Прашања за Христијанството II

Статус
Затворена за нови мислења.
В

влијателен

Гостин
...
Додека не се ослободиш од т.н. информатичко знаење, неможеш слободно да му пристапиш на Бог...
Да бидам искрен, не разбрав многу од тоа што си напишал. Ама нели сето знаење на кое се темели твојата вера е „информатичко“?
 
spiros

Шалом Алеихем!
Член од
7 септември 2008
Мислења
3.225
Поени од реакции
986
Одамна погледнав, и најдов друга вистина, која што вели дека твојата „Вистина“ (која што патем и не е твоја „вистина“, туку нечија наметната од брошурката) е лага
.

Човекот кој што се’уште неможе да увиди дека Милоста БОЖЈА е првата (алфа) и крајната (омега) Вистина и затоа и’ се противи на истата, тој се’уште не прогледал вистински!

Отецот Небесен - иако сака - никогаш нема да те присили да Ја прифатиш Вистината!

Чао

.
 
Член од
3 јули 2012
Мислења
162
Поени од реакции
28
Да бидам искрен, не разбрав многу од тоа што си напишал. Ама нели сето знаење на кое се темели твојата вера е „информатичко“?
Ти не знаеш да читаш меѓуредови?
Бог сакаше да се измисли „информатиката“
 
liberij

ТЕРИРЕМ
Член од
3 април 2012
Мислења
2.037
Поени од реакции
1.018
Е па ете, бидејќи вчера го спомна Вознесението Христово, кажи како тој настан не се темели на „информатички“ податоци.
Она што се случува во димензијата време и простор и се што е на ниво на природа, материја и нејзините закони, не е доволно за човечкиот капацитет, напротив, тоа го заробува човекот, тоа му се случи на првиот човек, Адам.
Така и Вознесението ако го прифатиш само како историски настан, а без да влезеш во личносна релација со Бог, т.е. Неговата Црква во нејзиното живо личносно предание, останува само знаење од информациски карактер.
1.Ова е проблем на современиот човек, последица од схоластиката,прима информации, ги складира, разработува=знаење, потоа врз таа основа делува.
2.Црквата исповеда жив, личносен, слободен однос како начин на егзистенија, во кој единствено личноста може да се пројави како уникат и идентитет.
Направи јасна разлика меѓу овие два начина за да можеме да се разбереме:
првиот е на ниво на природа(ропство)-античовечки, вториот на ниво на личност(слобода)-човечки.
 
Let 3

The Nipple Erector
Член од
13 јули 2008
Мислења
30.896
Поени од реакции
31.277

Накратко речено, то што историја, археологија логика и наука побива и кажува спротино на она што пишува во Нов завет не е битно.
 
liberij

ТЕРИРЕМ
Член од
3 април 2012
Мислења
2.037
Поени од реакции
1.018
[quote="Атеист, post: 5184469, member: 37380"
Аха.... интересно.
Личносниот (по мене) има име...

за мене е можда Тор, Зевс, Брама, Универзум..... Имаш ти нешто против лични мислења?
[/quote]
За жал ова се имиња само на физички закони и феномени.:(
 
В

влијателен

Гостин
...Така и Вознесението ако го прифатиш само како историски настан, а без да влезеш во личносна релација со Бог, т.е. Неговата Црква во нејзиното живо личносно предание, останува само знаење од информациски карактер....
Како да одам понатаму, кога не можам да го прифатам ни историскиот настан како вистина? Ова значи дека секој може да измисли натприроден настан на кој ќе ја заснова својата филозофија. Има многу такви примери.
 
liberij

ТЕРИРЕМ
Член од
3 април 2012
Мислења
2.037
Поени од реакции
1.018
Како да одам понатаму, кога не можам да го прифатам ни историскиот настан како вистина? Ова значи дека секој може да измисли натприроден настан на кој ќе ја заснова својата филозофија. Има многу такви примери.
Не е во тоа проблемот, туку твојот однос кон вистината.
Што за тебе претставува недвосмислено и во што си 100 % сигурен?
 
В

влијателен

Гостин
Не е во тоа проблемот, туку твојот однос кон вистината.
Што за тебе претставува недвосмислено и во што си 100 % сигурен?
Не знам дали можам во нешто да бидам 100 % сигурен, ама за вистина сметам нешто на што никој нема разумни забелешки за веродостојноста.
Кога се работи за нешто од кое зависи цела вечност на душата на човекот, очекувам семоќната волја да најде начин и недвосмислено да презентира како луѓето да остварат личносен однос со неа, е после, кој одбива, заслужува „казна“.
 
liberij

ТЕРИРЕМ
Член од
3 април 2012
Мислења
2.037
Поени од реакции
1.018
Не знам дали можам во нешто да бидам 100 % сигурен, ама за вистина сметам нешто на што никој нема разумни забелешки за веродостојноста.
Колку немањето разумни забелешки за веродостојноста на вистината може да е веродостојно, т.е. вистина?
Кога се работи за нешто од кое зависи цела вечност на душата на човекот, очекувам семоќната волја да најде начин и недвосмислено да презентира како луѓето да остварат личносен однос со неа, е после, кој одбива, заслужува „казна“.
Идејата за казна и парцијалноста на човекот разбран по идентитет како душа ми се одбивни и не ги прифаќам и се во контрадикторност со воспоставување на личносен однос.
Поставувањето на очекувањето на твојата теза кон семоќната волја, ако ја признаваш за семоќна, не гледам зошто по аналогија на семоќноста не очекуваш дека има начин и недвосмислена презентација, туку напротив се сомневаш и ти е двосмислена?
 
Затоа што нема една презентација, односно нема еден начин кој тврди дека обезбедува личносна релација со Бог, има многу.
 
liberij

ТЕРИРЕМ
Член од
3 април 2012
Мислења
2.037
Поени од реакции
1.018
Затоа што нема една презентација, односно нема еден начин кој тврди дека обезбедува личносна релација со Бог, има многу.
Бог има посебен, специфичен однос со секого од нас бидејќи сите ние сме посебни и единствени и така му се обраќаме, оттаму и многу презентации, исповедувања...
Она што е важно е Божјото откривање генерално на човекот како Личност, кое го исповеда Црквата и го повикува секој слободен така да Му пристапи доколку сака.
Ова откривање, откровение Божјо, Бог не го ограничува на единствено и така му овозможува на човекот како што гледаме низ историјата самиот да размислува, заклучува, прифаќа, одбива..., се со цел да не му ја наруши слободата, во спротивно човекот без слободата би бил уништен во буквална смисла.
Ова не го прави Бог Немоќен, Неправеден, Суров..., напротив му обезбедува услови за реализација на човековата личност која е клучна егзистенцијална основа за човечкото постоење.
Доколку би настапил со Божја интервенција единствено без човечката корелација(макар и погрешна, каква што и е), тогаш би го претворил човекот во свое куќно милениче т.е. би го убил како човек.
 
Атеист

Дежурен Шаман
Член од
2 февруари 2010
Мислења
7.682
Поени од реакции
4.921

Велиш различен и специфичен однос. ОК. За некого значи е Зевс, за некого Тор, за некого Јахве, Алах, Брама........ за некого Универзум, за некого Спинозиниот „бог“
А согласно болдираното, бог не е воопшто потребен во нашиот живот, ниту пак спознание дали постои или не. Уште пак помалку некаква благодарност (молитви, клањања и сл.) кон неговите творби.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom