Сака милост али ко ќе треба да се казни ќе казни. Нели. грешниците и пред и по Исус се казнуваат, гревовите и пред и по Исус се гревови. Нема промена па “од денес ова не е грев, ова исто така не е грев, ова си останува грев, ова станува помал грев....“
Тоа те лаже сатаната која сака да ги натера луѓето да не ги почитуваат зборовите и законите негови.
“Немојте да мислите дека сум дошол да го поништам Законот или пророците, не сум дошол да ги поништам туку да ги исполнам. Зашто, вистина, ви велам дури постојат небото и земјата ниту една јота или црта од Законот нема да се измени, додека не се исполни се. И така оној што ќе наруши една од тие најмали заповеди и така ги научи луѓето, најмал ќе се наречи во царството не*есно , а оној што ќе ги исполни и поучи, тој голем ќе се нарече во царството не*есно“ Матеја 5. 17 - 19
Самио Исус тоа го рече. Сакаш да му ги побиеш зборовите, дека не е така како што рекол? дека згрешил?? не важат овие зборови ?? Шо толку ти сметаат старозаветните закони, од што се плашиш?
Знаеш само на кој му е во интерес да не се почитуваат законите божји, знаеш на кој му е желба да ги одвлече луѓето од патот божји, знаеш на кој му е стало да не се следат зборовите на бога?
На лукавиот. Не на Исус не на Бога, само на сатаната му е тоа желба и интерес.
По којзнае кој пат велам Библијата е целина , не се чита парцијално....
Кој верува во Него, нему не му се суди; а кој не верува веќе е осуден, зашто не поверувал во името на Единородниот Божји Син.
19 Судот се состои во ова: Светлината дојде во светот, а луѓето ја засакаа темнината повеќе од светлината, зашто делата им беа зли.
20 Зашто, секој кој прави зло ја мрази светлината и не оди кон светлината, за да не бидат откриени неговите дела;
21 а кој ја извршува вистината оди кон светлината, за да се видат неговите дела, бидејќи се извршени во Бога.
Преку својот пример Исус покажува дека не е создаден човекот за саботата туку таа за него...
2 А фарисеите штом го видоа тоа, Му рекоа: „Гледај, Твоите ученици прават, што не е дозволено да се прави во сабота.”
3 А Тој им рече: „Зар не сте читале што направи Давид, кога огладне тој и оние кои беа со него?
4 Како влезе во Божјиот дом и ги изеде изложените лебови, што не смееја да ги јадат ни тој, ни неговите другари, а само свештениците?
5 Или, зар не сте читале во Законот дека свештениците, во сабота во Храмот, ја осквернуваат саботата и не се виновни?
6 Но Јас ви велам, има тука еден што е Поголем од Храмот.
7 Ако би сте знаеле што значи: ‘
Милост сакам, а не жртва,’ немаше да ги осудите невините.
8 Зашто Синот Човечки е Господар и на саботата.”