Прашања за Христијанството II

Статус
Затворена за нови мислења.

MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.397
Па пошто како што пишав пред тоа ми кажаа дека немало врска кој ден е и како е , после тоа попот ми кажа дека не треба (доколку постам секој петок ) а од кога и се појавила св.Петка на тетка ми додека се бања во петок избегнувам да се бањам ... Прашав зошто мислев дека некој знае подетално да ми објасни зошто и како не смеело и дали навистина не смее ( не чини т.с ... )
Преку годинатата, не се пости само во петок, туку и во среда и во другите еднодневни и повеќедневни пости. Погледни во календарчето од МПЦ.

На тетка Ти не и се јавува никава „св петка„при бањање во петок, биди сигурен и не придавај внимане на таквија „јавувања„, придружени со закани од „јавувачот„.

Слободно бањај се и во петок (освен после причест) и не му се секирај кој што кажал.
 

MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.397
Ако си свесен за разумот како може да биде разумот?
Свесноста/свеста не е „нешто„ кое и е накалемено, туку свесноста е способност од разумот да во восприема надворешниот и внатрешниот Свет во реално време.
 
I

Iblis

Гостин
Свесноста/свеста не е „нешто„ кое и е накалемено, туку свесноста е способност од разумот да во восприема надворешниот и внатрешниот Свет во реално време.
Мики бар се потруди, мора да му се признае тоа.
И сега според оваа "дефиниција " дали би можело свеста да се дигитализира? или пак да се создаде дигитална свесност?
 
Член од
21 август 2008
Мислења
6.500
Поени од реакции
1.320
Hristijanstvoto e nadminato prvo so ne se brichat neli i porano ne se brichea na filmoi a sea se brichat znachi nadminato, posle toa za mono, stereo bolje, monah nemaat deca pa posle orgii pedofilia.
 
Член од
11 јули 2011
Мислења
1.726
Поени од реакции
1.997
Преку годинатата, не се пости само во петок, туку и во среда и во другите еднодневни и повеќедневни пости. Погледни во календарчето од МПЦ.

На тетка Ти не и се јавува никава „св петка„при бањање во петок, биди сигурен и не придавај внимане на таквија „јавувања„, придружени со закани од „јавувачот„.

Слободно бањај се и во петок (освен после причест) и не му се секирај кој што кажал.
Фала . ете гледаш кога се сака како може да се одговори и да не се тера мајтап :) Иначе знам дека се пости и во среда и други денови ... Постам и подолги пости , кога неможам да ги постам цели си постам петок и среда ... Фала уште еднаш ...
 

Ipsissimus

P.I.
Член од
23 јули 2010
Мислења
15.582
Поени од реакции
12.949
Преку годинатата, не се пости само во петок, туку и во среда и во другите еднодневни и повеќедневни пости. Погледни во календарчето од МПЦ.
Светов е поделен на временски зони, при што за нулта се зема меридијанот кој поминува низ Гринич. Тоа значи дека ако тука е петок, на некое друго место може да биде сабота...или четврток! Е сега, временските зони постојат од 1675, а постот постоел и пред тоа.....дали верниците пред 1675, на балканот и оние на далечниот исток (на пример крајниот дел од Русија), постеле во ист ден? Дали е вистински тогашниот нивен петок, или денешниов?
Плус во минатото се користел Јулијанскиот календар, а денес се користи Грегоријанскиот......! Од каде знаете дека "вашиот" петок, не е сабота или четврток?
 
Член од
21 август 2008
Мислења
6.500
Поени од реакции
1.320
Petok nikako ne se posti petok e bas ko nedela toa najvise se jade!
 

MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.397
Фала . ете гледаш кога се сака како може да се одговори и да не се тера мајтап :) Иначе знам дека се пости и во среда и други денови ... Постам и подолги пости , кога неможам да ги постам цели си постам петок и среда ... Фала уште еднаш ...
Молам.
 
Член од
5 септември 2007
Мислења
3.848
Поени од реакции
960
Дали е убаво и Христијански во петок да се бањаме ? Имам од некој слушнато дека не чини и дека не е убаво а некоја па викаат дека е немало врска ... Јас практикувам да не се бањам во петок ...
Се разбира дека е убаво човек да се избања во петок, особено во овие жешки денови кои секојдневно се потиме. Зависи што сметаш под тоа „христијански“. Дали под тоа христијански подразбираш што вели локалниот поп, некој друг самонаречен „поставувач на правилата“ или пак те интересира што вели Бог за тоа.
Доколку те интересира што вели Бог за бањањето во петок, можеш сосема да се опуштиш бидејќи Бог НИКАДЕ не забранил да се бањаме во петок. Прочитај ја целата Библија и ќе видиш дека таква забрана никаде нема. Ако размислиме со трезвена глава, па и нема некоја причина зошто Бог би ни забранил да се бањаме во петок така?
Во Библијата телото на христијанинот е наречено „храм на Светиот Дух“ и ние треба да се грижиме за хигиената на тој „храм“, треба да се грижиме за нашето здравје, а дел од таа грижа е и редовното бањање
„Или не знаете дека вашето тело е храм на Светиот Дух, Кој е во вас, Кого го имате од Бога, па не си припаѓате само на себеси?“ (1 Коринтјаните 6:19, Библијата)
Имам уште едно прашање ... Бидејќи во петок постам дали тој ден смеам да се бацувам во уста со женската ?
Не е грев да ја бациш, но постот попратен со молитва и духовна храна (читање на Божјиот збор) ќе има поголемо дејство доколку апстинираш од телесни задоволства (храна, сексуални активности, допири, бакнежи)
Еве еден библиски цитат што зборува нешто слично на оваа тема. Велам слично, затоа што сепак тука зборува за маж и жена кои се во брак, а не за дечко и девојка.

„Жената нема власт над своето тело, туку мажот; исто така и мажот нема власт над своето тело, туку жената. Не лишувајте се еден од друг (не апстинирајте од секс), освен по договор, за некое време, за да и се предадете на молитвата; потоа состанувајте се пак, за да не ве искушува сатаната, заради вашата невоздржаност.“ (1 Коринтјаните 7:4, Библијата)
 
Член од
24 октомври 2010
Мислења
2.434
Поени од реакции
244
Свесноста/свеста не е „нешто„ кое и е накалемено, туку свесноста е способност од разумот да во восприема надворешниот и внатрешниот Свет во реално време.
За да дојдеш до свеста мораш да користиш една финта(не ми текнуе како се викаше, со негација нешто беше).
Значи мора да откриеш што не си, тоа што би останало е тоа што си.
Во кратки црти ти не си тоа што можеш да го набљудуваш.
Ти не си тоа што можеш да го видиш, за тоа за што можеш да бидеш свесен не си тоа ти.
Процесот на откривање на твојата природа се вика медитација.
Има два моменти кога се набљудува нешто.
Едниот е кога се набљудува нешто надвор од нас, тоа е научен метод.
Другиот е медитативност(спиритуалност) набљудувањето е насочено внатре во нас.
Во првиот метод се користи умот, и преку него се осознава надворешната реалност.
Проблемот кај луѓето е кога ќе се идентификуваат со умот.
Koга набљудувањето е насочено внатре во нас, умот мора да се утиши.
Oсвен умот тука е и срцето(чуствата), ама тие се лесна бариера.
во оваа состојба можеш да видиш што не си, а умот сигурно не си тоа ти гарантирам. :)
 
Член од
5 септември 2007
Мислења
3.848
Поени од реакции
960
Слободно бањај се и во петок (освен после причест) и не му се секирај кој што кажал.
А зошто да не се бања после причест? Од кого е оваа забрана? Се сомневам дека е од Бог.
 
Член од
11 јули 2011
Мислења
1.726
Поени од реакции
1.997
Се разбира дека е убаво човек да се избања во петок, особено во овие жешки денови кои секојдневно се потиме. Зависи што сметаш под тоа „христијански“. Дали под тоа христијански подразбираш што вели локалниот поп, некој друг самонаречен „поставувач на правилата“ или пак те интересира што вели Бог за тоа.
Доколку те интересира што вели Бог за бањањето во петок, можеш сосема да се опуштиш бидејќи Бог НИКАДЕ не забранил да се бањаме во петок. Прочитај ја целата Библија и ќе видиш дека таква забрана никаде нема. Ако размислиме со трезвена глава, па и нема некоја причина зошто Бог би ни забранил да се бањаме во петок така?
Во Библијата телото на христијанинот е наречено „храм на Светиот Дух“ и ние треба да се грижиме за хигиената на тој „храм“, треба да се грижиме за нашето здравје, а дел од таа грижа е и редовното бањање
„Или не знаете дека вашето тело е храм на Светиот Дух, Кој е во вас, Кого го имате од Бога, па не си припаѓате само на себеси?“ (1 Коринтјаните 6:19, Библијата)

Не е грев да ја бациш, но постот попратен со молитва и духовна храна (читање на Божјиот збор) ќе има поголемо дејство доколку апстинираш од телесни задоволства (храна, сексуални активности, допири, бакнежи)
Еве еден библиски цитат што зборува нешто слично на оваа тема. Велам слично, затоа што сепак тука зборува за маж и жена кои се во брак, а не за дечко и девојка.

„Жената нема власт над своето тело, туку мажот; исто така и мажот нема власт над своето тело, туку жената. Не лишувајте се еден од друг (не апстинирајте од секс), освен по договор, за некое време, за да и се предадете на молитвата; потоа состанувајте се пак, за да не ве искушува сатаната, заради вашата невоздржаност.“ (1 Коринтјаните 7:4, Библијата)
Тоа е тоа што ми требаше ... Убаво објаснето зошто би смеело или зошто не би смеело и за двете прашања ... Фала многу , искрено ми помогна .
--- надополнето: Jul 28, 2011 2:04 PM ---
А зошто да не се бања после причест? Од кого е оваа забрана? Се сомневам дека е од Бог.
Па така ми имаат кажувано сите попови после причест дека не смее да се бања и не смее да се бацува со никој ... Ова се работи за истиот ден кога е земена светата причест .
 

MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.397
Мики бар се потруди, мора да му се признае тоа.
И сега според оваа "дефиниција " дали би можело свеста да се дигитализира? или пак да се создаде дигитална свесност?
Не понудув дефиниција, оти ако нешто дефинираш, значи дека дефинираниот предмет или појава си ги ставил во одредена рамка. Духот човеков и неговите особини, бидејќи не се овосветовни, не можеш туку-така да ги дефинираш. На пример, за човеквоиот дух, поимите „бесконечно„ и „бесмртно„ постојат и се прифаќаат со вера, иако се физичко-временски неограничени и немерливи.

Пошто футуризмот не ме занима, ќе се впуштам во мое видување за свеста и можноста за нејзина дигитализација.

По смртта, духот човеков го напушта овој, материјалниов Свет. Ако е тоа така, тогаш, што е „тоа„ што ќе остане по смртта за да може да биде дигиталзиирано? Ништо, освен телото, кое ионака ќе се распадне на својот молекуларен состав, кој сигурно не е погоден за „дигитализација„. „Ништото„ не може да се дигитализира, оти свеста, како способност од човековиот ум, се отселила од овој Свет. Технолошки гледано, можно е да се постигне одреден степен на независна „ментална„ активност кај машните (компјутерите, т.н. „невронски компјутери„, кои само симулираат човекова/мозочна активност) но тоа е далеку-далеку од „нешто„ кое би требало да биде дигитализирана свест. Така, дигиталноста на свеста, останува саде уште една утопија, која служи за залажување на самите себе, како можност за трошење на личната вера во „убавата иднина„ , која ни ја понуди антихристот Маркс.

Бесмртноста не лежи во дигитализацијата на свеста, која е невозможна, туку во Христа Богочовекот, кој уште пред 2 0000 г. не повика да бидеме вечно и заедно со Него, во Царството Небесно. Така, Он ги надмудри сите овосветовни лажговци, кои постојано ни нудат „убава иднина„ ама на оваа и ваква Земја, а не во Рајот, оддесно од Христа!
--- надополнето: Jul 28, 2011 2:12 PM ---
А зошто да не се бања после причест? Од кого е оваа забрана? Се сомневам дека е од Бог.
Не е пожелно бањање и целивање после причест, ради можноста од оставање честичка од телото и крвта Христови на несоодветни места, како: световни предмети, отпадна/канализациона вода после бањање и сл, што би значело ненамерно отфрлање на Христа на непожелни места.

Да, не е тоа заповед од Бога, ама затоа е препорака од Црквата Божја, што му доаѓа исто како таа препорака Бог да ја заповедал.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom