За студентски дом не знам точно како е друг нека ти објасни.
Државна квота кошта 200 евра годишно, приватна е 400. Плакаш на две рати, во септември и во јануари/фебруари кога заверуваш/запишуваш семестар.
За испити, таксени марки, документи за уписи ти требаат уште 3000 до 6000 денари годишно, плус минус.
Постапката за упис. Ќе си отвориш веб страната на факултетот на кој сакаш да студираш и ќе си прочиташ што документи ти бараат.
Страната на УКИМ
www.ukim.edu.mk и од таму имаш конекција до сите факултети кои се под капата на УКИМ.
Ако студираш во Скопје можам да ти кажам, кирија во стан со цимери би ти била од 50 евра нагоре плус сметки околу 50 евра.
Друго нешто што те интересира?