Прашања за Христијанството I

  • Креатор на темата Креатор на темата marcus
  • Време на започнување Време на започнување
Статус
Затворена за нови мислења.
Досегашната наука тврди дека живот настанува само од живот.

пак ќе те потсетам ...
Ако веќе се повикуваш на наука за да отфрлиш религиозни работи на една страна ..
тогаш земи ја науката и докажи ја и твојата страна ..

Живот се ствара од Живот ок ... но тоа не потврдува ништо .. а ти објаснив зошто, односно твојата „аналогија“ не држи вода ...
 
Живот се ствара од Живот ок ... но тоа не потврдува ништо ..

Тоа потврдува дека научно е невозможно животот да настанал случајно од неживата материја. Ако пак не настанал случајно, тогаш ЕДИНСТВЕНА АЛТЕРНАТИВА е да настанал плански од Некој Животодавец. Сакаш наречи го Создател, сакаш наречи го Дизајнер, сакаш наречи го Мики, исто ти се фака, тоа за теистите е Бог.

--- надополнето ---

Чорбаџија дали можеш да ми го објасниш овој цитат ?
А оние мои непријатели, кои не сакаа да царувам над нив,
доведете ги тука и исечете ги пред мене (Исус) !
(Лука 19:27)

Се разбира. Тој цитат е дел од една Христова парабола (илустрација, приказна) која Христос им ја раскажал на Своите ученици. Тоа можеш да го забележиш ако ги читаш во контекст цитатите т.е. ако го читаш текстот што се наоѓа пред и по нив.
Во конкретниов случај, неколку стиха погоре, илустрацијата започнува со следниве зборови:
"И кога тие го слушаа тоа, им кажа една парабола (илустрација, приказна), зашто беа близу до Ерусалим, а тие мислеа дека Божјото Царство ќе се појави веднаш. И рече: „Некој благородник замина во далечна земја" (Исус во Лука 19:11, Библијата)
Поздрав!
 
Мислам дека твоете објаснување е за никаде. Во цитатот јасно стои дека се работи за сечење. Ова јасно кажува дека Аллаховиот пејгамбер Иса а.с не го кажал ова, туку е додадено од некој кој подоцна и те како сечел.
 
Во цитатот јасно стои дека се работи за сечење.

Точно дека стои за сечење, но тоа сечење е дел од приказната/илустрацијата за која што збори Исус, приказната со благородникот е неговите слуги. Ако немаш Библија, а претпоставувам дека немаш (бидејќи во спротивно би го прочитал и контекстот пред да се резилиш тука), еве ти он-лајн Библија: www.mkbible.net
 
Точно дека стои за сечење, но тоа сечење е дел од приказната/илустрацијата за која што збори Исус, приказната со благородникот е неговите слуги. Ако немаш Библија, а претпоставувам дека немаш (бидејќи во спротивно би го прочитал и контекстот пред да се резилиш тука), еве ти он-лајн Библија: www.mkbible.net

Приказна демек а? Ама да е само таа. :) Библијата кога станува збор за бајки и приказни ги надминала и браќата Грим. Како на пример оваа приказна која што се наоѓа во Евангелието според Матеј, во која читаме за излегувањето на телата од гробовите после Исусовото распетие на крстот.

И ете! Завесата во Храмот се расцепи надве, одозгора додолу, и земјата се стресе, и карпите се распукаа, а гробовите се отворија, и воскреснаа многу тела на упокоени свети; и излегоа од гробовите по Неговото воскресение, влегоа во Светиот Град и се јавија на мнозина.
( Евангелие според Матеј, 27: 51-53)

Мислам дека ова момче поставуваше прашања за тоа кој ја видел месечината дека се располовила на два дела, па еве му бумеранг прашање: - Зошто другите евангелија воопшто не го наведуваат овој битен настан? Зарем верувањето во проживувањето не е еден од темелите на христијанското верување? И конечно: Како тоа никој друг сем Матеј не го забележал овој настан? Како тоа, тие тела на упокоените свети кои што излегле од своите гробови по Неговото воскресение и влегле во Светиот Град и се јавиле на многумина, никој не ги видел, ниту ги забележал некаде?

-Имаш одговор на ова или ќе си остане во доменот на приказни за малите деца од типот на Баба Рога? :)
 
God is too BIG to fit inside one Religion.
Иако треба да си се цени тоа што го има човек како наследство од неговите , како традиција и како отскочна даска во пронаогањето на вистината.
 
Науката вели дека живот настанува само од живот. Тоа е основниот законот за биогенеза формиран од научникот Луј Пастер. Согласно оваа дефиниција, животот не може да настане од неживите хемиски соединенија. Оттука следува дека животот морал да настане од некој жив Животодавец, а тоа е Бог. Епа ако за Бог не било проблем на почетокот од неживата материја да создаде живот, зошто би било проблем повторно да го направи истото?
Ете, тоа е мојот научен аргумент зошто сметам дека воскресението е возможно, затоа што самиот закон за биогенеза вели дека за да настане најелементарен живот, мора да постои Животодавец. А за Животодавецот, ако постои, воопшто не е проблем да го врати животот кај починатите т.е. да ги воскресне.

Ајде сега ти повели докажи научно дека не постои воскресение. Сега е на ред твојата страна од "огледалото" :)

Па нормално дека постои Бог само од себе не може ништо. Само каде тврди науката дека Исус воскреснал баш ме интересира да видам. Ама тврдење научно, а не твое.
 
Па нормално дека постои Бог само од себе не може ништо. Само каде тврди науката дека Исус воскреснал баш ме интересира да видам. Ама тврдење научно, а не твое.


Mori, fajerflajke, pa biblJata e naucen dokumenAt!
 
Чуда ? Кои се тие чуда ? И вашите жени одат кај оџите и тоа не е за фалење тие се под дејство на масони. Ако сака некој Бог да му помогне не мора да посредува преку попот или оџата, може сам да се обрати до Бога, патот му е слободен. Не знам за вас, кај нас е така. Освен ако со тоа посредување молбите не се упатуваат на погрешна дестинација :)

p.s постов е за типот кој сестрата погоре ја нарече глупачка и кој се фалеше дека Муслиманките оделе кај попот да ги просветли да родат деца. :)
 
Со што ке го видиш ?

Ех леле мислам дека почна да се тупи темава па би го замолила модераторот да фати и сите постови да ги избрише.
Кај вика такво нешто ти реков во книгите дај да видам изгледа појма си немал, ај не се замарам. :tv:
 
Ех леле мислам дека почна да се тупи темава па би го замолила модераторот да фати и сите постови да ги избрише.
Кај вика такво нешто ти реков во книгите дај да видам изгледа појма си немал, ај не се замарам. :tv:
Темава увек ке се тупи такви како тебе ко ке коментираат на неа .
Докуменат ?

Мислиш дека ако ја негираш библијата , нема да идеш у пекол?
Мислиш дека ако правиш така како те програмирале дека ке идеш у рајот?
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom