Бог Синот т.е. Бог Словото, се раѓа пред времето од Бог Отца. Во времето Христос на надумен начин бива зачнат од Светиот Дух и Марија Дјева и се вочовечува.
Ангелите се создадени во времето, но пред создавањето на видливиот, т.е. материјалниот свет.
Истите клучови кои ги добива св. ап. Петар ги имаат и сите православни (евентуално и римокатолички) попови и владици. Со тие клучови им се отвораат рајските порти на тие што се кајат и ги исповедуваат своите гревови, а им се затвораат рајските порти на оние кои не се кајат и не ги исповедувааат своите гревови.
За небесната јерархија можеш да прочиташ овде.
http://www.verujem.org/teologija/dionisije_areopagit_nebeska_jerarhija.htm
Ама внимавај, ангелите се слуги и војници на Троединиот Бог, а помошници и молители само за оние кои веруваат во Бог Света Троица. За сите други се извршители на гневот Божји.
Постојат 7(8) архистратизи кои и` се познати на светата Црква, а тоа се:
1. Михаил водачот на небеските сили и победникот во војната со Сатаната
2. Гаврил великиот благовесник и ангел хранител на Пресвета Богородица
3. Рафаил, го има во книгата Товит
4. Урил
5. Јегудил
6. Варахил
7. Салатил
8. Јеремил