Ај биди троа посериозен со поставувањето прашања, за да има смисла одговарањето на нив.
Но, ако извесен поп, кај кого веќе си се обратил и веќе ти дал одреден (можен) одговор, зашто бараш одговор на веќе одговорено прашање?
Дека во петок не треба(ло) да се бањаш-за мене е смешен и несериозен одговор.
За блиските телесни контакти, навистина не е добро да се практикуваат ниту во петок ниту во било кој ден за пост.
После причеста со телото и крвта Христови, навистина не е допуштено целивање со други луѓе или целивање осветени црковни предмети.