Прашање за Христијанството III

Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
45.002
Поени од реакции
83.386
Дека Исус постоел живеел и бил обичен човек , не е моја измислица, и во христијанството и ден денес постојат цркви кои тоа истото го тврдат и на тој основ е втемелена нивната вера, башка, постојат научни трудови, (книги) кои докажуваат дека Исус бил евреин, роден и убиен од страна на Рим при неуспешен бунт. И тоа е верување во Исус. Во историски Исус.
Ако на некој му се одземе право да кажува и појаснува за таков Исус, зошто да не му се забарни на пример на некој протестант или католик или аријан или адвентист... да појаснува било што од верата зато што не се слага со нечие друго уверување.
Се додека во постовите нема навреди, пцуења, некултура.... не гледам причина тоа и да се санкционира, башка, има ли на кајгана некој механизам кој проверува дали тој што пишува од религиозни позиции е навистина член на некоја црква, дали е спремен со знаења во својата вера дали точно ги пренесува ставовите на својата црква. Јас сум овде веќе 4 години и гледав често несогласување и отгрлање и меѓу припадници на иста вера во нивни ставоиви и милсења за верата. Јас го застапувам Исус во кој јас верувам дека како таков постоел живеел и умрел а не е базирано на сатира иронија или подсмев.
Тоа право ќе ми го одземе некој?
Апсолутно не.
Тоа и го посочив во мојот пост.
Твоите гледишта за Исус, според тебе, те прават Христијанин (вистински, секако). Мора да е така. Така си рече ти самиот, а и така бараат правилата во уводниот пост.
Не може тебе некој да ти каже ти што си. Исто и на другите нас.

И не. Верувам дека не можат да докажат да докажат кој во што верува, па според да биде класифициран како Христијанин или било што друго, што би го направило подобен одговарач по темите, според форумските насоки и правила во Религија.

Така да, ако ти за себе си сметаш дека си Христијанин, онда секако, можеш комотно да одговараш по темава. Пошто темава не е за атеистичкиот аспект на Христијанството и Исус, туку во уводниот модераторски пост изричито бараат христијански одговори (исто и во соодветните теми за Телема, Ислам, атеизам...)
Имаш право да одговараш ако се сметаш себе си за Христијанин (каков било). Ќе повторам: уводниот пост е стриктен и така бара. Твоите ставови ако ги сметаш за христијански, онда се валидни одговори.

Исто претпоставувам, дека се сметаш и за атеист. И со тоа си ги исполнил условите и за одговори во темата за прашања за атеистите. Мора да е така, пошто и тамо одговараш на прашања.

Ако си ти Христијанин и Атеист, нешто што тебе те прави подобен да одговараш на соодветните теми, тогаш никој не може ниту мене ниту на било кој друг да му наложи дека не е Муслиман и следбеник на Ошо и атеист, на пример, и со тоа неподобен да одговара на две три теми, како тебе.

Јас се сложувам со тебе, а не верувам дека ти би инсистирал на уникатност и исклучок (од 10.000 членови), во твојот случај.

Секој има право да се декларира како сака и да дава одговори на соодветните теми.
 
Let 3

The Nipple Erector
Член од
13 јули 2008
Мислења
30.896
Поени од реакции
31.277

Не знам зошто мора да се подразбира дека ако си Христијанин дека и веруваш во надприродни суштества, ангели, џинови, пеколи, демони, сатана кај шо седи на трон од оган и гледа како дерат печат и мачат грешници?? Оние кои го следеле Исуса, не го сметале за бог, го следеле месајата а во тоа време за евреите Месаја бил законски помазан крал кој треба да владее со нив и нивната земја. За тоа да се овозможи - требало да се истераат паганските римјани од светата божј земја, светиот град. Во тој обид Исус паднал како жртва. Првите христијани не го гледале Исус како безгрешно зачнат син на бог - тоа беше неверојатно богохулење. Христијанството не подразбира автоматски и дека Исус е бог. Јас имам подлога во знаење, литература и верска и научна да можам да дадам и мое видување на некое прашање за исус или христијанството, ќе повторам овде често ќе се сретнан спротивставени мислења и на верници во зависност од која црква се. Тоа нме значи дека некој не треба да кажува негово верување кој беше Исус и кои беа и се христијани.
 
Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
45.002
Поени од реакции
83.386
Лет3, не навлегувам во твоите уверувања за Исус или било што, ниту имам намера да ти покажувам дека не си у право.

Верувам дека и на тебе ти е јасно дека техничка е природата на моиве постови.
 
Muki-20

Маркетинг и финансиски консултант
Член од
12 мај 2012
Мислења
253
Поени од реакции
72
Прашање до сите припадници на христијанството:

1. Зошто Крстот се смета за свето нешто?
2. Дали според вашето верување на Исус му беше удобно или непогодно на крстот?
3. Дали Исус на крстот имал маки?
 
MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.398
Прашање до сите припадници на христијанството:

1. Зошто Крстот се смета за свето нешто?
2. Дали според вашето верување на Исус му беше удобно или непогодно на крстот?
3. Дали Исус на крстот имал маки?
1, Веќе имам објаснето: крстот е „место„ каде Христос ги зеде сите човечки гревови, ја победи смртта. и крстот е знакот Господов, кој има сила и кој ќе се појави на небото непосредо пред второто Христово пришествие.
2. Како може некому да му биде удобно, ако е распнат?
3. Да, Христос телесно трпел маки и од претходните удирања, на патот кон Лобно и од самото заковување и распнување на крстот.
 
Muki-20

Маркетинг и финансиски консултант
Член од
12 мај 2012
Мислења
253
Поени од реакции
72
1, Веќе имам објаснето: крстот е „место„ каде Христос ги зеде сите човечки гревови, ја победи смртта. и крстот е знакот Господов, кој има сила и кој ќе се појави на небото непосредо пред второто Христово пришествие.
2. Како може некому да му биде удобно, ако е распнат?
3. Да, Христос телесно трпел маки и од претходните удирања, на патот кон Лобно и од самото заковување и распнување на крстот.
Па кога Исус на крстот ги осети сите тегоби, зошто тоа дрво да биде свето кога на него беше измачуван Исус? Како е можно да биде нешто знак кога тој знак т.е. тој предбет беше причина за тегобите кои ги осетил Исус? Дали некој на Бог може да му нанесе тегоби? Зарем Бог не е Семоќен кој никој не му е рамен? Дали со тоа Исус е Бог?
 
Член од
9 октомври 2009
Мислења
199
Поени од реакции
98

На ова прашање имаше отворено цела тема. Сепак, во Христа беа две природи и две волји. Човечка и Божја. Човечката волја беше да слези од Крстот, но Божјата волја да остан на него. Повеќе одговори ќе најдеш на темата за Крстот.
 
Член од
13 февруари 2012
Мислења
2.733
Поени од реакции
1.226
Па кога Исус на крстот ги осети сите тегоби, зошто тоа дрво да биде свето кога на него беше измачуван Исус? Како е можно да биде нешто знак кога тој знак т.е. тој предбет беше причина за тегобите кои ги осетил Исус? Дали некој на Бог може да му нанесе тегоби? Зарем Бог не е Семоќен кој никој не му е рамен? Дали со тоа Исус е Бог?
ај пак незнам по кој пат да кажам
Исус е божји син или богочовек и самиот знаеше дека ке биде предаден и распнат но не се обиде тоа да го спречи
значи на крстот исус ги плати нашите гревови
има тема за ова http://forum.kajgana.com/threads/Што-претставува-крстот-и-зашто-Христијаните-го-обожаваат.66076/
 
Член од
12 април 2010
Мислења
1.602
Поени од реакции
890
А дали ако човечките гревови ги зел на електрична столица тоа значи дека Господов знак ќе беше електрична столица?
и ако Крстот е знак Господов тоа значи дека исус не е Господ?
или Господ сам себеси се распнува на крст?

Нели гледате во колку контрадикторности западнувате?
 
Ipsissimus

P.I.
Член од
23 јули 2010
Мислења
15.582
Поени од реакции
12.949
Нели гледате во колку контрадикторности западнувате?
Кога станува збор за исламот, Алах може да биде контрадикторен, затоа што така му се може, а кога станува збор за нечие туѓо поимање на Бог тогаш неможе?
 
kooperativa

Г-ин Пола Милениум
Член од
2 октомври 2012
Мислења
7.633
Поени од реакции
8.601
А дали ако човечките гревови ги зел на електрична столица тоа значи дека Господов знак ќе беше електрична столица?
и ако Крстот е знак Господов тоа значи дека исус не е Господ?
или Господ сам себеси се распнува на крст?

Нели гледате во колку контрадикторности западнувате?
мета, ти ги машаш малку работите, а можда сакаш да да не разбереш. ;)
вака, тогаш немало струја, имало крст, на кој е распнат и тоа е тоа. да бил со коњи , .... ваљда јажето би било.
а за второто, ЗЕМЕНО е да е негов знак, пошто на тој крст умрел за маките на СИТЕ луѓе, а умрел затоа што кога тој (читај бог) го земал човечкиот лик, ги земал и сите особини на човекот, да се роди како бебе, да расте како секое останато дете, да стане возрасен, да се разболува, да може и да умре.
трето, тој тоа го знаел однапред дека со неговото распнување и умирање, ќе воскресне. а и ..... како споредба, верувам дека знаеш што е гандиевизам? тоа е нешто најлиску што може да се објасни, да не се буни и убива затаоашто и убивањето за да се спаси исус е грев. дури и на крстот, пред умирање тој му вели на бог “прости им, не знаат што прават“
 
Електричната столица прва ми падна на памет,но ете ми го даде одговорот,да бил со коњи ваљда јажето би било.
тоа и е одговорот кој го барав,благодарам
второро не сакам да го коментирам.
трето.
и сам кажуваш дека пред умирање му рекол на Бог "прости им,не знаат што прават"
Бог на Бог му вели прости им?
или.. Божји син на Бог му вели прости им?
или Божји пратеник на Бог му вели прости им ?
 
Let 3

The Nipple Erector
Член од
13 јули 2008
Мислења
30.896
Поени од реакции
31.277
Електричната столица прва ми падна на памет,но ете ми го даде одговорот,да бил со коњи ваљда јажето би било.
тоа и е одговорот кој го барав,благодарам
второро не сакам да го коментирам.
трето.
и сам кажуваш дека пред умирање му рекол на Бог "прости им,не знаат што прават"
Бог на Бог му вели прости им?
или.. Божји син на Бог му вели прости им?
или Божји пратеник на Бог му вели прости им ?
Треба да си со напредно сфааќање, модерен , за да го сфатиш тоа... на пример како во 1956 година да излезаш среде Прилеп во штикли и речиш на народо јас сум геј!...
 
kooperativa

Г-ин Пола Милениум
Член од
2 октомври 2012
Мислења
7.633
Поени од реакции
8.601
Електричната столица прва ми падна на памет,но ете ми го даде одговорот,да бил со коњи ваљда јажето би било.
тоа и е одговорот кој го барав,благодарам
второро не сакам да го коментирам.
трето.
и сам кажуваш дека пред умирање му рекол на Бог "прости им,не знаат што прават"
Бог на Бог му вели прости им?
или.. Божји син на Бог му вели прости им?
или Божји пратеник на Бог му вели прости им ?
тоа што не сакаш да го коментираш е у ствари многу поврзано со тоа што го прашуваш. пробај да го сватиш тоа дека исус е и бог и син. син е затоа што се родил како човек и ги земал сите карактеристика на човекот. вервам дека не можеш да го сватиш, а јас пак не знам плинаку да ти го објаснам.
или да се пошегувамна рачун на исус, 3 во едно, ко кафињана на нескафе, пошто тука е и светиот дух
 
Член од
12 април 2010
Мислења
1.602
Поени од реакции
890
тоа што не сакаш да го коментираш е у ствари многу поврзано со тоа што го прашуваш. пробај да го сватиш тоа дека исус е и бог и син. син е затоа што се родил како човек и ги земал сите карактеристика на човекот. вервам дека не можеш да го сватиш, а јас пак не знам плинаку да ти го објаснам.
или да се пошегувамна рачун на исус, 3 во едно, ко кафињана на нескафе, пошто тука е и светиот дух
и ај како да го сфатам :D
Вака да ти кажам,ова е многу расправана тема,и се имаат водено дебати и по 3-4 саати од луѓе што го познаваат исламот и христијанството подобро од мене и од тебе.
Јас сите тие дебати ги изгледав,и како муслиман ми се беспрекорно јасни овие работи.
Исус(Иса а.с) за мене е Божји пратеник,кој дошол да го потврди она што било пред него и да го најави последниот Божји пратеник(Мухамед) и последната објава за човештвото(Куранот).
Кога ми зборуваш и објаснуваш за исус,пробај да внесеш и по некој цитат од библијата.
Ако кажеш дека е Бог,во библијата има многу цитати кај што кажува исус дека е пратен од Бога,и дека е човек од крв и месо и слично.
Ако кажеш дека е Божји син,па библијата сите божји пратеници пред исус ги нарекува божји синови/чеда,или на крај краева она познато христијанско: Сите ние сме божји чеда :)

И уште едно прашање,ама за добрите познавачи на библијата,може ли некој да ми напише цитат од библијата каде исус вели дека тоа што го проповеда треба да се вика Христијанство?
како што на пример Аллах во куранот вели: Ви ја усовршив вашата вера и задоволен сум верата да ви биде Ислам?
--- надополнето: 7 февруари 2013 во 18:01 ---
Оние кои го следеле Исуса, не го сметале за бог, го следеле месајата а во тоа време за евреите Месаја бил законски помазан крал кој треба да владее со нив и нивната земја. За тоа да се овозможи - требало да се истераат паганските римјани од светата божј земја, светиот град. Во тој обид Исус паднал како жртва. Првите христијани не го гледале Исус како безгрешно зачнат син на бог - тоа беше неверојатно богохулење. Христијанството не подразбира автоматски и дека Исус е бог.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom