Зависи кои извори ги цитираш. Во случајов се случило тоа што се случило и постојат валидни извори за тоа. Не ме терај да ти ги претставам (ме мрзи да барам). Ако сакаш да знаеш побарај си ги сам.
Точна ти е констатацијата. Исус бил притворен од Фарисеите, потоа предаден на римската власт каде што Пилат не нашол негова вина во однос на римските закони. Сепак, според еврејските закони имал вина. Прашањево бараше политичко, не законско, решение. Фарисеите се плашеле дека бунт ќе предизвикаат следбениците на Исус доколку самите го осудат.
Пилат не можел случајов така лесно да го отфрли бидејки му било вршено силен притисок од страна на Фарисеите.
Патем, сигурен сум дека знаеш дека едно од најдлабоките чувства на верниците и на религиозните е воскреснувањето на Исус. Зошто имаш потреба да им ги навредуваш?
Бараба, по денешна дефиниција, бил револуционер. Предводел мала група на револуционери. Со неговата сила и влијание воопшто не ја загрозувал империјата. Точно е дека бунт против империјата било казниво дело но и во овој случај се надвиснува заканата од Фарисеите врз неговата глава. Побрзо Пилат би се нашол пред Римски суд ако со негово неспособно владеење предизвикал сеопшт бунт на евреите отколку да пушти револуционер на слобода кој лесно би го фатиле повторно.
За таквото негово владеење бил и укорен. Иако бил суров сепак бил и дипломат, односно знаел кога што да употреби за да си ја оствари амбицијата која ја имал. Да си на место на Пилат и со таков карактер. Соочен со закана за сеопшт бунт ако не удоволиш на барања или да убиеш еден „човек“ заради мир во куќа. Што би одбрал ти?
Патем, историјата не кажува ништо таа е алат за спознавање на минатото. Кој алат зборува? Ама затоа историчари... Е тука е посложена работата.
Историјата кажува дека Македонци не постојат или одредени историчари?
Чим е кажано на National Geographics или Discovery мора да е апсолутно точно, нели?
Археолози и историчари чија специјализираност им е древната историја не би се согласиле ниту со тебе ниту со споменатите ТВ канали.
Точно е тоа дека неговите апостоли не биле присутни, но жените што го следеле биле.
Твоето е всушност плод од нечија фанатазија која ти некритички си ја прифатил бидејки тоа ти било полесно или било попожелно од твоја страна. Нови сознанија и откритија покажуваат над еден милион документи и укажуваат дека многу од информациите кои се користат да се негира целокупноста на појавата на Исус се неточни. Не постои лик во историјата кој бил попроучуван од Исус. Доколку досега е најдено нешто што го дисквалификува зарем немаше на фанфари да го одбележат моментот? Наместо тоа даваат половични информации, дури и целосно неточни наменети за да збунуваат.
Никој нема да рече дека Сократ не постоел, ќе излезе дека е будала иако знаеме за него само преку Платон, неговиот ученик. За Исус, постојат над милион документи ама наводно не се знае дали постоел или не и дали ги направил работите кои ги направил. Чудно и мошне научно, нели?
Патем, најраните документи датираат од, некаде, 40-та година од нашата ера. Многу од тие документи се од нехристијански извори.
Историската случка со Исус, на начинот на кој се одвил ја покажува човековата тенденција да го избере неправедното и лажното, наспроти доброто.
Има многу да се зборува за ова ама се нема желба толку да се пишува.
Поздрав