Прашање за Христијанството III

Член од
24 октомври 2013
Мислења
12.192
Поени од реакции
26.997
Дали може некаде да се најде Уставот на МПЦ од осамостувањето па навака?
--- надополнето: 2 декември 2013 во 21:28 ---


Дај биди попрецизен и понуди година и имиња на апостоли?
Ако сакаш можеш да го најдеш во секоја црква која продава и црковни книги, а за е-верзија искрено незнам.
Дали мислиш дека може некој да ги знае сите имиња на апостолите и по лик, и по дејност, и по година на живот? Пола и повеќе христијански свет мисли дека човекот со долга коса кои седи до Исус е Марија Магдалена (зборувам и мислам на сликата на Леонардо-Тајната вечера), од тука потекнува таа кардинална грешка ,а тој е всушност Св. Иван. Секој е верник ,но незнае основни информации за својата религија (зборувам општо),но има и поединци кои знаат зошто и во што веруваат.
Но основните апостоли и нивните поважни ученици ги пишува и во библијата односно учениците на апостолите сигурно го вметнале името на својот професор во таа пишана форма која ја изнеле и на секој за ефтина цена му е достапна- библијата поточно новиот завет. Не е грев да се чита било што па макар и тоа да се “света книга“ на некоја религија.
Знам дека прекршувам едно правило на темава ,но имам право да си го искажам своето мислење иако сум атеист. Во меѓувреме ми текна уште едно прашање.
Дали е во ред владата да создаде раздор со една лажна информација дека во општината Центар ќе се руши црква, а во Струга е забрането да се гради црква? За компарација ќе ја земам околината во која што живеам, иако има 10-15 куќи албански(муслимански), оџата секој ден вика и пее и мене лично не ми смета, но не треба да им смета и на тие албанци во Струга црковниот хор, па и податок на купот, црковните хорски пеења не се слушаат подалеку од црковниот двор, а оџата сите знаеме колку далеку се слуша.
 

spiros

Шалом Алеихем!
Член од
7 септември 2008
Мислења
3.225
Поени од реакции
986
.




..............................................



.
 
Член од
24 октомври 2013
Мислења
12.192
Поени од реакции
26.997
Дали некој, било верник било а/теист ,слушнал за книгата на Енох или во подобар случај ја има прочитано?
 
Член од
21 мај 2012
Мислења
296
Поени од реакции
59
вие тврдите во тоа дека Исус е син божји( а некој вика бог) пошто се родил без татко, тогаш за Адам какво мислење имате бидејќи он е создаден без татко и мајка?
поголемо чудо ке е Адам нели?
 
Член од
14 август 2006
Мислења
45.454
Поени од реакции
84.866
вие тврдите во тоа дека Исус е син божји( а некој вика бог) пошто се родил без татко, тогаш за Адам какво мислење имате бидејќи он е создаден без татко и мајка?
поголемо чудо ке е Адам нели?
Нема Христијанин што тврди дека Исус е само Син Божји.
Адам е првиот човек создаден од Бог, а Исус е неговата (божјата) инкарнација, долго време најавувана во Стариот завет со околу 300 пророштва.
 
Член од
24 октомври 2013
Мислења
12.192
Поени од реакции
26.997
Бидејќи добив достоен одговор на моето последно прашање ќе одам со следните.
Ме интересира дали во Библијата пишува нешто за 4-те јавачи на апокалипсата?
И зошто Библијата при доаѓањето до нејзината конечна форма претрпела огромни промени???
 

MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.398
Бидејќи добив достоен одговор на моето последно прашање ќе одам со следните.
Ме интересира дали во Библијата пишува нешто за 4-те јавачи на апокалипсата?
И зошто Библијата при доаѓањето до нејзината конечна форма претрпела огромни промени???
1. Четирите јавачи на апокалипсата (смрт, глад, војна...) се повеќе симболи за настаните пред почетокот од владеењето од антихристот, а не конкретни јавачи на коњи.

2. Промените не се толку „огромни„ колку што сакаш да ги прикажеш. Едноставно, оној кој ја составил Библијата, а тоа е Црквата, има право и да ја промени Библијата. Тешко дека ќе најдеш превод од Светото Писмо кој 100%-но одговара на записите од деловите од Писмото, забележани рачно од старозавените пророци и новозаветните Апостоли.

Конечно, смислата и целта од Светото Писмо не е да биде 100%-на копија од нечиј оригинал, туку да не‘ поучи и поправи.
 

kooperativa

Г-ин Пола Милениум
Член од
2 октомври 2012
Мислења
7.633
Поени од реакции
8.601
добро дојде мики. рано е за честитање нова година, така? ;)
 

MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.398
добро дојде мики. рано е за честитање нова година, така? ;)
Добро Те нашол, кооператива.
Не е рано, можеме да си ја честитаме световнава Нова година, а црковната ќе биде на Василица.
 

kooperativa

Г-ин Пола Милениум
Член од
2 октомври 2012
Мислења
7.633
Поени од реакции
8.601
Добро Те нашол, кооператива.
Не е рано, можеме да си ја честитаме световнава Нова година, а црковната ќе биде на Василица.
е па среќна и бериќетна нека е
него, ти ја славиш световната?
 

MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.398
е па среќна и бериќетна нека е
него, ти ја славиш световната?
Нека даде Севишниот живот и здравје и во ова Негово лето.
Световнава Нова година је на славам одамна, но не ми е проблем да ја честитам.
 

kooperativa

Г-ин Пола Милениум
Член од
2 октомври 2012
Мислења
7.633
Поени од реакции
8.601
Нека даде Севишниот живот и здравје и во ова Негово лето.
Световнава Нова година је на славам одамна, но не ми е проблем да ја честитам.
големо срце имаш мики, така треба, иако не ја славиш, бар ја почитуваш. дури и не ни забрануваш, if you know what I mean;)
--- надополнето: 4 јануари 2014 во 00:17 ---
него, кога сме кај календарите, кажи ми дали сметаш дека овој календар кој го користи цел свет е погрешен или вистински? дали науката погрешила или не?
 

Ipsissimus

P.I.
Член од
23 јули 2010
Мислења
15.582
Поени од реакции
12.949
него, кога сме кај календарите, кажи ми дали сметаш дека овој календар кој го користи цел свет е погрешен или вистински? дали науката погрешила или не?
Ова нема врска со религија, туку со астрономија. Јулијанскиот отстапува и поради тоа е непрецизен.
 

kooperativa

Г-ин Пола Милениум
Член од
2 октомври 2012
Мислења
7.633
Поени од реакции
8.601
Ова нема врска со религија, туку со астрономија. Јулијанскиот отстапува и поради тоа е непрецизен.
има, како нема? еве гледаш дека и самиот мики вели световна и црковна нова година. тотално две различни работи.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom