Тоа што Бог одапред ги знае нашите избори, не не обврзува нас да ги вршиме. Логично нели?
Не е. Или ти користиш духовна логика, која ние обичните смртници не ја разбираме. Ако ние направиме нешто друго од она што Бог го знае, тоа ја укинува неговата семоќ. Како може едно семоќно суштество да биде изненадено од акт на неговата креација?
Нема бегање Ацика, или Бог е семоќен па слободна воља не постои, или не е семоќен, ама така рисјаните ќе ги боли задникот од секс...
И еве ти пред спиење, нешто за да се расположиш.
На подфорумот религија има неколку теми во кои атеистите и религиозните се обидуваат да си ја докажат својата вистина едни на други. Мислам дека ниту една од тие теми не задира во сржта на проблемите. Ниту еден верник нема да биде поколебан со изнесување на научни аргументи против религијата, исто како што ниеден атеист нема да биде преобратен со повикување на настаните опишани во Библијата. Тоа се едноставно две различни равни на постоење кои не се допираат. Меѓутоа постои дискурс кој е разбирлив за двете страни, и каде што може да се спори без да се промашуваат аргументите, а тоа е етичкиот дискурс, проблемите поврзани со доброто и злото.
Овде сакам да поставам теза, која впрочем е поставувана многу пати во историјата, дека идеата за семоќен Бог, кој е истовремено Љубов, при постоење на Зло со голема буква, а најголемата лага која било кога му е продадена на човештвото. Значи еве ги тезите:
Теза 1. Бог е семоќен. Иако имам логички и емпириски проблем да поимам што значи еден ентитет да биде семоќен ја прифаќам тезата како таква. Значи прифаќам дека Бог е семоќен. Овде не интересираат два аспекти на неговата семоќност, ќе ги обележиме со подтеза 1.1 и подтеза 1.2.
Подтеза 1.1. Бог во својата семоќ е создател или креатор на СЕ постоечко. Значи СЕ. Да не има покасно некои недоразбирања, тој создал апсолутно СЕ. Целата жива и нежива природа, и сите ентитети кои не се дел од овој видлив материјален свет. Значи дека тој го создал Човекот, животните, неживата природа, Ангелите, Ѓаволот, Змијата од рајската градина, апсолутно се.
Подтеза 1.2. Бог е нетемпорален, односно е над времето. Тој како создател на се, па и на времето, не може да биде ограничен од својата креација. За него минатото, сегашноста и иднината се едно, односно има пристап до секој момент од она што ние го нарекуваме време. Признавам дека мене, како на една бедна креатура обележана со трите временски екстази, минатото, сегашноста и иднината ова ми е непоимливо, но го прифаќам како такво, дека Бог во својата семоќ може да биде истовремено во минатото, сегашноста и иднината, односно дека се за него се е еден момент.
Теза 2. Бог е добар, односно тој е Љубов. Бог ги сака луѓето. Чинот на создавање на човекот во религијата се интерпретира како чин на љубов, Бог го создал човекот затоа што го сакал.
Теза 3. Во светот постои Зло. Значи зло со голема буква. Овде зборувам за зло кое е тешко поимливо, за неверојатни ужаси кои се имаат случувано низ историјата и кои се уште се случуваат. За полесно да разбереме за какво зло се зборува, ќе ги оставиме настрана духовните страдања, ќе зборуваме само за физичка болка. Набивање на колец, кинески лонец, вадење на ноктите кај Ирокезите, репертоарот на мачења е импресивен. Пред некој ден прочитав за едно 11 годишно девојче кое било силувано од неколкумина возрасни лица, и кое потоа било каменувано од соселаните затоа што било силувано. Можете ли да го замислите нејзиниот ужас и нејзината болка? Размислете за сите кои паднале во рацете на Јужно Американските полиции како експерти за мачење, или на сите луѓе во концентрационите логори, оставени комплетно на милост и немилост на некој психопат. Пробајте да се замислите во нивната ситуација, и ќе сфатите за какво Зло ви зборувам.
Тоа се трите тези, Бог е семоќен, Бог е Љубов, Во светот постои Зло. Тие три тези имаат еден проблем, имено се судруваат една со друга. Зошто постои зло во светот и кој го создал? Како е можно да постои зло во светот кој е создаден од Доброто и Љубовта?
Религијата вели дека светот бил создаден добро (добро беше вјеома) и дека човекот бил создаден како добар и безгрешен, но тој е крив за падот и изгонот од градината. ОК, нека биде и така. Човекот згрешил, па сега ќе страда. Меѓутоа, подтезата 1.2 вели дека Бог е нетемпорален, не е ограничен од времето. Бог знаел (знае, ќе знае) дека тоа ќе се случи. Секој момент од историјата за него е отворена книга, се може да види. Моментите на агонија на силуваното и каменувано девојче за него се случиле многу пред да и се случат на девојчето. Како е тој Бог Љубов и добрина? Значи тој знаел дека сето тоа ќе се случи па го дозволил. Знеал дека ќе се случи падот на човекот, знеал и за змијата која ќе го измами човекот, уште повеќе тој ја создал змијата, во согласност со подтезата 1.1. Кој е одговорен за Злото? Очигледно Бог, затоа што тој го создал СЕТО постоечко при тоа ЗНАЕЈЌИ дека историјата ќе се случува онака како што се случила. Значи не човекот, не змијата, не Ѓаволот, туку Бог е одговорен за Злото низ историјата. Тоа следува од Тезата 1 и подтезите 1.1 и 1.2 кои се прифатени од Христијанската теологија.
Ова е многу повеќе од умствена гимнастика, затоа што христијаните треба да се запрашаат, на кој Бог му се молат, и која е цената која тие се спремни да ја платат за да стигнат во Рајот? Зарем не им е срам преку коските на силуваното девојче од примерот да коленичат до Рајот? Јас би се срамел да сум на нивно место. Молејќи му се на тој Бог кој го нарекуваат Љубов, тие го одобруваат сите злосторства кои се имаат случено низ историјата како цена за тие да стигнат во Рајот. Мене таа цена ми е превисока, и одбивам да одам таму, и одбивам да бидам во нивно друштво...