Во поголемиот дел од приказните се провлекува само една иста работа.
А тоа е „смртта“.
Ставам во наводници бидејќи не се однесува на смрт онаква каква познаваме.
Кога Ное влегол во арката и настанал потопот всушност умира Ное,а не надворешниот свет.
А штом умираш ,како да не постојат сите околу тебе,односно со метафора тие умреле.
Затворен со сите можни животни кој постојат на земјата и тој помеѓу нив истите ги раниш.
Секој човек можеш да го споредиш со животински карактеристики и поими што ги отсликува животните.
Некој лета многу високо-орел,друг е груб и тежок -мечка,некој постојано бега од опасност-срна,друг брзо се лути и оштро напаѓа-леопард,друг е лукав како змија итн ова се само примери кој можеш и самиот да ги видиш кај луѓето кој несвесно реагират на одредена случка или настан и животинскиот инстикт излегува на површина.
Сите тие особини се со Ное,но затворени внатре.
Земени се по две машко и женско,кажувајќи дека во него се застапени и машката и женската особина,но и детската.
Треба само да наљудуваш.Можеш и самиот да се препознаеш во некој животински карактер.
Но кога човек „умира“, ништо од тоа него не го отсликува,бидејќи ништо од надворешниот свет не допира до него ниту му буди некакви чустава и емоции,тој ниту знае кој е и што е.
Едноставно како да не припаѓа во средината во која живее.Како да е од друга планета.
Или кажано како да е вон себе!
Неговата потрага за себе си е токму патот по морето преставено со Ное и што таков човек доживува додека не стигне на цврста земја и излезе од морето-мислите.Ное се бара себеси.
За разлика од него вие знаете кој сте и што сте и на својот борд имате кормило(слободна воља) и одредено животно со еден пол кое го раните во себе и во одредени ситуации го пуштате надвор.
Сруши го тој брод и изгради друг без кормило и ти ќе бидеш како Ное.
Тоа е отсликано со она, ново вино се става во нови мевови.
Во многу случаеви истиотото го опишуваат и други религии и филозофии, но со малку поинаква содржина и не толку стресна за читателот.
Зависи од бродот,кој има ,кој нема кормило.
Тој што има кормило,сака да праи нешто,
тој што нема,другите се мртви за него.