Очигледно е дека не се разбираме, оти во муабетов, некој нејќе да разбере јасни работи.
Кога Христос беше крстен во реката Јордан, тоа беше момент на објавата од Божјата Троичност, каде Бог Отец се објавува со глас од Небесата, Синот Божји се крштева во реката Јордан, а Духот Свет, во облик од гулаб (гулабот е симбол на мирот!) слегува врз Христа и со тоа слегување, гулабот (Духот Свет) го потврдува Христа во Неговата месијанска улога на Земјава. Крштевањето Христово е прилика за јавно објавување на Троединиот Бог, за Кој јудете сметале дека Е еден, како „единица„.
Слегувањето на Духот Свет врз Апостолите, на педесеттиот ден по Христовото воскресение, е настан кој е независен од претходно наведениот па слегувањето на Духот Свет се случува не врз Христа, туку врз Христовите Апостоли, а преку тоа слегување, Апостолите ја примаат благодатната енергија Божја врз себе и со таа енергија, Апостолите стекнуваат спасоносни особини, согласно нивната улога по вознесението Христово на Небесата. Во педесеттиот ден по воскресението Христово, основана е Црквата.
Се надевам дека сега (ти е) малку појасно...
![Кафе :coffee: :coffee:](/styles/default/xenforo/smilies/coffee.png)