Прашања за Христијанството II

Статус
Затворена за нови мислења.

Donald Sikert

Jane Vitington
Член од
28 ноември 2008
Мислења
8.283
Поени од реакции
5.614
Веројатно мислеше на често користениот “аргумент“ на хистијаните, не верувам дека е и твој став.
Па не веруваш оти си атеист, неверник:P

Поимот "аргумент" полека ја губи својата тежина во вакви дискусии.

Поарно е да одиме со термините верувам во или не верувам во:P

Поимот логика одаман расчистивме дека е бедна измишљотина на науката за да се дискредитира црковното толкување на вистината.

Затоа воведовме термин духовна логика.:P
 
Ipsissimus

P.I.
Член од
23 јули 2010
Мислења
15.582
Поени од реакции
12.949
За да те индуцира и насочи на вистинското спознание, оти рогатиот демне од секаде и во секој момент. Само чека на грешки и лови.

Твојот личен слободен однос може да те однесе во амбис. За да не се случи тоа имаш посредник, еден од Светата Тројца.

Другите ќе ги спознаеш веројатно откако ќе поминеш преку првиот праг.

Тежок и трнлив е патот до вистината.

Покајанието е единствениот пат.

Покај се и си завршил половина од работата.

Покај се и свиркај си.

Тогаш Бог ќе те најде тебе, а не ти него:D

Се разбира ако во меѓувреме одолееш на сите стапици и искушенија на рогатиот.:vozbud:
А што ако посредникот е рогатиот? Нели беше татко на лагата?
И зошто би бегал од искушенијата? Зарем небеа тие начин да надминеш, да ги отфрлиш од себе илузиите?
Имаше една поговорка која вели, кукавицата умира илјада пати, храбриот само еднаш.
 
Donald Sikert

Jane Vitington
Член од
28 ноември 2008
Мислења
8.283
Поени од реакции
5.614
Во тоа е слободата, кога комуницираме личносно подразбира слобода на откривање на личноста онака како и колку сака. Субјективноста, спецификата на личната слобода е запазена.

Мора Посредник да биде Христос за да се премости јазот меѓу создаденото(смртното, човечкото)и несоздаденото(бесмртното, божјото).
Многу философија пријателе, а во суштина празни зборови.

Какво е поимањето на бесмртното?

Не може да бараташ со тој поим преку субјективно перцепирање на истиот. Мора да има сеопшта перцепција на тој поим.
 
Ipsissimus

P.I.
Член од
23 јули 2010
Мислења
15.582
Поени од реакции
12.949
Мора Посредник да биде Христос за да се премости јазот меѓу создаденото(смртното, човечкото)и несоздаденото(бесмртното, божјото).
Затоа стана Човек, умре за да Воскресне.
Можеби за тебе има смисла ова, за мене нема. Неможеш да имаш личен однос со било што или било кој, ако имаш посредник.....мислам, тоа е барем јасно.
 
Хехе поговорката е таква, ама никој не ја практикува.

А па за да не те заебе рогатиот, тука е црквата, онаа вистинската нели, за да те подучи како да ги избегнеш неговите стапици.:P

Заебана работа тоа земските искушенија.

Ако рогатиот ти намести ситуација со три плавуши спремни за целовечерна сеанса, тогаш ако не успееш да ги задоволиш ќе добиеш негативна оценка и паѓаш.

Затоа е тука црквата која ќе те советува да го заобиколиш таквото искушение.:):vozbud:
 
liberij

ТЕРИРЕМ
Член од
3 април 2012
Мислења
2.037
Поени од реакции
1.018

Бесмртно, несоздадено, нема почеток нема крај.
Би било субјективно, ако Бог не се откриеше како Таков во Историјата.
--- надополнето: 5 април 2012 во 01:14 ---
Можеби за тебе има смисла ова, за мене нема. Неможеш да имаш личен однос со било што или било кој, ако имаш посредник.....мислам, тоа е барем јасно.
Направи дистинкција меѓу човекот и Бог, за да добиеш на смисла.
 
Ipsissimus

P.I.
Член од
23 јули 2010
Мислења
15.582
Поени од реакции
12.949
Хехе поговорката е таква, ама никој не ја практикува.

А па за да не те заебе рогатиот, тука е црквата, онаа вистинската нели, за да те подучи како да ги избегнеш неговите стапици.:P

Заебана работа тоа земските искушенија.

Ако рогатиот ти намести ситуација со три плавуши спремни за целовечерна сеанса, тогаш ако не успееш да ги задоволиш ќе добиеш негативна оценка и паѓаш.

Затоа е тука црквата која ќе те советува да го заобиколиш таквото искушение.:):vozbud:
Среќа моја што јас не бегам од искушенијата, напротив, ги сметам за итекако потребни и корисни. ;)
--- надополнето: 5 април 2012 во 01:20 ---
Направи дистинкција меѓу човекот и Бог, за да добиеш на смисла.
Проблемот е што јас и ти немаме ист концепт за Бог, и тешко дека ќе најдеме смисла.
Од друга страна пак, не ни гледам некој можен концепт каде е можно да имаш личен однос....а тој личен однос да вклучува посредник...
 
Donald Sikert

Jane Vitington
Член од
28 ноември 2008
Мислења
8.283
Поени од реакции
5.614
Бесмртно, несоздадено, нема почеток нема крај.
Би било субјективно, ако Бог не се откриеше како Таков во Историјата.
Ќе се заплеткаме пријателе.

Како знаеш дека нештото нема почеток и нема крај, кога нашата ограниченост не ни дозволува да осознаеме такви неограничени работи.

Она што многумина тука го пласираат како теза за бесмртност налик твојата дека нема почеток и нема крај, математички се сведува на мерливо множество со мера 0(нула):P

Или поедноставено, прифатена догма или аксиома која се користи за докажување на некои други нешта.

Што со твојава теза за беспочетност и бескрајност ти ќе покажеш?

Како оваа теза го карактеризира Бог и неговите дејанија врз планетава, почнувајќи од Ева и змијата па до второто Христово доаѓање.

Никако. Одвоена е како сама догма, доволна на самата себе и постои само за себе и за ништо друго. Негација на конечноста. Или има нешто плус?
--- надополнето: 5 април 2012 во 01:28 ---
Во тоа е слободата, кога комуницираме личносно подразбира слобода на откривање на личноста онака како и колку сака. Субјективноста, спецификата на личната слобода е запазена.

Мора Посредник да биде Христос за да се премости јазот меѓу создаденото(смртното, човечкото)и несоздаденото(бесмртното, божјото).
Затоа стана Човек, умре за да Воскресне.

И премостен ли е јазот? Јас се сомневам.

Стана Човек и Воскресна, ни покажа дека е тоа можно. И ?
Само за него и за никој друг пред и после него.

Што всушност ни покажа ТОј?

Неговата неизмерна моќ или пак начинот како да стигнеме до него?

Засега се укажува на првото.
 
liberij

ТЕРИРЕМ
Член од
3 април 2012
Мислења
2.037
Поени од реакции
1.018
Ќе се заплеткаме пријателе.

Како знаеш дека нештото нема почеток и нема крај, кога нашата ограниченост не ни дозволува да осознаеме такви неограничени работи.

Она што многумина тука го пласираат како теза за бесмртност налик твојата дека нема почеток и нема крај, математички се сведува на мерливо множество со мера 0(нула):P

Или поедноставено, прифатена догма или аксиома која се користи за докажување на некои други нешта.

Што со твојава теза за беспочетност и бескрајност ти ќе покажеш?

Како оваа теза го карактеризира Бог и неговите дејанија врз планетава, почнувајќи од Ева и змијата па до второто Христово доаѓање.

Никако. Одвоена е како сама догма, доволна на самата себе и постои само за себе и за ништо друго. Негација на конечноста. Или има нешто плус?
Да повторам, конкретен Бог во човечката историја се открива како таков, а не пак нашата човечка, гностичка, епистемолошка, научна , позитивистичка...перцепција го дефинира тоа бидејќи нема капацитет за тоа. Смртни сме!
--- надополнето: 5 април 2012 во 01:35 ---

Јазот е премостен, со самиот Него и за секој што сака да биде во заедница со Бога.
Ни го покажа Патот,Вистината и Животот.
 
Donald Sikert

Jane Vitington
Член од
28 ноември 2008
Мислења
8.283
Поени од реакции
5.614
Да повторам, конкретен Бог во човечката историја се открива како таков, а не пак нашата човечка, гностичка, епистемолошка, научна , позитивистичка...перцепција го дефинира тоа бидејќи нема капацитет за тоа. Смртни сме!

Така де. Што понатаму.

Дали имаме воопшто потреба од било каква перцепција кон и за нешто за кое немаме капацитет?

Барем додека сме смртни, нели?

А ако сами осознаеме за бесмртноста, тогаш што? ГО стигнавме ли?

Бесмртноста ли е врвот на моќта на Бог? Или немаме капацитет да го знаеме и тоа?
 
liberij

ТЕРИРЕМ
Член од
3 април 2012
Мислења
2.037
Поени од реакции
1.018
Така де. Што понатаму.

Дали имаме воопшто потреба од било каква перцепција кон и за нешто за кое немаме капацитет?

Барем додека сме смртни, нели?

А ако сами осознаеме за бесмртноста, тогаш што? ГО стигнавме ли?

Бесмртноста ли е врвот на моќта на Бог? Или немаме капацитет да го знаеме и тоа?
Не ме следиш, Тој се открива на приступачен за нас начин(како Човек) и веќе немаме проблем да да гледаме во небо и да претпоставуваме, перцепираме со Смртниот Капацитет.
Тоа е решено, останува дали ние слободно, личносно ќе го прифатиме.
--- надополнето: 5 април 2012 во 01:44 ---
Бесмртноста нам ни е потребна, многу просто, за да постоиме! А Бог по својата природа(моќ) е неспознатлив.
 
Donald Sikert

Jane Vitington
Член од
28 ноември 2008
Мислења
8.283
Поени од реакции
5.614
Јазот е премостен, со самиот Него и за секој што сака да биде во заедница со Бога.
Ни го покажа Патот,Вистината и Животот.

Сите сакаат да бидат со Него во заедница.

Очигледно е дека не покажал како што треба или не сме разбрале, оти некој ќе го повтореше тој негов моќен потез - воскреснувањето (што и да ти значи тоа), колку да не потсети на неговата моќ и крајот од патот.

Кој е патот и неговиот крај?
Која е вистината?
Како ни го покажа животот?

Многу прашања за кои нема одговор.
Има само верба. А таа секојпат се заснова на своевидна интуиција.

Тоа со вербата воопшто не е лошо нели, туку мислам дека е време да се оди чекор понатаму во тој поглед, односно дел од работите после 2 000 години да се осознаат и да се упатат луѓето кон патот и вистината, а останатото за кое сеуште не е време да остане во доменот на вербата.

Ама некако ништо од тоа, се полека луѓето ја губат вербата и заклучуваат дека можеби се излажани сиве овие години?
Којзнае можеби пак рогатиот умешал прсти, ама како и да е време е Отецот конечно да напраи нешто за неговата најмила творба, да и даде надеж да истрае во борбата против рогатиот.
Вака полека но сигурно се случува спротивното.
 
Се е дадено што е потребно, биди сигурен, останува само на Човечката Слобода, која многу тешко ја разбираме и негираме на разни начини.
"Да небеше човекот слободен, грев немаше да има!" -св. Ваисилиј Велики.
 
Donald Sikert

Jane Vitington
Член од
28 ноември 2008
Мислења
8.283
Поени од реакции
5.614
Не ме следиш, Тој се открива на приступачен за нас начин(како Човек) и веќе немаме проблем да да гледаме во небо и да претпоставуваме, перцепираме со Смртниот Капацитет.
Тоа е решено, останува дали ние слободно, личносно ќе го прифатиме.
--- надополнето: 5 април 2012 во 01:44 ---
Бесмртноста нам ни е потребна, многу просто, за да постоиме! А Бог по својата природа(моќ) е неспознатлив.
Доколку неговото откривање било соодветно, тогаш ќе немало проблем со личносно прифаќање.

Дали навистина соодветно се открил?
Под соодветно се подразбира начин кој нема да подлежи на верба, туку на осозновање.

Како ли само го срочи болдов. Пар екселанс.

Постоиме и без бесмртноста и тоа откако постои животов на планетава.

Бесмртноста е потребна да се доближиме до Отецот. Сметаме дека е таа негова карактеристика засега недостапна за нас.

Доколку се открил на вистински начин, ќе сме ја осознаеле оваа карактеристика која ни ја покажал на крстот како изгледа, но не ни дал можност да ја вкусиме. Зошто?
--- надополнето: 5 април 2012 во 01:59 ---
Се е дадено што е потребно, биди сигурен, останува само на Човечката Слобода, која многу тешко ја разбираме и негираме на разни начини.
"Да небеше човекот слободен, грев немаше да има!" -св. Ваисилиј Велики.
Е ако де. Така е. Ќе велиме дека е болдот точен.

Зашто тешко ја разбираме и негираме? Која е потребата од тоа?

Зошто неговото претставување пред луѓето не е од едноставна природа да сите го разберат и не почувствуваат потреба од негирање?

Некако не се сите коцки наредени како што треба.
 
D

Daedalus

Гостин
debatava ne e predizvikuvacka :/ Ajde hristijani, mozete vie i so podobri argumenti od Negovoto, Toj rece i toa e taka zatoa sto TOJ/NEGOVOTO. Mislam, hristijanskiot/muslimanskiot i site drugi "covecki" bogovi, veke smesno e da se debatira relevantnosta za nivnoto postoenje. Toa ok, se znae deka e pisano od luge za luge.......Dajte nesto, kao pred Big Bang, dali postojat shansi za inteligenten kompleksen organizam da gi manipulira zakonite na univerzumot bla bla, ova so isus stanuva dosadno :(
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom