Прашање за Христијанството III

Член од
26 октомври 2012
Мислења
2.535
Поени од реакции
3.362
Па нормално на гладен човек паметот му е у јадење а не у задоволства-телесни т.е. добар начин да смириш толпа :D
Постот иначе потекнува од Хиндуизмот т.е моментално најстарите записи се од таму поточно кажано.
Иначе Сидарта после некоја година водење акцетски живот (постење) и самиот заклучува дека истото нема никаква цел ;)
Значи ја ова што постам нема смисла ? Дај скарата ваму тогаш :D .
 
Член од
10 август 2012
Мислења
915
Поени од реакции
780
Некој да ме упати каде може да го купам светото писмо (библијата) во Скопје ?
 
MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.397

Во објектот од Архиепископијата, зад Соборен храм, на задната страна, имаш мал пристап до тамошните канцеларии, каде имам купувано примерок од Писмото, по најниска можна цена, или пак во било кој црковен храм, кој има изглог и продажба на верска литература, меѓу која е и неизбежното Писмо.
 
Член од
5 мај 2016
Мислења
1.330
Поени од реакции
854
@MIKI1 сакам да те прашам нешто, бидејќи се приближува великден, па на тв,ќе почнат вообичаените филмови за Исус од Назарет идр..значи, колку пати го имам гледано филмот и се уште незнам точно, што бил всушност Бараба, дали бил лопов, убиец, политички злосторник, син на учителот..и зошто народот него го ослободил!?
 
MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.397
@MIKI1 сакам да те прашам нешто, бидејќи се приближува великден, па на тв,ќе почнат вообичаените филмови за Исус од Назарет идр..значи, колку пати го имам гледано филмот и се уште незнам точно, што бил всушност Бараба, дали бил лопов, убиец, политички злосторник, син на учителот..и зошто народот него го ослободил!?
Бараба/Варава е багабонт и затвореник, поврзан со некое убиство.

Намерата од Понтиј Пилат била да ги смири евреите, на кои, по традиција, римската окупацона власт им покажувала милост, со тоа што им ослободувала по некој од уапсените еврејски криминалци во Ерусалим, токму на деновите од верските празници, како што е празникот Пасха, кој наближувал. Со влучајов, Пилат им ги понудил на евреите и Исуса Христа и Варава, а насобраните евреи, кои само пет дена претходно, свечено го дочекаа влегувањето Христово во Ерусалим, а наговорени од своите свештеници, го бараа Варава за ослободување, а не Христа. Еврејските свештеници покажувале невидена завист кон делата Исусови, а истовремено биле и загрижени за своите комфорни позиции, код кои (позиции), свештениците не ги подучуваа евреите во духот од Стариот Завет, туку во духот од еврејскиот формализам, за што свештениците редовно беа критикувани од Христа Бога. Така, евреите не запреа само во погрешниот избор, туку продолжија и завршија со Богоубиството, извршено врз Синот Божји. Крвта Христова, како казна, падна на грбот и на еврејските свештеници, но и на евреите, во сите нивни наредни поколенија (види во Матеј, 27,25).
 
Мистерија има голема очигледно а и знаеме дека евангелието е кроено и пишувано поради верски услови а не поради историјата како била.
Многумина велат дека немало обичај да се пуштаат затвореници на тој празник и дека Бараба бил синот на Исус.

погледни го текстов, два Исуса еден после друг.
 
Let 3

The Nipple Erector
Член од
13 јули 2008
Мислења
30.896
Поени од реакции
31.269

1. Никогаш никаде не е забележан некој закон или обичај да за еврејски празник римски намесник пушта затвореник.

2 Исус бог да го прости, спрема евангелијата не бил ни затворен од страна на римјаните, нели него пилат го нашол за невин и сега од каде тоа да им дава во замена некој виновен за невин?? покојниот Исус од како пилат јасно рекол дека не најдува вина кај него, можел комотно да рече “Фала пријатно и догледање“ и да си ишета од палатата на пилат и да си оди дома.

3. Бараба бил обвинет за бунт при што загинале луѓе. Тоа беше најголем злостор во римското царство и никој на своја рака не би смеел да пушта таков опасен човек на слобода, за такво нешто пилат би се нашол и самиот брзо пред римски суд со можност да и самиот биде осуден на распнување

4. Историјата ни кажува како пилат се справувал со насобрана толпа евреи, со меч и копје, во најмалце 2 случаеви кога евреи незадоволни од пилат се собрале и галамеле против него тој им пуштил римски легионери, во еден таков случај тоа резултирало и со масовен колеж на еврреите

5:целата таа бајка околу судењето на исус е полна со историски неправилности и грешки а и ни еден од евангелистите не присуствувал на него ниту пак водел записник шо рекол исус шо пилат како се испулиле евреите и во шо бил облечен римскиот намесник, то е се плод на фантазија која настана многу подоцна кога христијанството се создаваше како религија
 
Па и тоа е всушност целата таа мистерија, да се ослободи виновен а да се разапне безгрешен човек.
 
MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.397
Мистерија има голема очигледно а и знаеме дека евангелието е кроено и пишувано поради верски услови а не поради историјата како била.
Многумина велат дека немало обичај да се пуштаат затвореници на тој празник и дека Бараба бил синот на Исус.

погледни го текстов, два Исуса еден после друг.
katinakatalina,

минативе 2000г. па и ден-денес, читаме за Исусовите синови и сопруги, кои Црквата никаде не ги забележала.

Некој тука се прешол и претерал во своето фантазирање.
 
Така е, но што да се прави кога ќе наидеме на секакви информации, човечки е да си продискутираме за нив оти се навистина интересни.
 
MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.397
Така е, но што да се прави кога ќе наидеме на секакви информации, човечки е да си продискутираме за нив оти се навистина интересни.
Информациите можат да бидат и интересни, меѓу другото, но во Црквата битни се вистинитите а не интересните информации. Така, Црквата точно поучува Кој Е и која е улогата Христова во Светот и во животот од верните, но Црквата никаде не наведува некоја потесна Исусова фамилија, оти такво нешто, напросто, не постои.

Првиот пат, Христос дојде со понизност, за да ги повика луѓето на спасение, а вториот пат ќе дојде праведно да ни суди на сите. На Судијата, Кој е и Создател на човекот, не Му требаат сопруги, синови и ќерки, оти Он има надредена позиција на(д) Своите творенија.

Евангелијата не познаваат Исусови сопруги, синови и ќерки.
 
Член од
29 април 2005
Мислења
383
Поени од реакции
35
1. Никогаш никаде не е забележан некој закон или обичај да за еврејски празник римски намесник пушта затвореник.
Зависи кои извори ги цитираш. Во случајов се случило тоа што се случило и постојат валидни извори за тоа. Не ме терај да ти ги претставам (ме мрзи да барам). Ако сакаш да знаеш побарај си ги сам.

2 Исус бог да го прости, спрема евангелијата не бил ни затворен од страна на римјаните, нели него пилат го нашол за невин и сега од каде тоа да им дава во замена некој виновен за невин?? покојниот Исус од како пилат јасно рекол дека не најдува вина кај него, можел комотно да рече “Фала пријатно и догледање“ и да си ишета од палатата на пилат и да си оди дома.
Точна ти е констатацијата. Исус бил притворен од Фарисеите, потоа предаден на римската власт каде што Пилат не нашол негова вина во однос на римските закони. Сепак, според еврејските закони имал вина. Прашањево бараше политичко, не законско, решение. Фарисеите се плашеле дека бунт ќе предизвикаат следбениците на Исус доколку самите го осудат.
Пилат не можел случајов така лесно да го отфрли бидејки му било вршено силен притисок од страна на Фарисеите.
Патем, сигурен сум дека знаеш дека едно од најдлабоките чувства на верниците и на религиозните е воскреснувањето на Исус. Зошто имаш потреба да им ги навредуваш?

3. Бараба бил обвинет за бунт при што загинале луѓе. Тоа беше најголем злостор во римското царство и никој на своја рака не би смеел да пушта таков опасен човек на слобода, за такво нешто пилат би се нашол и самиот брзо пред римски суд со можност да и самиот биде осуден на распнување
Бараба, по денешна дефиниција, бил револуционер. Предводел мала група на револуционери. Со неговата сила и влијание воопшто не ја загрозувал империјата. Точно е дека бунт против империјата било казниво дело но и во овој случај се надвиснува заканата од Фарисеите врз неговата глава. Побрзо Пилат би се нашол пред Римски суд ако со негово неспособно владеење предизвикал сеопшт бунт на евреите отколку да пушти револуционер на слобода кој лесно би го фатиле повторно.

4. Историјата ни кажува како пилат се справувал со насобрана толпа евреи, со меч и копје, во најмалце 2 случаеви кога евреи незадоволни од пилат се собрале и галамеле против него тој им пуштил римски легионери, во еден таков случај тоа резултирало и со масовен колеж на еврреите
За таквото негово владеење бил и укорен. Иако бил суров сепак бил и дипломат, односно знаел кога што да употреби за да си ја оствари амбицијата која ја имал. Да си на место на Пилат и со таков карактер. Соочен со закана за сеопшт бунт ако не удоволиш на барања или да убиеш еден „човек“ заради мир во куќа. Што би одбрал ти?
Патем, историјата не кажува ништо таа е алат за спознавање на минатото. Кој алат зборува? Ама затоа историчари... Е тука е посложена работата.
Историјата кажува дека Македонци не постојат или одредени историчари?

5:целата таа бајка околу судењето на исус е полна со историски неправилности и грешки а и ни еден од евангелистите не присуствувал на него ниту пак водел записник шо рекол исус шо пилат како се испулиле евреите и во шо бил облечен римскиот намесник, то е се плод на фантазија која настана многу подоцна кога христијанството се создаваше како религија
Чим е кажано на National Geographics или Discovery мора да е апсолутно точно, нели?
Археолози и историчари чија специјализираност им е древната историја не би се согласиле ниту со тебе ниту со споменатите ТВ канали.
Точно е тоа дека неговите апостоли не биле присутни, но жените што го следеле биле.
Твоето е всушност плод од нечија фанатазија која ти некритички си ја прифатил бидејки тоа ти било полесно или било попожелно од твоја страна. Нови сознанија и откритија покажуваат над еден милион документи и укажуваат дека многу од информациите кои се користат да се негира целокупноста на појавата на Исус се неточни. Не постои лик во историјата кој бил попроучуван од Исус. Доколку досега е најдено нешто што го дисквалификува зарем немаше на фанфари да го одбележат моментот? Наместо тоа даваат половични информации, дури и целосно неточни наменети за да збунуваат.
Никој нема да рече дека Сократ не постоел, ќе излезе дека е будала иако знаеме за него само преку Платон, неговиот ученик. За Исус, постојат над милион документи ама наводно не се знае дали постоел или не и дали ги направил работите кои ги направил. Чудно и мошне научно, нели?
Патем, најраните документи датираат од, некаде, 40-та година од нашата ера. Многу од тие документи се од нехристијански извори.

Историската случка со Исус, на начинот на кој се одвил ја покажува човековата тенденција да го избере неправедното и лажното, наспроти доброто.
Има многу да се зборува за ова ама се нема желба толку да се пишува.:)

Поздрав
 
Let 3

The Nipple Erector
Член од
13 јули 2008
Мислења
30.896
Поени од реакции
31.269
Зависи кои извори ги цитираш. Во случајов се случило тоа што се случило и постојат валидни извори за тоа. Не ме терај да ти ги претставам (ме мрзи да барам). Ако сакаш да знаеш побарај си ги сам.

Точна ти е констатацијата. Исус бил притворен од Фарисеите, потоа предаден на римската власт каде што Пилат не нашол негова вина во однос на римските закони. Сепак, според еврејските закони имал вина. Прашањево бараше политичко, не законско, решение. Фарисеите се плашеле дека бунт ќе предизвикаат следбениците на Исус доколку самите го осудат.
Пилат не можел случајов така лесно да го отфрли бидејки му било вршено силен притисок од страна на Фарисеите.
Патем, сигурен сум дека знаеш дека едно од најдлабоките чувства на верниците и на религиозните е воскреснувањето на Исус. Зошто имаш потреба да им ги навредуваш?

Бараба, по денешна дефиниција, бил револуционер. Предводел мала група на револуционери. Со неговата сила и влијание воопшто не ја загрозувал империјата. Точно е дека бунт против империјата било казниво дело но и во овој случај се надвиснува заканата од Фарисеите врз неговата глава. Побрзо Пилат би се нашол пред Римски суд ако со негово неспособно владеење предизвикал сеопшт бунт на евреите отколку да пушти револуционер на слобода кој лесно би го фатиле повторно.

За таквото негово владеење бил и укорен. Иако бил суров сепак бил и дипломат, односно знаел кога што да употреби за да си ја оствари амбицијата која ја имал. Да си на место на Пилат и со таков карактер. Соочен со закана за сеопшт бунт ако не удоволиш на барања или да убиеш еден „човек“ заради мир во куќа. Што би одбрал ти?
Патем, историјата не кажува ништо таа е алат за спознавање на минатото. Кој алат зборува? Ама затоа историчари... Е тука е посложена работата.
Историјата кажува дека Македонци не постојат или одредени историчари?

Чим е кажано на National Geographics или Discovery мора да е апсолутно точно, нели?
Археолози и историчари чија специјализираност им е древната историја не би се согласиле ниту со тебе ниту со споменатите ТВ канали.
Точно е тоа дека неговите апостоли не биле присутни, но жените што го следеле биле.
Твоето е всушност плод од нечија фанатазија која ти некритички си ја прифатил бидејки тоа ти било полесно или било попожелно од твоја страна. Нови сознанија и откритија покажуваат над еден милион документи и укажуваат дека многу од информациите кои се користат да се негира целокупноста на појавата на Исус се неточни. Не постои лик во историјата кој бил попроучуван од Исус. Доколку досега е најдено нешто што го дисквалификува зарем немаше на фанфари да го одбележат моментот? Наместо тоа даваат половични информации, дури и целосно неточни наменети за да збунуваат.
Никој нема да рече дека Сократ не постоел, ќе излезе дека е будала иако знаеме за него само преку Платон, неговиот ученик. За Исус, постојат над милион документи ама наводно не се знае дали постоел или не и дали ги направил работите кои ги направил. Чудно и мошне научно, нели?
Патем, најраните документи датираат од, некаде, 40-та година од нашата ера. Многу од тие документи се од нехристијански извори.

Историската случка со Исус, на начинот на кој се одвил ја покажува човековата тенденција да го избере неправедното и лажното, наспроти доброто.
Има многу да се зборува за ова ама се нема желба толку да се пишува.:)

Поздрав
апсолутно појма немаш за темата, би сакал да ти одговорам но твоето непознавање е толку грандиозно шо не знам од каде да почнам, си изнаредил некои свои мислења и теории непоткрепени од ништо базирани на ништо и докажани од ништо, си искажал сопствено мислење како ете било во римското царство и ете како према тебе би постапил некој висок чиновник во некоја ситуација која ете ти си ја сфатил на свој начин....
 
Член од
29 април 2005
Мислења
383
Поени од реакции
35
апсолутно појма немаш за темата, би сакал да ти одговорам но твоето непознавање е толку грандиозно шо не знам од каде да почнам, си изнаредил некои свои мислења и теории непоткрепени од ништо базирани на ништо и докажани од ништо, си искажал сопствено мислење како ете било во римското царство и ете како према тебе би постапил некој висок чиновник во некоја ситуација која ете ти си ја сфатил на свој начин....
Би те замоли сепак да се обидеш да ми одговориш. Доколку ти е пресложено да изнајдеш точка од каде да почнеш, дозволи јас да ти помогнам малку. Онолку колку што можам.

Многу ме интересира да знам, воедно предлог за почеток, од кои редови се бирани гувернерите за римските провинции. Значи како се избрани, како се поставени и која им била најбитната должност. Посебен осврт на тоа што се случувало со гувернери кои неуспешно ја вршеле работата.
Потоа може да ми го објасниш еврејското право, односно што е дозволено, а што е казниво и какви санкции постоеле во нивното право. Посебно да се задржиш врз моќта која ја имале управувајки со политичкиот и духовниот живот на евреите. Бидејки мојата скромна способност во вакви сложени работи не дозволува да сфатам како еден столар успеал тогашните великодостојници да ги раздрма до тој степен да морале да побаруваат услуги од римската власт (Пилат) и да и` се закануваат доколку не бидат остварени. Многу ме интересира, да ми ја објасниш и дипломатската тежина која ја имале Фарисеите што се осмелиле да условуваат човек кој без трошка совест и одговорност би ги убил заради лично непочитување.

Мислам дека ако почнеш од овде ќе немаш некои посебни потешкотии да ми одговориш како што си навикнат. Онака, со аргументи и докажани факти.

Поздрав[DOUBLEPOST=1490094859][/DOUBLEPOST]
Мистерија има голема очигледно а и знаеме дека евангелието е кроено и пишувано поради верски услови а не поради историјата како била.
Многумина велат дека немало обичај да се пуштаат затвореници на тој празник и дека Бараба бил синот на Исус.

погледни го текстов, два Исуса еден после друг.
Исус е грчката варијанта на хебрејското име Јешуа кое било многу често во тогашното време. Исто така и името Бараба, Марија, Јосиф...
Тоа ти е нешто како денес да најдеш човек по име Александар со татково име Филип. Дали станува збор за освојувачот во древно време?

Поздрав
 
Последно уредено:

Kajgana Shop

На врв Bottom