СпаЈдеР
DissentiveMoron202
- Член од
- 1 март 2006
- Мислења
- 3.201
- Поени од реакции
- 52
E јас скоро на секој детал се сеќавам, т.е. не на секој, ама сепак на повеќето се сеќавам. Тој прв училишен ден баба ми ме разбуди. Јас целиот возбуден од вчера си ги бев средил книгите(ова кај некои трае секогаш, односно се организирани, ама од прво одд, не се сеќавам никад повеќе да сум ги ставил книгите у ташна претходниот ден). Си бев облекол едни летни кратки панталони што беa пар со една блуза на кратки ракави, пак зелена, тој ден летото уште не беше целосно заминало. Е сега не можам да се сетам зошто, ама накај школото бевме тргнале со џипот на дедо ми(не со колата). И додека возевме јас реков "леле ама е долг патов,јас ќе се загубам ако одам сам " И онака гледав налево и надесно ко загубен марсовец бидејќи и не ја знаев доволно гевгелија(дојдов на 5ипол-6 години тука + скршена нога). Ја прашав сестра ми накај води оној пат(патот кој беше кратенката до школото) и ми рече дека од таму идела пешки она . На школото почнаа да ни ги читаат имињата, па за да се запамети оној прв школски ден додека идев нагоре по скалите, татко ми ме сликаше и таа слика уште стои закачена на ѕидот во мојата детска(повеќе од 8 години ). Кога видов кои беа у моето одд јас прво неќев таму бидејќи и немав многу познаници освен двајца со кои во тоа време не се имав баш-баш. Ама во секој случај, наставничката рече да си се претставиме сите и потоа почна да не става кој на која клупа ќе седи. Училницата, беше распоредена вака:
За да нема забуни стаив бои на секој предмет:жолти се клупите,таблата темно зелена, на наставничката масата светло зелена, некаква црвена боја столовите, и црната боја на столот кај шо седев јас.
Инаку бевме распоредени со броеви, и бев се паднал со едно прекрасно девојче кое ми стана симпатија за неполна недела, и ја сменив дури после 3 дена
Сакам да кажам, тогашните симпатии ги менев ко чорапи, секоја ми беше за еден ден У секој случај, годините од прво до четврто одделение беа прекрасни, а во нив спаѓа и овој прв ден