Кога некој, некогаш, некаде ќе направи временска машина и ќе докаже дека патување низ времето е можно, јавете ми да си купам пуканки и 3Д наочила и да си фатам место во првиот ред.:pos2::pos2::pos2:
Па патувањето низ просторот значи и патување низ времето.
Пр. Според Ајнштајн колку едно тело има поголема брзина тоа тело станува се потешко, пр ако патува со брзина блиска до брзината на светлината тоа тело станува многу тешко т.е. му се зголемува масата заради брзината. Масата го искривува просторот и времето (огромните црни дупки) и времето при толкава брзина забавува во однос на времето на некое тело што мирува. Оттаму тоа значи дека времето за тој што мирува поминува побрзо, за тој што патува времето поминува бавно.
Како би ја создале таа енергија за да бидеш во состојба да патуваш со брзината на светлината?
Знаеш ли дека ниту светлината неможе да избега од црните дупки и дека нема враќање од нив, едноставно се испарува и не се знае кај оди и што се случува со материите кои влегуваат во црните дупки?
Како човечкото тело ќе ја издржи таа брзина, енергија и притисок што ќе се создаваат додека патува низ времето? Ќе пукне како петарда...