Ете на пример јас не го спорам воскресението Христово, напротив.
Јас прашувам што е целта на тој моќен потез - покажување сила или нешто друго?
Не би можел да ги кажам сите причини за Христовото воскресение (кои верувам дека само Тој/Бог ги знае), но ќе пишам неколку кои се јасно откриени во Библијата.
1. Христовото воскресение беше (и се уште е) знак за неверните.
„Тогаш некои од книжниците и фарисеите Му одговорија, велејќи: „Учителе, сакаме да видиме знак од Тебе.” А Тој им одговори и рече: „Зло и прељуботворно поколение бара знак, и нема да му се даде знак, освен знакот на Јона пророкот. Зашто, како што Јона беше во утробата на големата риба три дни и три ноќи, така и Синот Човечки ќе биде во срцето на земјата три дни и три ноќи.”“ (
ев. Матеј 12:38-40, Библијата)
2. Христовото воскресение е охрабрување за верниците, за нивното идно воскресение. (
1 Коринтјаните 15:12-20, Библијата)
3. Христовото тело било свето и Бог не можел да дозволи да изгние и црви да го јадат. Тоа го гледаме во едно од пророштвата за Христос:
„Зашто нема да ја оставиш мојата душа во Подземјето (Шеолот), ниту ќе дозволиш твојот Светец да види гниење. “ (
Псалм 16:10, Библијата)
4. Христовото воскресение е нужна последица од Христовата победа над смртта, од Христовото искупително дело. Малку глупаво би било кога Исус со својата смрт би платил за гревовите, би ја победил моќта на гревот и смртта, а самиот Тој би останал да гние во гробот. Тогаш би било смешно и проповедањето на христијаните и секој би можел да им приговори „Абе какво идно воскресение, ене го вашиот Воскреснувач гние во гробот. Ако Тој може да не воскресне нас, прво ќе се воскреснеше себе си.“
Ова имплицитно следува од (
1 Коринтјаните 15:12-20, Библијата)
5. Кога збориме за задгробниот живот, многу луѓе велат „Абе кој се вратил од таму па да каже како е?“. Христовото воскресение обезбедува одговор на ова прашање: „Епа Христос се врати од таму и кажа како е. Не ја задоволи нашата љубопитност, не ни објави детали, но ни го кажа најглавното. Има две дестинации. Едната е добра, другата лоша. Доколку го читаш ова, ти се уште можеш да избереш каде ќе се движиш.“