Еве по милионити пат ќе го повторам она што Ниче го нарекуваше напомена за магариња.
Човечката желба за некој ентитет да постои никако не го гарантира и постоењето на тој ентитет.
Од ова појасно, тешко...
Уште помалку пак го негира
Ниче е мртов, и тоа одамна.
Има една фраза:
Подобро да живееш верувајќи во Бог и потоа откриеш дека го нема, отколку да живееш не верувајќи во него, а потоа откриеш дека го има.
Во првиот случај не губиш ништо, во вториот веројатно загубата е ненадминлива.
Мислам дека токму оваa горенаведена фраза е она што многумина ги прави верници, или како некои што тука велат wanna be christians
Многумина ќе негираат дека е така, и ќе велат дека осознале еден куп работи околу Бог и неговото дејание тука на планетава, а никојпат нема да можат да одговорат како тоа го сториле.
Угоре високо, удоле длабоко, статус кво.
Бог, или ентитет, битие , апсолутна свест или што и да е, веројатно ја има моќта да си игра со каузалноста, односно причинско последичните односи врз кои почива целиот универзум, а со самото тоа и да влијае над ништожните животи на хомосапиенс единки на планетава.
А тие пак хомосапиенс единки веќе ја осознале неговата моќ и со помош на молитва се обидуваат да го натераат да ги нареди каузалните односи во нивна корист. Некогаш и некои успеваат во тоа, некои не. Неправда. Јеби га.
Откако веќе увидовме дека Бог ја има таа моќ, ни останува да одгатнеме зошто токму ние сме избраните, толку љубените што во име на таа љубов дури ни е одземена бесмртноста, која пак ќе ни биде вратена откако ќе ја заслужиме повторно!?!?!.
Кадија те тужи, кадија те суди.
А, бесмртност - што е тоа? Не верувам дека имаат одговор и самите Христијани. Само парафразирани реченици во стилот бесмртноста следи после отслужената казна.
Чудно но вистинито, прво имаш сурова казна, а после тоа следи залужена награда (за добро отслужената казна), наречена бесмртност и може да се користи единствено во рамките на некој просторно-временски континуум наречен РАЈ.
Значи имаш прво смрт па после тоа бесмртност.
Сумњиво до бесвест.
Често пати поставувано прашање е што ќе се случеше ако Хитлер ја добиеше војната? Којзнае.
Што ќе се случи ако рогатиот ја добие војната (изгледа доста битки добил досега)? Има ли одговор на тоа?