Законите на Таткото и на Синот се исти - тоа е Божјиот Закон. Работата е во тоа што некои од тие закони беа во рамките на стариот договор (завет) што Бог го имаше склучено со евреите, договор кој беше прекршен од страна на евреите бидејќи не ја исполнија својата страна од договорот "ќе извршиме се што нареди Господ" (
Излез 19:8).
И бидејќи Стариот договор (завет) пропадна, Бог реши да склучи НОВ договор (завет) овој пат не само со евреите, туку со секој човек. Во Новиот Завет не влегуваат заповедите кои беа поврзани т.е. во рамките на стариот договор (завет) на Бог со евреите.
Let3, како што во некои ситуации Бог во Стариот Завет се пројавувал како ОГАН (суров, страшен), така исто ќе се пројави наскоро (во Новиот Завет) кон сите оние кои нема да се покајат и нема да ја прифатат подадената спасителна рака на Христос.
Еве ти неколку новозаветни цитати кои верувам ќе те потсетат на ИСТИОТ Старозаветен Бог:
"Зашто, нашиот Бог е оган, што проголтува." (
Евреите 12:29)
"Зашто ние Го знаеме Оној Кој рече: „Одмаздата е Моја, Јас ќе вратам!” И пак: „Господ ќе му суди на Својот народ. Страшно е да се падне во рацете на живиот Бог." (
Евреите 10:30-31)
Ах кога би имал простор да ти го цитирам и половина од книгата Откровение за да ја прочиташ одмаздата на Бог, тогаш верувам ќе си помислиш дека Новозаветниот карактер на Бог е дури и посуров и пострашен од Старозаветниот
Христос првиот пат дојде како Јагне, за да се жртвува за луѓето, за да плати за нивните гревови со Својата крв, за оние кои ќе ја прифатат таа жртва.
Христос вториот пат ќе дојде како Спасител, ама и како судија.
Како спасител ќе дојде за оние кои го прифатиле како Спасител.
А за оние кои нема да одговорат позитивно кон ова помирување иницирано од Бог, кон оние кои ќе се потсмеваат и ќе "плукаат" кон Христовата Спасителна рака, за нив Тој ќе дојде како Судија, а при Неговото доаѓање ќе се исполнат Христовите зборови:
"Тогаш ќе почнат да им зборуваат на горите: ‘Паднете врз нас!’ и на ридиштата: ‘Покријте нè!’ "
(
Исус во Лука 23:30)
"И тогаш ќе се јави на небото знакот на Човечкиот Син; и тогаш ќе заплачат сите племиња на земјата и ќе Го видат Човечкиот Син, како доаѓа на небесните облаци, со сила и со голема слава."
(
Исус во Матеј 24:30)
Но, сеуште има време за покајание, како за мене, така и за сите вас. Неизмерно Му благодарам на Бог за Неговата долготрпеливост, огромна љубов, милост и верност.