Frater Barrabbas,
теории „за ова„ и „за она„ има коклку сакаш, а она кое мене ме занима, тоа е ставот од Црквата по одредено прашање.
Христијанството, т.е. верата Христова не е риска измислица, туку е учење кое е изворно донесено од Спасителот, Кого јудеите Го чекаа, ама не Го препознаа, туку Го распнаа. Можеме да кажеме и тоа дека христијанството е усовршен јудаизам, каде Новиот Христов Завет го заменува Стариот. Римјаните пак, немаа(т) ништо ниту со Стариот ниту со Новиот Завет.
Така, „теоријата„ дека учењето Христово е римска „подметачина„ кон јудетите, паѓа со леснотија. Јудеите се премногу тврдоглави за да може било кој да им подметне лажно учење, а згора на све, сам Бог им праќаше на јудеите „коректори„ во облик од пророци, кои го опоменуваа Израилот секогаш кога Израилот го забораваше договорот меѓу Бога и Израилот.
Плус, први христијани станаа токму јудеите од Ерусалим, а подоцна, како Апостолите ја пренесуваа добрата Христова вест нис римското Царство, со таа вест се христијанизираа дури и самите римјани.