За Христијанството зборувам од лична, внатрешна, црквена, искуствена перспектива, затоа негирам. Поистоветување со лоши примери и надворешна перцепција не е релевантно искуство, за да се тврди спротивното, бидејќи Бог ги поставил работите како што треба.
Оној што тоа не го почитува не го прави Христијанството религија.
Догмата не слепо прифаќање, тоа е бесмислено, туку е процес на испитување, размислување, проверување..., тоа го покажува историјата на Црквата (пр. догмата за св.Троица...), Христос дури не советува "да ги испитуваме духовите".
Како што јас те разбирам, ти велиш дека секој Христијанин треба да воспостави своја лична, црквена, искуствена перспектива кон нештата кои с енепознати од денешен аспект.
И, тоа е сосема во ред. За некого Ное навистина пренел на дрвена барка се живо и диво, за некого тоа ќе биде духовна состојба, за некого дрвената барка ќе биде вселнски брод итн...
Значи нема наметнување во толкувањето.
Ете ја книгата, таа е, сите знаеме да читаме, кој како разбере.
И за многумина Ана КАренина е импозантно дело на еден голем руски писател, мене пак пораката од тоа дело ми личи на фрустрација опишана од чоек кој не можел да се отрезни со денови по нанесената загуба и болка во љубовта.
Секој со своите размислувања.
Сите се точни и ниедно не е точно.
Околу догмата. Ако било така како што ти велиш, тогаш ќе немало неверници, туку сите ќе се туделе да секоја догма ја подвргнат н аиспитувања, размислувања и проверувања.
Но, историјата го покажала токму спротивното.
Кога Галилео се обидел да укаже дека не е точна догмата на Црквата околу центарот на Вселената го запалиле.
Кога Дарвин ја поставил теоријат ана Еволуција, веќе не постоела Инквизицијата и моќта на црквата не била толку силна, па куртулил типот.