Прашања за Христијанството I

Статус
Затворена за нови мислења.

DBack

gloveless
Член од
19 декември 2007
Мислења
5.372
Поени од реакции
2.556
Мислиш дека е болнотото тоа што никој ништо не прашува?!Болно ќе биде кога ќе застанеш еден ден пред Бога и тој ќе те праша..да дадеш одговор за својата вера и дела..
Мислам дека правилната конструкција би била вака:
„Болно би било ако еден ден застанеш пред...“ Нели, Маркус? ;)

...пошто никој од нас не знае - некој од нас верува, а некој не верува. ама никој од нас не знае.

Освен Мики, нели...
 
Член од
9 ноември 2007
Мислења
9.327
Поени од реакции
1.334
Мислиш дека е болнотото тоа што никој ништо не прашува?!Болно ќе биде кога ќе застанеш еден ден пред Бога и тој ќе те праша..да дадеш одговор за својата вера и дела..Остајте ја Црквата Исусова на страна од вашиот сарказам..
Никој ништо не ја прашува....

Што не е вистина тука?
 

marcus

струмички модератор
Член од
5 јули 2006
Мислења
5.378
Поени од реакции
131
Мислам дека правилната конструкција би била вака:
„Болно би било ако еден ден застанеш пред...“ Нели, Маркус? ;)

...пошто никој од нас не знае - некој од нас верува, а некој не верува. ама никој од нас не знае.

Освен Мики, нели...
Мислиш ли дека тоа зависи од твојата не/верба...:nenene:

Никој ништо не ја прашува....

Што не е вистина тука?
Не реков дека не е вистина туку дека тоа не болно, колку што она што следува...
 

MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.397
Црквата постои уште поради тоа што е сеуште богата и силна институција која практикува моќ врз наивното и недоволно образовано население. Ќе постои се додека има овци за стрижење. Се додека луѓето живеат во страв од големиот суд - измислица од контрол-фрикови од римското царство.

Тоа што нешто постои не докажува дека не е лажно, Мики. И филмови постојат, а не се вистински, нели? Исто и овој твојов филм. Не викам дека не постои. Викам само дека е лажен.
1. „Недоволно образованите„? Ха-ха-ха! Па чекај, па нели живееме во „најнапредното„ од сите досегашни општества, од кај сеа олку „неписмени„?
2. „Практикува моќ„ врз?....„. Тоа го велат само фаци надвор од Црквата. Мене лично, сеуште никој на ништо не ме принудил во Црквата!
3. Живењето во страв од непознато е најголемиот страв! Живеењето во стравопочит кон Бога е точната смила на овосветовниот живот.
4. Потруди се да докажеш дека е лажно...
 
Член од
9 ноември 2007
Мислења
9.327
Поени од реакции
1.334
.............колку што она што следува...
Околу тоа што следува!

Тоа е работа на убедување и верување, а што стварно следува ..... нема сведоци да потврдат..така да се тоа се само шпекулации...ај да не речам манипулации и индоктринации...ама ете реков...:pos2:
 

DBack

gloveless
Член од
19 декември 2007
Мислења
5.372
Поени од реакции
2.556
Мислиш ли дека тоа зависи од твојата не/верба...:nenene:
Најголемиот дел од несогласувањата и конфликтите при дебати се случуваат поради несоодветни семантички конструкции, каква што е погоре посочената.

Ако оваа дискусија (а и останатите на овој подфорум) сакаме да тече без непотребни и несуштински конфликти, сметам дека правоговорот треба да се поттикнува и охрабрува. Затоа, јас обрнав внимание на прецизното изразување.

Сите овде се сложуваме дека едни веруваат а други не веруваат. Она што никако не можеме да се сложиме е извесноста (дали е вака или е онака).

Затоа, јас мислам дека конструкцијата: ...би се исправил пред Бога... е покоректна и поконструктивна од ...ќе се исправиш пред Бога...

Не мислиш така?
 

MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.397
Возможно е некој од Црквата да ја критикува Црквата ?

.
Возможно е! Критиката секогаш почнува од самиот себе, не со критика кон другите, туку со самокритика и со тоа, Црквата веќе е критикувана.
 

Let 3

The Nipple Erector
Член од
13 јули 2008
Мислења
30.896
Поени од реакции
31.276
Let3, Всенената посто и пред твоето раѓање, а Црквата Христова постои едно 2 000 г. Што тука не е јасно и што тука допрва треба да се истражува и со која цел е то истражување? Наоѓањето „грешки„ во евангелијата? Па се изначитав(ме) такви постови на форумов, а стварноста ни вели дека и покрај тие „грешки„, Црквата Христова сеуште постои и живее и чудна работа, никако да исчезне!
Не исчезна ни хиндуизмот кој е 1500 години постар од христијанството
А замисли уште над 100 милиони низ светот веруваат во паганство кое датира од самиот почеток на човештвото... повеќе од 10.000 години и покрај тврдењето на христијанството дека е тоа грешка, па имаме и ислам, вера која добива на замав...
ни една од нив не исчезна

Сега шо прајме?
 

marcus

струмички модератор
Член од
5 јули 2006
Мислења
5.378
Поени од реакции
131
Околу тоа што следува!

Тоа е работа на убедување и верување, а што стварно следува ..... нема сведоци да потврдат..така да се тоа се само шпекулации...ај да не речам манипулации и индоктринации...ама ете реков...:pos2:
Си се запрашал ли некогаш ..Што ако грешам? Што ако мојата гордост ме прави слеп пред вистината? Што ако мојата ароганција ќе ме чини многу? Што ако еден ден навистина застанам пред Живот Бог?Што тогаш?
Си се запрашал ли дека можеби ние сме во право и ја зборуваме вистината?!
Јас мислам дека играте игра за чиј крај не сте ни звесни..Јас немам што да изгубам..и онака животот ми е подреден онака како што сум сакал..Знаеш ли што ти ќе изгубиш?

Најголемиот дел од несогласувањата и конфликтите при дебати се случуваат поради несоодветни семантички конструкции, каква што е погоре посочената.

Ако оваа дискусија (а и останатите на овој подфорум) сакаме да тече без непотребни и несуштински конфликти, сметам дека правоговорот треба да се поттикнува и охрабрува. Затоа, јас обрнав внимание на прецизното изразување.

Сите овде се сложуваме дека едни веруваат а други не веруваат. Она што никако не можеме да се сложиме е извесноста (дали е вака или е онака).

Затоа, јас мислам дека конструкцијата: ...би се исправил пред Бога... е покоректна и поконструктивна од ...ќе се исправиш пред Бога...

Не мислиш така?
Самиот рече едни веруваат едни..не..јас не можам да пишувам од агол не неверник..Оти не се сомневам во ова што го зборам..btw..прашањето од погоре важи и за тебе..ме интересира еве ти си малку постар..можеби и родител...како ти гледаш на ова?
 

DBack

gloveless
Член од
19 декември 2007
Мислења
5.372
Поени од реакции
2.556
1. „Недоволно образованите„? Ха-ха-ха! Па чекај, па нели живееме во „најнапредното„ од сите досегашни општества, од кај сеа олку „неписмени„?
2. „Практикува моќ„ врз?....„. Тоа го велат само фаци надвор од Црквата. Мене лично, сеуште никој на ништо не ме принудил во Црквата!
3. Живењето во страв од непознато е најголемиот страв! Живеењето во стравопочит кон Бога е точната смила на овосветовниот живот.
4. Потруди се да докажеш дека е лажно...
1. Затоа Мики, има се помалку верници. Заради тоа што има се повеќе образовани луѓе кои читаат различни книги. Неписмени има се помалку, како што има се помалку верници.
2. Нормално дека го викаат луѓе вон цврквата. нема ваљда да ја касаш раката што те храни. Би било многу неетички да работиш во ИТ компанија а да тврдиш дека комуникациските технологии го расипуваат светот, нели?
3. Точно! Тоа е најголемиот страв - стравот од непознатото. Тој се надминува со учење за непознатото. Учење за другите религии освен твојата. Учење за архитектурата, за географијата, за меѓучовечките односи и за музиката и културата и сите останати убавини на овој свет. Стравопочитта, Мики, е почит од страв!!! Тоа е субмисивна категорија која по дефиницијане дозволува ослободување од стравот и негово надминување. Вистинската варијанта е искрена почит - Таа настанува од кога ќе разбереш и научиш. Се додека се плашиш од нешто (страв) - не можеш искрено да го почитуваш тоа. Ти од господ се плашиш. Честитамо! Само немој да мислиш дека е тоа искрена почит - пошто не е. Тоа е стравопочит. И тоа е шит.
4. :) не треба ја да докажам дека е лажно... Ако воопшто се докажува нешто, треба да се докаже дека е вистинско нештото, нели?
 

MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.397
Не исчезна ни хиндуизмот кој е 1500 години постар од христијанството
А замисли уште над 100 милиони низ светот веруваат во паганство кое датира од самиот почеток на човештвото... повеќе од 10.000 години и покрај тврдењето на христијанството дека е тоа грешка, па имаме и ислам, вера која добива на замав...
ни една од нив не исчезна

Сега шо прајме?
Тоа што другите вероисповести не исчезнаа, тоа значи дека Бог и нив ги допушта, како можност за наш избор. А тоа што пагани, незнабошци и друговерци имаше и пред Христа и во Негово време, со тоа, што правиме? Христос да не ги укина тие религии?
 

marcus

струмички модератор
Член од
5 јули 2006
Мислења
5.378
Поени од реакции
131
1. Затоа Мики, има се помалку верници. Заради тоа што има се повеќе образовани луѓе кои читаат различни книги.
Не зафркавај..значи верниците се ограничени луѓе...Од каде ова сега..дали навистина мислиш дека верниците читаа само избрана литература..еве да се земам како пример читам се' од ѓубрето на Ден Браун..до научни трудови...Спрема твојата поделба оддамна би тебало да бидам атеист
 
Член од
9 ноември 2007
Мислења
9.327
Поени од реакции
1.334
Си се запрашал ли некогаш ..Што ако грешам? Што ако мојата гордост ме прави слеп пред вистината? Што ако мојата ароганција ќе ме чини многу? Што ако еден ден навистина застанам пред Живот Бог?Што тогаш?
Си се запрашал ли дека можеби ние сме во право и ја зборуваме вистината?!
Јас мислам дека играте игра за чиј крај не сте ни звесни..Јас немам што да изгубам..и онака животот ми е подреден онака како што сум сакал..Знаеш ли што ти ќе изгубиш?
Тоа „што„ нешто многу често се јавува......а што е најчудно пак си останува само на „што’’.
 

marcus

струмички модератор
Член од
5 јули 2006
Мислења
5.378
Поени од реакции
131
Тоа „што„ нешто многу често се јавува......а што е најчудно пак си останува само на „што’’.
Ако не ја сваќаш поентата да ти ја парафризирам
 

MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.397
1. Затоа Мики, има се помалку верници. Заради тоа што има се повеќе образовани луѓе кои читаат различни книги. Неписмени има се помалку, како што има се помалку верници.
2. Нормално дека го викаат луѓе вон цврквата. нема ваљда да ја касаш раката што те храни. Би било многу неетички да работиш во ИТ компанија а да тврдиш дека комуникациските технологии го расипуваат светот, нели?
3. Точно! Тоа е најголемиот страв - стравот од непознатото. Тој се надминува со учење за непознатото. Учење за другите религии освен твојата. Учење за архитектурата, за географијата, за меѓучовечките односи и за музиката и културата и сите останати убавини на овој свет. Стравопочитта, Мики, е почит од страв!!! Тоа е субмисивна категорија која по дефиницијане дозволува ослободување од стравот и негово надминување. Вистинската варијанта е искрена почит - Таа настанува од кога ќе разбереш и научиш. Се додека се плашиш од нешто (страв) - не можеш искрено да го почитуваш тоа. Ти од господ се плашиш. Честитамо! Само немој да мислиш дека е тоа искрена почит - пошто не е. Тоа е стравопочит. И тоа е шит.
4. :) не треба ја да докажам дека е лажно... Ако воопшто се докажува нешто, треба да се докаже дека е вистинско нештото, нели?

1. Се помалку верници има не ради „образованоста„, туку ради она кое Св. АП. Павле, веќе го најави: опаѓањето на љубовта кај луѓето! Денешните верници, речиси редовно се образовани и високообразовани, оти времињата во кои важеше принципот „...бабите рекоа...„ веќе се зад нас.

2. Мене Црквата не ме храни: јас сум дел од таа Црква, па по твојата логика, јас би се хранел самиот себе само затоа што сум во Црквата, а кога би бил надвор од Црквата, пак по твојата логика, би требало или да не се хранам или да ме храни некој друг! Ете, пак елементарно непознавање на устројството од Црквата, ама кога треба да се критикува таа Црква, устата ти е широко отворена, а?

3. Стравопочитта е двојна: страв од Бога и почит кон Него, како мој Творец. Верата почнува со стравот Божји а завршува со пребивање во љубовта Божја, во која нема страв! А?

4. За да докажеш дека нешто е лажно, треба, пред се и над се, ти, самиот, да стоиш во Вистината. Пошто е очигледно дена не стоиш во вистината, туку надвор од неа, ќе ти треба прилично пот и напор за да докажеш дека лагата е вистинита! Ај, да те читам!
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom