Lester Freamon
A man of focus, commitment, sheer will...
- Член од
- 14 јануари 2015
- Мислења
- 16.238
- Поени од реакции
- 36.511
Период околу 2000-та, Декември, камен ладно, одиме сабајле на училиште, некој до камења сјебал 4 прозорци во училницата.
Го викаме хаусмајсторот, пијан ќор уште во 8 сабајле, вели нема прозорци за замена, и зема најлонски вреќи од три петнаесет (15:15:15) вештачко ѓубре и ги кова наместо прозорци. Фучи промаја колку сакаш, поминуваат две недели, абер нема за нови прозорци, по логиката од мамичката поназад, изгледа требаше да го почнеме зимскиот распуст порано.
Друга случка со бравата, пак во истиот период, се заеба и не се затвораше. Ходниците излегуваа од внатрешната страна кон надвор, а пола прозорци беа партал. Промаја, упм, пак никој не ја поправа, и учителката смислува генијално решение — машките од класот (пилиштари до 4-то) ќе се менуваат и ќе ја држат кваката за да не се отвори вратата. Така теравме месец дена, на крај дојде заебаниот и закова шајка на вратата, па ја затворавме од внатре со „жапка" небаре затвораме полски кенеф.
Ако ги третираат вака денешниве снегулки, ќе ечи цела држава. Тогаш ако зуцневме, директорот знаеше и превентивно да не опали (сендвич, тост или реденка — си бираш метод на тепање). Ебате грдата комуњара неспособна, глумеше дека е битен фактор. Еден пијан, друг силеџија, третиот не се ни појавуваше на часови оти имал приватна работа. По ликовно и физичко не праќаа во Депортиво да им играме спортска...од каде тргнавме, и предобри сме во напредокот.

Последно уредено: