Прашање за Христијанството III

Член од
5 септември 2007
Мислења
3.848
Поени од реакции
960
Ај сега, посочи ми кој е „готвачот„ (творецот) на пеколот и тоа поткрепи го со неизбежниот „...библиски цитат...„; оти од цитатов што си го препишал, никако не можам да прочитам кој е творецот на пеколот, освен што пеколот е „...приготвен...„,...
7 ипол грама живи мозочни ќелии се доволни за да се увиди дека огненото езеро е создадено од Творецот Бог. Исус јасно вели „‘Одете си од Мене, проклети, во вечниот оган, приготвен за ѓаволот и за неговите ангели!“ Кој друг може да твори/создава освен Творецот, Создателот на се видливо и невидливо? И зар ѓаволот и демоните се до толку самомазохисти па самите ќе си создаваат и ќе си приготвуваат огнено езеро за бањање? :)

И плус фактот што ѓаволот и демоните ќе биде измачувани од Исус и дека Бог е Тој што може да погубува души во огненото езеро исто така говори дека тоа е создадено и приготвено од Бог за Судниот Ден.

И?
Како Христос ќе ги измачува демоните? На скара? На клада? Во лонец? Со трозабец?...

Аман купи си веќе еднаш Библија, све ја ли ќе те учам?

„„Ако некој му се поклони на Ѕверот, и на неговиот лик, и прими ознака на своето чело или на својата рака, и самиот ќе пие од виното на Божјиот гнев, што е налеано чисто во чашата на Неговиот гнев, и ќе биде мачен со оган и сулфур, пред светите ангели и пред Јагнето (Исус).“ (Откровение 14:10, Библијата)

Ти во еден од претходните постови наведе еден линк каде што демек некој објаснува дека Бог не е творец на пеколот...

Али барем да ги дочитуваше овие текстови што ги посочуваш, тогаш не би се изрезилил вака. Еве што пишува доле, веднаш под текстот:

=======================================
ЗАБЕЛЕШКИ:

1. Чувствувам должност да ги наведеме мислењата на Столбовите на Црквата, кои зборуваат спротивно од авторот. Свети Јован Златоуст говори: “Ѓаволот затоа и убедува некои да мислат дека нема пекол, за таму и да ги фрли. Напротив, Бог се заканува со пеколот и го ПОДГОТВИЛ за ние, знајќи за него, да живееме така за да не паднеме во пеколот”. (Полное собрание творениј св. Иоанна Златоуста. Т. 8. Кн. 2. М., 2002. С. 786).
....

Он (Бог) поради тоа ПОДГОТВИ две места, каде луѓето ќе се преселуваат по завршувањето на својот земен живот. Првото место Он го осветли со вечна светлина и го исполни со изобилни и неискажливи добра, а другото место го ИСПОЛНИ со непроѕирна темнина, неизгаслив оган и вечни маки. (Житие на Свештеномаченикот Патрикиј, епископ бруски. 19 мај. Житија на Светиите, Свети Јустин Ќелијски) – заб. на интернет приредувачот.
=======================================

п.с. Само да напомнам дека ова се православски извори и јас како христијанин се оградувам од деталите на текстовите, а ги цитирав само за укажам дека MIKI1 не е согласен ниту со православизмот.
 
Член од
19 март 2011
Мислења
18.984
Поени од реакции
40.199
Да не заборавиме дека библијата е духовна книга во која многу нешта се дадени во духовна смисла и метафора.
Исто да не заборавиме дека во Библијата никаде не пишува дека таа е духовна книга која треба да се толкува. Духовноста и толкувањето се измислени многу подоцна кога луѓето барем малку ги вклучиле мозоците и виделе какви се не глупости се испишани внатре.

Потоа секоја глупост станала духовна порака и метафора која мора да се толкува...:)
 

MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.398
7 ипол грама живи мозочни ќелии се доволни за да се увиди дека огненото езеро е создадено од Творецот Бог. Исус јасно вели „‘Одете си од Мене, проклети, во вечниот оган, приготвен за ѓаволот и за неговите ангели!“
Чии се тие 7,5 грама мозок, од кои се гледа каде Бог е творецот на пеколот?...:icon_lol:

Тоа што е пеколот подготвен, тоа не значи дека Бог го подготвил, туку значи дека „некој друг„ веќе го подготвил...

Стихот кој упорно го преповторуваш, никаде не кажува КОЈ го створил пеколот!
--- надополнето: 27 јуни 2013 во 15:06 ---
Аман купи си веќе еднаш Библија, све ја ли ќе те учам?

„„Ако некој му се поклони на Ѕверот, и на неговиот лик, и прими ознака на своето чело или на својата рака, и самиот ќе пие од виното на Божјиот гнев, што е налеано чисто во чашата на Неговиот гнев, и ќе биде мачен со оган и сулфур, пред светите ангели и пред Јагнето (Исус).“ (Откровение 14:10, Библијата)
.
И?

Каде пишува дека Бог (Христос) ќе биде мачителот? Во стихот пишува дека „...пред светите ангели и пред Јагнето...„ но не пишува дека мачењето ќе биде од ангелите и од Јагнето-Христос!

Пак конструираш, пак манипулираш, чедо манипулаторско! Иди прво самиот научи се пад дој мене да ме учиш...
--- надополнето: 27 јуни 2013 во 15:09 ---
п.с. Само да напомнам дека ова се православски извори и јас како христијанин се оградувам од деталите на текстовите, а ги цитирав само за укажам дека MIKI1 не е согласен ниту со православизмот.
И јас се се оградувам од Твоите манипулации со посочените стихови, оти очигледно е дека не ги разбираш, но типично протестантски, го вадиш од контекст!

П.С:

Патем, еве еден линк со поопширен текст:

http://www.pravoslavni-odgovor.com/Crkva_Hristova/ognjena_reka.htm

од кој може да се види црковниот став кон гневот Божји и да се види дека Бог не е Творец ниту на злото ниту на пеколот!

Од текстот може да види целата западно-римокатоличко-протестантска „теологија„ за Бога како „творец„ на наведените нешта, но и да се види спротивниот став од Црквата!
 
Член од
5 септември 2007
Мислења
3.848
Поени од реакции
960
Има ли упатство да знам кои приказни се буквално напишани а кои се метафора?

Како и во повеќето останати книги, метафората лесно се забележува.
Пример кога Исус вели: Јас сум вратата, јас сум патот, јас сум лебот, Мојот Татко е лозарот, јас сум лозата, а вие сте лозинките, кога за лебот вели „ова е моето тело“, а за виното „ова е мојата крв“ - сите овие се очигледни метафори и симболи кои секој зраворазумен човек ги забележува.
Понатаму кога Исус кажува некоја метафора во облик на илустрација (парабола), Тој на многу места дури и потенцира дека приказната е парабола (т.е. илустрација). Некои приказни дури и Самиот ги објаснува кои се значењата на субјектите и објектите во илустрацијата. (пр. илустрацијата со Сејачот кој сеел семе на различни видови почва ев. Матеј 13, Библијата)

На прсти се бројат тие места во Библијата каде што сериозните библиски проучувачи имаат доза на несигурнсот дали кажаното е буквално или симболичко и речиси сите тие се во книгата Откровение.
 
M

Muranyi

Гостин
MIKI1 Освен Господ,креирачка моќ имаат и демоните на чело со отпаднатиот анѓел?
Ова е толкување на Црквата или го пишува во Библијата,дека демоните го создале Пеколот?
 
Член од
5 септември 2007
Мислења
3.848
Поени од реакции
960
И?

Каде пишува дека Бог (Христос) ќе биде мачителот? Во стихот пишува дека „...пред светите ангели и пред Јагнето...„ но не пишува дека мачењето ќе биде од ангелите и од Јагнето-Христос!
„ И ете, (демоните) извикаа, велејќи: „Што имаш со нас Ти, Исусе Сине Божји! Дали дојде ваму, за да нè измачуваш пред време?”“ (ев. Матеј 8:29, Библијата)


И нема да има потреба од мачител што ќе треба да ги меша со греблото во казан со лава. Премногу цртани филмови гледаш, а не ја читаш Библијата Мики. Бог едноставно ќе ги погуби фрлајќи ги ѓаволот, демоните и непокајаните души во огненото езеро и тие самите ќе се измачуваат во таа втора смрт. Нема потреба некој да го меша езерото или да ги боцка со гребло.

„И не плашете се од оние кои го убиваат телото, а душата не можат да ја убијат. Туку плашете се повеќе од Оној, Кој може да ги погуби и душата и телото во пеколот.“ (Исус Христос, ев. Матеј 10:28)
--- надополнето: 27 јуни 2013 во 15:27 ---
Патем, еве еден линк со поопширен текст:

http://www.pravoslavni-odgovor.com/Crkva_Hristova/ognjena_reka.htm

од кој може да се види црковниот став кон гневот Божји и да се види дека Бог не е Творец ниту на злото ниту на пеколот!

Од текстот може да види целата западно-римокатоличко-протестантска „теологија„ за Бога како „творец„ на наведените нешта, но и да се види спротивниот став од Црквата!

Абе не ме замарај со дополнителни поопширни текстови. Од твојот претходен текст видовме дека Св. Јован Златоуст (високо поштован светец у православизмот) и Свештеномаченикот Патрикиј, епископ бруски. велат дека пеколот го создал Бог. И шо сеа сакаш да кажеш дека Св. Јован Златоуст не бил православен? :)
 

MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.398
MIKI1 Освен Господ,креирачка моќ имаат и демоните на чело со отпаднатиот анѓел?
Ова е толкување на Црквата или го пишува во Библијата,дека демоните го создале Пеколот?
Muranay,

она што сигурно не е напишано во Библијата, тоа е дека пеколот е создаден од Бога! Дека пеколот е создаден од самите демони, тоа е став од Црквата, од проста причина: никаде во Писмото/Библијата не е нагласено дека Бог го створил пеколот, туку пишува дека пеколот е „...подготвен...„, но не пишува од кого е подготвен, исто како што никаде не пишува дека пеколот е створен! „Подготвен„ и „створен„ не се исти нешта!

Да, демоните се во состојба да створат „нешто„ но тоа „нешто„ не е од материјална туку од духовна природа! Така, демоните го створија пеколот не како „простор„ (оти демоните не се материјални па да им треба простор/место за свое сместување) туку демоните го створија пеколот како состојба, како начин на битисување без Бог, во која (состојба) најдобро се чувствуваат.

Веќе имам објаснето дека пеколот пред се‘, треба да го прифатиме како состојба/расположение од човековите души, а дури потоа, пеколот да го прифатиме како „место„ за „сместување„ на неправедниците.
 

Атеист

Дежурен Шаман
Член од
2 февруари 2010
Мислења
7.682
Поени од реакции
4.921
Веќе имам објаснето дека пеколот пред се‘, треба да го прифатиме како состојба/расположение од човековите души, а дури потоа, пеколот да го прифатиме како „место„ за „сместување„ на неправедниците.
А кој ќе ги смести таму? Бог? Нели тој ќе суди кој оди во рајот а кој во пеколот? Откако некого ќе осуди на пекол, ќе го препрати кај другар му Сатаната, така?

Чорбаџија истото прашање, ако може одговор.
 

MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.398
„ И ете, (демоните) извикаа, велејќи: „Што имаш со нас Ти, Исусе Сине Божји! Дали дојде ваму, за да нè измачуваш пред време?”“ (ев. Матеј 8:29, Библијата)


И нема да има потреба од мачител што ќе треба да ги меша со греблото во казан со лава. Премногу цртани филмови гледаш, а не ја читаш Библијата Мики. Бог едноставно ќе ги погуби фрлајќи ги ѓаволот, демоните и непокајаните души во огненото езеро и тие самите ќе се измачуваат во таа втора смрт. Нема потреба некој да го меша езерото или да ги боцка со гребло.
Чорба, чедо манипулаторско,

почна и на демоните да им веруваш? :icon_lol: Па добро бе, од кога демоните ја кажуваат вистината? :icon_lol: И дај конечно, кажи на кој начин и со кои средства Христос ќе ги мачи демоните? Или пак ќе пласираш половични цитати, од кои самиот ќе си вадиш „заклучоци„?....

Спред Тебе. Христос ќе ги мачи демоните, а сега ми велиш дека, цитирам: „...И нема да има потреба од мачител што ќе треба да ги меша со греблото во казан со лава....„

Добро бе, кој овде гледа „цртиќи„?
--- надополнето: 27 јуни 2013 во 15:36 ---
Абе не ме замарај со дополнителни поопширни текстови. Од твојот претходен текст видовме дека Св. Јован Златоуст (високо поштован светец у православизмот) и Свештеномаченикот Патрикиј, епископ бруски. велат дека пеколот го создал Бог. И шо сеа сакаш да кажеш дека Св. Јован Златоуст не бил православен? :)
Не бе. чедо, не Те замарам, туку Ти намерно болтуваш делови од нивните ставови, кои, очигледно, не сакаш да ги прочиташ до крај!
 
Член од
5 септември 2007
Мислења
3.848
Поени од реакции
960
Веќе имам објаснето дека пеколот пред се‘, треба да го прифатиме како состојба/расположение од човековите души, а дури потоа, пеколот да го прифатиме како „место„ за „сместување„ на неправедниците.

Ти го сфаќаш како состојба и расположение, некој друг како емоција, трет како медитација. Али Светото Писмо го нарекува „втората смрт“, огнено езеро што гори со запален сулфур, место каде што ќе се излие Божјиот гнев врз ѓаволот, демоните и непокајаните души, место на мачење и погубување.
 

MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.398

Така е! :D
Се шегувам де...

На Судот, Христос ќе изврши одвојување на праведните од неправедните, а секој од нив, ќе си замине на местото кое самиот си го одбрал! Судот Христов ќе биде јавен и праведен, за да нема „поплаки„ и некој да не се пожали дека не добил што заслужил!
--- надополнето: 27 јуни 2013 во 15:43 ---
Ти го сфаќаш како состојба и расположение, некој друг како емоција, трет како медитација. Али Светото Писмо го нарекува „втората смрт“, огнено езеро што гори со запален сулфур, место каде што ќе се излие Божјиот гнев врз ѓаволот, демоните и непокајаните души, место на мачење и погубување.
Емоција?

Од кога духовноста стана емоција/душевност?
Што врска има медитацијата со пеколот? Кој медитира за да го доживее пеколот?:confused: Што врска имаат источно-азиските мудрувања со Писмото?

Светото Писмо го нарекува пеколот како „втора смрт„ а во Црквата постои и изразот „вечна смрт„!
 
Член од
5 септември 2007
Мислења
3.848
Поени од реакции
960
почна и на демоните да им веруваш?
Да не била таму Вистината (Христос), не би им верувал. Но тие збореле со Исус и тоа пред апсотолите и Исус не ја исправил нивната евентуална (според тебе) лага, туку им ја исполнил молитвата да ги прати во свињите.
Башка тие го нарекуваат Исус Божји Син. Очигледно дека тогаш биле искрени, а какви и би биле кога стојат со трепет пред чистата Вистина?

Не бе. чедо, не Те замарам, туку Ти намерно болтуваш делови од нивните ставови, кои, очигледно, не сакаш да ги прочиташ до крај!

Не бе пријателеле. Ти си тој што не ги прочита православскиот текст до крај. Впрочем, да ги беше прочитал до крај, ти немаше да се изрезилиш и да постираш нешто што е спротивно на твојата догма :) Ти си тој што вели дека Бог не го подготвил пеколот и ти си тој што го постираше овој текст каде што Св. Јован Златоуст и свештеномаченикот Патрикиј велат дека Бог го подготвил :)

Ајде, наместо да преташ и квичиш и навредуваш, барем биди доблесен и признај дека те фативме во контрадикција и недоволно познавање на својата православска вера. Ајде, кој признае, пола му се прашта :)
 

Атеист

Дежурен Шаман
Член од
2 февруари 2010
Мислења
7.682
Поени од реакции
4.921
На Судот, Христос ќе изврши одвојување на праведните од неправедните, а секој од нив, ќе си замине на местото кое самиот си го одбрал! Судот Христов ќе биде јавен и праведен, за да нема „поплаки„ и некој да не се пожали дека не добил што заслужил!
И ова Духовно го провери или ... како долу
Еве: верувам дека .....
Значи веруваш на напишаното ама немаш знаење за истото.
 

MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.398
Да не била таму Вистината (Христос), не би им верувал. Но тие збореле со Исус и тоа пред апсотолите и Исус не ја исправил нивната евентуална (според тебе) лага, туку им ја исполнил молитвата да ги прати во свињите.
Башка тие го нарекуваат Исус Божји Син. Очигледно дека тогаш биле искрени, а какви и би биле кога стојат со трепет пред чистата Вистина?
Аааа, значи демоните зборуваат вистина кога се пред Христа а кога не се, зборуваат лага?...:D
И плус, биле „искрени„? Искрено во што? Дека Го препознале својот Творец?...А пред тоа, не Го познавале?
 
Член од
5 септември 2007
Мислења
3.848
Поени од реакции
960
А кој ќе ги смести таму? Бог? Нели тој ќе суди кој оди во рајот а кој во пеколот? Откако некого ќе осуди на пекол, ќе го препрати кај другар му Сатаната, така?

Чорбаџија истото прашање, ако може одговор.
Батали ги неаргументираните и контрадикторни тралалајќи на Мики1. Сатанта нема никаква извршна улога на Судниот ден. Тој ќе биде на обвинетелната страна исто како и демоните и непокајаните души и сите тие ќе бидат фрлени и погубени во огненото ерезо каде што ќе ја искусат втората и неповратна смрт.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom