Прашања за Христијанството II

Статус
Затворена за нови мислења.

Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
12.158
Поени од реакции
12.135
Не го знаат, избришано е неговото име од "Светото" Писмо.
Всушност, ретко кој Христијанин е спознаен со херметиката во неговата Црква, ретко кој ги практикува ритуалите, уште поретко ги практикуваат правилно.
Не ги пишувај со голема буква... :)
Па има премногу свети писма кои се разликуваат во преводи, во толкувања... Можеби затоа и ритуалите на различни цркви им се различни... Не знам колку делотворни :)
 
S

smexy

Гостин

Да...
Но ритуалите се скриени, толкувањата двосмислени и нејасни а грешките суптилни за оние кои не знаат да гледаат.
Не знаат бидејќи нема кој да ги научи.
Затоа се...неделотворни.
 
Bodhidharma

Avatara
Член од
17 септември 2011
Мислења
10.783
Поени од реакции
15.399
Да...
Но ритуалите се скриени, толкувањата двосмислени и нејасни а грешките суптилни за оние кои не знаат да гледаат.
Не знаат бидејќи нема кој да ги научи.
Затоа се...неделотворни.
Грешки како на пример ?
 
S

smexy

Гостин
Грешки како на пример ?
Исус:Побргу камила ќе мине низ иглено уво, отколку богатиот во Царството Божјо.

Сега, на Хебрејски gimel може да значи камила, но и јаже.
А сега види кое од овие две има поголема семантичка смисла.

hint:
Јаже подебело од конец...богат подебел од сиромав...чисто како парабола се разбира.
 
Член од
10 октомври 2011
Мислења
2
Поени од реакции
1
Луѓе... ако не постоел Бог немаше да го има светот... видете и самите... сите закони во светот се засновани на 10-те Божји заповеди. Кажете ми кој нема страв Божји и кој не се плаши од закони? Сите луѓе имаат стравопочит кон Бога дури и оние кои живеат надвор од секаква цивилизација, сите разликуваме што е добро а што лошо. Бог е насекаде и се гледа... Некои ќе речат '' Што е тоа Бог и кој е Тој воопшто !? '' Бог е нашиот создател Кој ја создал вселената и светот и се друго. Оние што не знаат кој е Вистинскиот Бог Севишен и Сесилен, а тоа е само затоа што срцата им се скаменети и закоравени под дејство на сатаната, нека го прочитаат ова: Бог е Светата Троица едносушна и неразделна, Отецот Синот и Светиот Дух !!! Еден е Бог и ве молам да не запоставите ни со помисла едно од лицата на Светата Троица. Сите три лица се еднакви... Бог е алфа и омега - почеток и крај. Три лица една суштина !! Бог Отец постои во предвечноста, Бог Синот се раѓа од Бог Отецот во предвечноста а Бог Светиот Дух исходи од Бог Отецот во предвечноста !!! Не е работата да се караме за тоа дали постои Бог... Бог не не создал за да се караме и убиваме меѓу себе... на крајот ќе се види кој бил во право а кој не. Затоа браќа и сестри молете се на Господ Бог. А за тоа, што е добро а што лошо мислам дека сами може да си определите затоа на секој ке му се суди според делата свои !!!
 
S

Sagan

Гостин
Здраво. Би сакал некој од вас да ми ги дообјасни следните стихови од Библијата:

6 „Кога твојот брат, синот на мајка ти, или твојот сопствен син, твојата ќерка, жената во твојата прегратка, или твојот пријател кој ти е како и животот, би те заведувал потајно, велејќи: ‘Ајде да им служиме на други богови,’ кои не ги познаваш ни ти ниту ги познаваа твоите татковци,
7 на боговите на оние народи што ќе бидат околу вас, било близу до тебе, било далеку од тебе, од едниот до другиот крај на земјата,
8 немој да се согласиш ниту го слушај! Твоето око нека не го сожалува; не штеди го и не сокривај го,
9 но уби го! Твојата рака нека се дигне прва за да го умртвиш, а потоа раката на целиот народ.
10 Затрупај го со камења додека не умре, зашто се обидуваше да те одврати од Господа, твојот Бог, Кој те изведе од Египетската Земја, од домот на ропството.
11 Кога ќе го чуе тоа, целиот Израел ќе се наполни со страв, па веќе не ќе прави такво зло во твојата средина.”
Второзаконие, Петта книга Мојсеева, Глава 13.​

--- надополнето: Oct 7, 2011 9:59 PM ---
Се извинувам, уште ова:

14 Мојсеј се налути на заповедниците на војската, на илјадниците и на стотниците, кои се вратија од воениот поход.
15 Им рече: „Што! Вие ги оставивте живи сите женски!
16 А токму жените, по Валаамовото наговарање, ги заведоа Израелевите синови да истапат против Господа во Фегоровиот случај. Така дојде помор во Господовото општество.
17 Затоа убијте ги сите машки деца! А убијте ја и секоја жена, која запознала маж!
18 А оставете ги живи за себе сите девојки, кои не запознале машко.
Броеви, четврта книга Мојсеева, Глава 31.​

Прашањето ми е: Мојсеј ли им ги откри на луѓето камените плочи дадени од господ, на кои на едно место стоеше... “Не убивај!“?
Сполај ви што ме удостоивте со одговор :confused: Еве уште едно прашање:

6 Јуда го ожени својот првенец Ир со девојка, чие име беше Тамара.
7 Но Јудиниот првороденец Ир Го навреди Бога, и Бог го погуби.
8 Тогаш Јуда му рече на Онан: „Пристапи и, на вдовицата на брата си, исполни ја кон неа деверската должност и така запази му го потомството на брата си!”
9 Но Онан, знаејќи дека семето нема да се смета за негово, го истуруваше на земја, секогаш кога ќе и пристапеше на братовата вдовица за да не му даде потомство на брата си.
10 Тоа што го правеше Го навреди Господа, па го погуби и него.
Битие 38

Моето прашање е... на кого потомство?
 
Let 3

The Nipple Erector
Член од
13 јули 2008
Мислења
30.896
Поени од реакции
31.277
Исус:Побргу камила ќе мине низ иглено уво, отколку богатиот во Царството Божјо.

Сега, на Хебрејски gimel може да значи камила, но и јаже.
А сега види кое од овие две има поголема семантичка смисла.

hint:
Јаже подебело од конец...богат подебел од сиромав...чисто како парабола се разбира.
Поарно да стои камила оти то со јаже и игла може да го злоупотребуваат богатите, пример, ќе ој богатио по смрта кај Исуса и в раце од оние големите игли за пиперки нижење и клопче ортомче потенко и ќе го протнат таму пред Спасиоцот како доказ и ќе му речат “Глеаш дека може“ и на таа финта ќе влегват во рајот.
 
Член од
10 октомври 2011
Мислења
2
Поени од реакции
1
Сполај ви што ме удостоивте со одговор :confused: Еве уште едно прашање:

6 Јуда го ожени својот првенец Ир со девојка, чие име беше Тамара.
7 Но Јудиниот првороденец Ир Го навреди Бога, и Бог го погуби.
8 Тогаш Јуда му рече на Онан: „Пристапи и, на вдовицата на брата си, исполни ја кон неа деверската должност и така запази му го потомството на брата си!”
9 Но Онан, знаејќи дека семето нема да се смета за негово, го истуруваше на земја, секогаш кога ќе и пристапеше на братовата вдовица за да не му даде потомство на брата си.
10 Тоа што го правеше Го навреди Господа, па го погуби и него.
Битие 38

Моето прашање е... на кого потомство?
Потомството на Ир... Ир кога умрел не оставил потомство така да Онан требало според законот да ја земе за жена жената на неговиот брат и да остави потомство, но тој прави голем грев со истурањето на семето на земја и воедно тој бил првиот човек кој го истурил семето на земја и бил казнет од Господ со смрт.
 
Член од
26 јуни 2006
Мислења
288
Поени од реакции
24
Дали во Христијанството се смета за грев ако Христијанка и Муслиман се во врска? А во брак? Какво е Христијанското размислување за овој тип на врски?
 
Не барам ја да ми прераскаже некој.

Јуда заповедал син му да ја забремени жената на неговиот починат син. Тој наместо тоа, мастурбирал.
Господ се налутил и го усмртил.

И што сега, ова е божјата вистина и правда?
 
Член од
12 јули 2011
Мислења
89
Поени од реакции
25
Луѓе... ако не постоел Бог немаше да го има светот... видете и самите... сите закони во светот се засновани на 10-те Божји заповеди. Кажете ми кој нема страв Божји и кој не се плаши од закони? Сите луѓе имаат стравопочит кон Бога дури и оние кои живеат надвор од секаква цивилизација, сите разликуваме што е добро а што лошо. Бог е насекаде и се гледа... Некои ќе речат '' Што е тоа Бог и кој е Тој воопшто !? '' Бог е нашиот создател Кој ја создал вселената и светот и се друго. Оние што не знаат кој е Вистинскиот Бог Севишен и Сесилен, а тоа е само затоа што срцата им се скаменети и закоравени под дејство на сатаната, нека го прочитаат ова: Бог е Светата Троица едносушна и неразделна, Отецот Синот и Светиот Дух !!! Еден е Бог и ве молам да не запоставите ни со помисла едно од лицата на Светата Троица. Сите три лица се еднакви... Бог е алфа и омега - почеток и крај. Три лица една суштина !! Бог Отец постои во предвечноста, Бог Синот се раѓа од Бог Отецот во предвечноста а Бог Светиот Дух исходи од Бог Отецот во предвечноста !!! Не е работата да се караме за тоа дали постои Бог... Бог не не создал за да се караме и убиваме меѓу себе... на крајот ќе се види кој бил во право а кој не. Затоа браќа и сестри молете се на Господ Бог. А за тоа, што е добро а што лошо мислам дека сами може да си определите затоа на секој ке му се суди според делата свои !!!
Конечно - еве уште еден вистински Христијанин!
Добредојде на Форумот Чика (или Цика)!
За тебе и за останатите Христијани - еве еден добар линк - станува збор за основање на тнр. Црква без ѕидови- обединето Христово тело од целиот свет на интернет:

http://lordjesusuniversalsalvationchurch.blogspot.com/
 
Donald Sikert

Jane Vitington
Член од
28 ноември 2008
Мислења
8.283
Поени од реакции
5.614
Луѓе... ако не постоел Бог немаше да го има светот... видете и самите... сите закони во светот се засновани на 10-те Божји заповеди. Кажете ми кој нема страв Божји и кој не се плаши од закони? Сите луѓе имаат стравопочит кон Бога дури и оние кои живеат надвор од секаква цивилизација, сите разликуваме што е добро а што лошо. Бог е насекаде и се гледа... Некои ќе речат '' Што е тоа Бог и кој е Тој воопшто !? '' Бог е нашиот создател Кој ја создал вселената и светот и се друго. Оние што не знаат кој е Вистинскиот Бог Севишен и Сесилен, а тоа е само затоа што срцата им се скаменети и закоравени под дејство на сатаната, нека го прочитаат ова: Бог е Светата Троица едносушна и неразделна, Отецот Синот и Светиот Дух !!! Еден е Бог и ве молам да не запоставите ни со помисла едно од лицата на Светата Троица. Сите три лица се еднакви... Бог е алфа и омега - почеток и крај. Три лица една суштина !! Бог Отец постои во предвечноста, Бог Синот се раѓа од Бог Отецот во предвечноста а Бог Светиот Дух исходи од Бог Отецот во предвечноста !!! Не е работата да се караме за тоа дали постои Бог... Бог не не создал за да се караме и убиваме меѓу себе... на крајот ќе се види кој бил во право а кој не. Затоа браќа и сестри молете се на Господ Бог. А за тоа, што е добро а што лошо мислам дека сами може да си определите затоа на секој ке му се суди според делата свои !!!
Зашто мора да се плашиме од него и да имаме стравопочит?
Та нели треба да развиеме љубов, а не страв, треба да развиеме респект а не стравопочит?

А Зашто СЕМОЌНИОТ Бог не го спречи карањето и убивањето?
 
Член од
21 јануари 2009
Мислења
8.744
Поени од реакции
8.766
Дали во Христијанството се смета за грев ако Христијанка и Муслиман се во врска? А во брак? Какво е Христијанското размислување за овој тип на врски?
Не верувам дека има некоја изворна библиска регулатива, од аспект на тоа дека исламот е настанат после христијанството.
Но бидејќи и двете се монотеистички религии, мислам дека би требало да важи истото правило како кај муслиманите.
Односно маж муслиман ако се ожени со жена христијанка или еврејка, мора да и овозможи услови да си ја практикува својата религија доколку таа не сака да ја прифати неговата. Единствен услов е таа да исповеда монотеистичка религија.

Можеби грешам, но ова се моите информации :)
--- надополнето: Oct 12, 2011 1:58 PM ---
Не барам ја да ми прераскаже некој.

Јуда заповедал син му да ја забремени жената на неговиот починат син. Тој наместо тоа, мастурбирал.
Господ се налутил и го усмртил.

И што сега, ова е божјата вистина и правда?
Не мастурбирал, само го ,,вадел,, на време.
 
Член од
21 август 2008
Мислења
6.500
Поени од реакции
1.320
Za vistinitosta na odredena ideja presudni se rezultatite koi gi dava vo praktikata, imajki pred vid deka vernicite ne go pravat ona sto go zborat sledi deka religijata e demagogija!
Informaciite koi gi poseduvate se znaenje ako istite gi praktikuvate bez dela nisto!
 
Ipsissimus

P.I.
Член од
23 јули 2010
Мислења
15.582
Поени од реакции
12.949
Сите луѓе имаат стравопочит кон Бога дури и оние кои живеат надвор од секаква цивилизација, сите разликуваме што е добро а што лошо. Бог е насекаде и се гледа...
Апсолутно и тотално погрешно! Можеби ти имаш, но не и јас. За мене, поимите страв и почит, неодат заедно. Почитта се заслужува, не се изнудува со страв. Во таква глупост може да верува само кукавица.
Оние што не знаат кој е Вистинскиот Бог Севишен и Сесилен, а тоа е само затоа што срцата им се скаменети и закоравени под дејство на сатаната, нека го прочитаат ова: Бог е Светата Троица едносушна и неразделна, Отецот Синот и Светиот Дух !!!
Ако бог е семоќен, како тоа сатаната му ги замрсува сметките?!
Инаку доказов за тоа кој е бог, ти вришти! Нема што! - "Бог е света тројца, ако не верувате, прочитајте што напишав!" :pos:
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom