Björn
Does Your Mother Know?
- Член од
- 14 август 2006
- Мислења
- 45.023
- Поени од реакции
- 83.445
Апсолутно не.Дека Исус постоел живеел и бил обичен човек , не е моја измислица, и во христијанството и ден денес постојат цркви кои тоа истото го тврдат и на тој основ е втемелена нивната вера, башка, постојат научни трудови, (книги) кои докажуваат дека Исус бил евреин, роден и убиен од страна на Рим при неуспешен бунт. И тоа е верување во Исус. Во историски Исус.
Ако на некој му се одземе право да кажува и појаснува за таков Исус, зошто да не му се забарни на пример на некој протестант или католик или аријан или адвентист... да појаснува било што од верата зато што не се слага со нечие друго уверување.
Се додека во постовите нема навреди, пцуења, некултура.... не гледам причина тоа и да се санкционира, башка, има ли на кајгана некој механизам кој проверува дали тој што пишува од религиозни позиции е навистина член на некоја црква, дали е спремен со знаења во својата вера дали точно ги пренесува ставовите на својата црква. Јас сум овде веќе 4 години и гледав често несогласување и отгрлање и меѓу припадници на иста вера во нивни ставоиви и милсења за верата. Јас го застапувам Исус во кој јас верувам дека како таков постоел живеел и умрел а не е базирано на сатира иронија или подсмев.
Тоа право ќе ми го одземе некој?
Тоа и го посочив во мојот пост.
Твоите гледишта за Исус, според тебе, те прават Христијанин (вистински, секако). Мора да е така. Така си рече ти самиот, а и така бараат правилата во уводниот пост.
Не може тебе некој да ти каже ти што си. Исто и на другите нас.
И не. Верувам дека не можат да докажат да докажат кој во што верува, па според да биде класифициран како Христијанин или било што друго, што би го направило подобен одговарач по темите, според форумските насоки и правила во Религија.
Така да, ако ти за себе си сметаш дека си Христијанин, онда секако, можеш комотно да одговараш по темава. Пошто темава не е за атеистичкиот аспект на Христијанството и Исус, туку во уводниот модераторски пост изричито бараат христијански одговори (исто и во соодветните теми за Телема, Ислам, атеизам...)
Имаш право да одговараш ако се сметаш себе си за Христијанин (каков било). Ќе повторам: уводниот пост е стриктен и така бара. Твоите ставови ако ги сметаш за христијански, онда се валидни одговори.
Исто претпоставувам, дека се сметаш и за атеист. И со тоа си ги исполнил условите и за одговори во темата за прашања за атеистите. Мора да е така, пошто и тамо одговараш на прашања.
Ако си ти Христијанин и Атеист, нешто што тебе те прави подобен да одговараш на соодветните теми, тогаш никој не може ниту мене ниту на било кој друг да му наложи дека не е Муслиман и следбеник на Ошо и атеист, на пример, и со тоа неподобен да одговара на две три теми, како тебе.
Јас се сложувам со тебе, а не верувам дека ти би инсистирал на уникатност и исклучок (од 10.000 членови), во твојот случај.
Секој има право да се декларира како сака и да дава одговори на соодветните теми.