Ако една е вистината и една е црквата, зошто пшостојат илјадници христијански деноминации?! Зошто постои раскол, несогласувања и различни толкувања?!
Пак ја промаши суштината! Вие немате критериум или "клуч", со кој би се усогласиле! Наместо тоа, секој толкува "на своја рака" или онака како што тој мисли дека е точно. Па така денес имаме илјадници подправци на христијанството, и секој од нив си тврди дека токму тие ја имаат Вистинската суштина или верзија.
Невски нападот е најдобра одбрана само во одредени ситуации. Ти не си компетентен да даваш суд за нешто кое не го познаваш. Самиот си призна дека праксите на кабалистите ги сметаш за уништување на умот, а без пракса немаш можност за увид во суштината на материјата која ја критикуваш.
Плус, на тема за христијанство, даваш оценки и судови за сосема друга тематика, со што одиш офтопик.
--- надополнето: 21 април 2012 во 22:45 ---
А каде реков јас дека имам "клуч" потребен за другите да ме разберат? Поентата беше дека библијата во одредени случаи се толкува буквално, а во одредени метафорички, без притоа да се има "клуч" со кој таа алегорија би ја одкрила суштината на читателот. Или во најмала рака, нема општо прифатен критериум, со кој симболиката би ја одкрила суштината на верниците. Токму поради тоа, постојат толку многу фракции, несогласувања и толкувања.