Она што се случува во димензијата време и простор и се што е на ниво на природа, материја и нејзините закони, не е доволно за човечкиот капацитет, напротив, тоа го заробува човекот, тоа му се случи на првиот човек, Адам.
Така и Вознесението ако го прифатиш само како историски настан, а без да влезеш во личносна релација со Бог, т.е. Неговата Црква во нејзиното живо личносно предание, останува само знаење од информациски карактер.
1.Ова е проблем на современиот човек, последица од схоластиката,прима информации, ги складира, разработува=знаење, потоа врз таа основа делува.
2.Црквата исповеда жив, личносен, слободен однос како начин на егзистенија, во кој единствено личноста може да се пројави како уникат и идентитет.
Направи јасна разлика меѓу овие два начина за да можеме да се разбереме:
првиот е на ниво на природа(ропство)-античовечки, вториот на ниво на личност(слобода)-човечки.