Адам е битие кое првично е створено како „човек„, а не како „машко„; како машка единка/половина од родот „човек„. Така, Адам бил носител на сите особини од човечкиот род, што значи дека Адам во себе (генерички) го носел целиот човеков род, како потенцијлана можност за „...плодење и множење...„. Кога Бог одлучил да му даде на Адама пријател, сличен на него (на Адам), познато е дека Творецот одвоил дел од телото (реброто) Адамово и од тоа ребро, обликувана е Ева. Ева, бидејќи е Адамова, наследува од Адама атрибути, својствени за човековиот род. Така, иако само Ева има „цицки„, т.е. брадавици, тоа значи дека Ева ги наследила тие делови од телото од својот претходник, Адам. По одвојувањето, Адам станува „машко„ а Ева станува „женско„.
Зашто и Адам има брадавици? Затоа што Бог, во своето сезнаење, предвидел дека Адам и Ева ќе отпаднат од Него и дека Адам и Ева ќе мораат да го продолжат родот човечки, но во вонедемски услови на живеење, со „...плодење и множење...„ на начин кој ни е природно познат, а Едемски непознат. Така, Божјата промисла го обликувала Адама согласно она кое подоцна се случи: Адам и Ева отпаднаа од Божјата близина, стнааа смртни па родот човечки можеше да биде продолжен само на еден начин. Јасно е зашто Адам имал брадавици: тие ги наследува и Ева, кај која брадавиците имаат своја улога, а кај Адама остануваат само потенцијал, практично „некорисен„ од кој (потенцијал) Ева здобива функционални делови од телото, кои после падот и изгонувањето од Рајот, кај Ева тие делови (брадавиците...) имаат улога во грижата и израснувањето на нивниот пород.