Беше тоа во далечното лето 2003
Кога јас за првпат со другарки, сама, заминав на неколку дена во моето село. Шест девојчиња, пуштено на слобода, во едно прекрасно планинско село без многу жители.... РАЈ!
И така еден ден додека играв оксан спроти мене седна еден дечко, му го слушнав гласот и нешто затрепере во мене, некако не сакав да ја кренам главата и да го видам. Но морав да го направам тоа затоа што ми пружи рака да се запознаеме, полека ја кренав главата, нашите погледи се сретнаа, ги видов тие зелени мали очи и мислам дека веднаш се заљубив:wub:
Останав во селото 5 дена и тие 5 дена не се разделивме, шетавме низ селото заедно, постојано наоѓавме некои оправдувања за да останеме заедно, сами, за да ги водиме оние километарски разговори и да уживаме во меѓусебното присуство. ахх беше тоа толку прекрасно, чисто, невино... Толку беше јасно дека чувствата се обострани а сепак не се случи ништо меѓу нас (уште мала бев
)
Таа љубов продолжи да трае. Бевме од различни градови, се гледавме само 4 пати годишно, кога ќе се сретневме во село за некој празник, но никогаш тоа не ми беше пречка да го сакам. И така го сакав 4 години, имаше некои прекини, некои несогласувања, некои разминувања (од типот една година јас те сакам тебе, наредната ти мене, ама никогаш во исто време). Четвртата година конечно бидна нешто меѓу нас, но тогаш сфатив дека она што било веќе изгаснало во мене, дека веќе го нема оганот... дека го сакам неговото друштво, мил ми е но дека љубовта повеќе ја нема
Сепак никогаш нема да си ја заборавам мојата прва љубов- беше единствена, прекрасна, уникатна...