Ќе се заплеткаме пријателе.
Како знаеш дека нештото нема почеток и нема крај, кога нашата ограниченост не ни дозволува да осознаеме такви неограничени работи.
Она што многумина тука го пласираат како теза за бесмртност налик твојата дека нема почеток и нема крај, математички се сведува на мерливо множество со мера 0(нула)
Или поедноставено, прифатена догма или аксиома која се користи за докажување на некои други нешта.
Што со твојава теза за беспочетност и бескрајност ти ќе покажеш?
Како оваа теза го карактеризира Бог и неговите дејанија врз планетава, почнувајќи од Ева и змијата па до второто Христово доаѓање.
Никако. Одвоена е како сама догма, доволна на самата себе и постои само за себе и за ништо друго. Негација на конечноста. Или има нешто плус?
--- надополнето: 5 април 2012 во 01:28 ---
И премостен ли е јазот? Јас се сомневам.
Стана Човек и Воскресна, ни покажа дека е тоа можно. И ?
Само за него и за никој друг пред и после него.
Што всушност ни покажа ТОј?
Неговата неизмерна моќ или пак начинот како да стигнеме до него?
Засега се укажува на првото.