Kога би бил женско и кога би се пуштал на некое машко... хм... :kesa:
И покрај тоа што не сум стрејт, немам некое си искуство во ова... Мојот адут е да фасцинирам со интелектот, разговорот, да навлезам во психата на другиот (ако ми се допаѓа, ако не, не се ни обидувам, нели). Се’ на се’, провокации од сексуален карактер, безвезално шмекање и сл., -не се мој стил. Обидите за телесно привлекување (кои би рекол кај женските се приоритет кога заведуваат), кај мене се смотана ствар. Затоа што кога типчето ќе падне на начинот на кој јас реално размислувам, на моето (не кој знае колкаво) интелектуално ЈАС, на начинот на кој можам да разговарам со него, да направам да се отвори и да ми каже СЕ’, и сето тоа искомбинирано со карактерот, темпераментот и телесната привлечност (ете, пак ја спомнав неа

) -тука спас му нема.
И ваквата постапка никогаш не ја правам за да злоупотребам или да си поигрувам со некого. Едноставно, секогаш така дејствувам, природно, инстинктивно, па кога некој ќе загризе бадијала, сори, ај кант хелп. Френдс?