се проширува кругот на познаници. :icon_mrgr:
 

Del Boy

You plonker!
Член од
28 септември 2012
Мислења
12.317
Поени од реакции
38.301
Првиот ден не го памтам доволно , али сега некој од вас да отиде во моето средно школо , да флезе у канцеларија , и да го извика на цел глас моето име и презиме ... ќе ви раскажуват приказни какви што ни Џоана Роулинг неможе да смисли. :pos::pos::pos:
 
Член од
14 декември 2013
Мислења
4.157
Поени од реакции
10.994
Лош брк(мајка ми не ми даваше да се избричам,мал сум бил),срамежливост,познавање на само 4 од 30 е рецепт за прилично лош ден,но се спријателив со повеќето уште првиот час.:гик:
 
Член од
22 јуни 2014
Мислења
70
Поени од реакции
46
првиот ден кога отигов у средно не распоредија по класеви и ја паднав у клас кај шо паднаа околу 20 деца шо у основно учеле у исто одделение и тиа ден беа шокирани у п. м. се испокараа дечињата оти паднале у ист клас.Вака неш беше-„ИИИИИИИИИИ па види ги виа со нас се пак паднати...леле не можам 4 години фаците да му ги глеам“„Па како можеме у ист клас да падниме со виа никаквите “-Тоа беше така само првиот ден.Е, после тоа дечињата нешто изиграваа вака-„Нии професорке сме најсложниот клас оти сите се знаиме“.И така некако се стабилизираа ,дади Господ :pos:.
 

marinium

Even Cops Dial 911 -S.W.A.T !
Член од
5 мај 2013
Мислења
994
Поени од реакции
506
леле оваа година не сме у иста училница.. :S иначе и ја да ви кажам еве за лани :D
отидов порано и целиот изгубен незнам што да праам -го чекам тој другарот да дојде се успал :S . Бев седнат на една клупа во главниот хол доле блиску до главната врата . И по некое време доаѓа едно дете и стои до клупата едно 5 минути и само вика - слободно ? ја секако се помрднав да седне и коа разврзавме муабет да сме ти биле у исти клас :pos: и така диме ми беше првото од децава што го запознав :D после више почна џганот дојде другаров(тој беше у др клас:unsure:) Влегов одма во училницата и беа машките собрани и им влегов со сите се поздравив ... дојде и класната со неа муабет ...па дојде и директирот дрдљаше нешто за кодес модекс:notworthy: Сите бевме изгубени . Малку деца се знае одорано у класов . Неам ни едно дете што го знаев т.е што се дружев од основно што ми беше другар/ка. имаше уште 3 од драчево со нив се знаев на едно здраво онака ....али мн беше заебано првиот ден многу :P после почнавме да се упознаваме полека полека и сеа у пм сме хаха :D
 
Член од
3 август 2012
Мислења
431
Поени од реакции
1.012
Ми се заглави вратата од собата, не можев да излезам и на време да стигнам. :facepalm: Никој не познавав, хаос ми беше, апсолутно бев во нова средина и во самото училиште, и во самиот град, и се.. Ама па затоа си имав една школска со која си ја заредивме ептен, и она ми остана како едно убаво сеќавање од деновите од средно, баш онака, никогаш не се скаравме за глупости, ниту бевме кујзнае колку блиски, а секогаш знаевме да си се намуабетиме, си бевме тука една за друга. Е јебеш га, после средно патиштата ни се разделија,одамна ја неам видено ама знам дека и да ја видам драго ќе ми биде на срце. Е тоа останува од средно. Иначе памтам она на првиот ден од средно беше црнокоса, после тоа плавуша стана.. :D
 

Kajgana Shop

На врв Bottom