- Член од
- 3 септември 2010
- Мислења
- 6.660
- Поени од реакции
- 9.260
Го закоравил уште повеќе веќе закоравеното срце на злиот фараон, oткако трпеливо му дал неколку шанси пред тоа.Во контекст на твојава дилема, како може Бог во исто време да бара преку Мојсеј фараонот да ги ослободи евреите, а од друга страна да му го закорави срцето за да не ги пушти?
Излез 9:
12. Ама Господ го закорави срцето на фараонот, па тој не ги послуша Мојсеја и Арона, како што Господ и му рече на Мојсеја
Излез 7:
13. Но срцето Фараоново се стврдна и не ги послуша нив, како што им беше рекол Господ.
Потоа следува:
Излез 7:
22. Но и врачевите египетски го направија истото со своето вражање. И срцето на Фараонот се ожесточи и тој не ги послуша нив, како што им беше рекол Господ.
После тоа следува:
Излез 8:
15. А кога Фараонот виде дека злото помина, му отврдна срцето, и не ги послуша нив, како што беше рекол Господ.
Па следува:
Излез 8:
19. И му рекоа вражачите на Фараонот: “Ова е знак Божји!” Но срцето на Фаронот пак се стврдна, и не ги послуша, како што беше рекол Господ.
Па после ова следува:
Излез 8:
32. Но пак затврдна срцето Фараоново, и пак не го пушти народот.
Дури тогаш следува:
Е сега ти го пренебрегнуваш фактот дека фараонот бил суров и немилосрден човек пред Господ да му го отврдне срцето уште повеќе.Излез 9:
12. Ама Господ го закорави срцето на фараонот, па тој не ги послуша Мојсеја и Арона, како што Господ и му рече на Мојсеја
Тука Господ е толку „неправеден“ што му го стврднал срцето на фараонот, колку што ти би бил неправеден кога би натерал жаба да скокне во вир. Како што природата на жабата е да скока во вирови, така и природата на фараонот била нечовечка.
Запомни:
Бог е праведен судија, и силен, и долготрпелив и не се гневи секој ден.
Последно уредено: