Прашања за Христијанството I

Статус
Затворена за нови мислења.

Let 3

The Nipple Erector
Член од
13 јули 2008
Мислења
30.896
Поени од реакции
31.278
А дали и стариот завет е на сила ? во целост или некои негови делови кои не се опфатени со измена на законите?
 
marcus

струмички модератор
Член од
5 јули 2006
Мислења
5.378
Поени од реакции
131
А дали и стариот завет е на сила ? во целост или некои негови делови кои не се опфатени со измена на законите?
Мислам дека добро знаеш како оди работата..Оти ако е се од Стариот Завет на сила сега ќе правевме старозаветни обреди...
 
Let 3

The Nipple Erector
Член од
13 јули 2008
Мислења
30.896
Поени од реакции
31.278
Значи старозаветниот бог не важи, се случи револуција и на негово место дојде новиот бог кој не е како стариот страшен и суров туку полн со љубов и милост, симнат е од престолот стариот татко со старовременски сфаќања за ред правда и норал а на негово место седна новиот полиберален бог со современи сфаќања.
 
marcus

струмички модератор
Член од
5 јули 2006
Мислења
5.378
Поени од реакции
131
Значи старозаветниот бог не важи, се случи револуција и на негово место дојде новиот бог кој не е како стариот страшен и суров туку полн со љубов и милост, симнат е од престолот стариот татко со старовременски сфаќања за ред правда и норал а на негово место седна новиот полиберален бог со современи сфаќања.
Па нели Исус дошол да не измени ни една точка од Стариот Завет туку да го исполни..Е па Лет 3 ако добро си го читал (а сигурен сум дека си) Стариот завет таму пророци и пророци го навестуваат неговот доаѓање и се што треба да се исполни..Значи Таткото ние не сме го запоставиле(синмале од престолот) туку тој ни го дал неговиот син за преку него да се спасиме...сaмо го слeдиме она што ни го налагал со 100-ци години преку пророците..
Јас би рекол грешни луѓе....радикални мерки..
Што требаше да си останеме слепи како Евреите, да се држиме до законот и да го убиеме сопствениот Идол..
 
MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.398
А дали и стариот завет е на сила ? во целост или некои негови делови кои не се опфатени со измена на законите?
- Стариот Завет е надминат и заменет со Новиот Завет.
- Строгоста на Законот Мојсеев, даден поради „..жестокоста од вашите срца..„ е заменета со милоста Христова.
- Укинато е обрежвувањето.
- Саботата сеуште се слави, но како сеќавање на старозаветниот ден за одмор, кој во Новиот Завет е заменет со неделата/воскресението Христово.
- И во денот за одморот, може да се работи, на пр. да се чинат добри дела или тековни куќни потреби.
- Сите Божји Заповеди се издигнати на духовно ниво-тоа значи дека покајанието и простувањето на гревовите не е „надворешно„, туку внатрешно-преку покајание. Гревот не само грев со дело, туку и со помисла и со збор.
- Исус ни го донесе и крштевањето, кое е непознаница во Сариот Завет.
- Јудеите немаат ексклузивитен ан обран народ, туку сите поединци, независно до националната припадност, се избран народ, разбира се, ако го прифаќаат Христа за свој Бог, Месија и Спасител.
- Исус го укина јудејското свештенство и постави свое-преку Апостолите.
- „Око за око...„ е заменето со „..љубете ги непријателите свои..„
- „..не чини што несакаш да ти чинат..„ како пасивен принцип, заменет е со активен: „...она кое другите сакаш да ти го прават, прави им го тоа и ним...„.

И така натаму...Ова го пишувам според она на кое можам да се досетам во моментов.
 
Let 3

The Nipple Erector
Член од
13 јули 2008
Мислења
30.896
Поени од реакции
31.278
To и јас велам, се случи револуција и на престолот наместо таткото, седна синот.
 
MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.398
Ц....
Синот е оддесно од Отецот, а тронот од Отецот е екслузивитет само од Отецот.
 
Let 3

The Nipple Erector
Член од
13 јули 2008
Мислења
30.896
Поени од реакции
31.278
Ц....
Синот е оддесно од Отецот, а тронот од Отецот е екслузивитет само од Отецот.
Ц... Законите на синот важат а не на таткото, а само протоколарно старио седи на престолот, целата работа е во рацете на синот. Како што англиската кралица титуларно и ради имиџ седи на престол а државата ја водат од народ избрани пратеници и влада која носи закони и прописи. Кралицата е за парада и сликање.
 
Член од
17 април 2007
Мислења
102
Поени од реакции
0

POLEKA POLEKA SAMI KE SI JA KAZET VISTINATA....SAKALE ILI NE KE IZLEZE NA VIDELO.
 
Член од
5 септември 2007
Мислења
3.848
Поени од реакции
960
Законите на Таткото и на Синот се исти - тоа е Божјиот Закон. Работата е во тоа што некои од тие закони беа во рамките на стариот договор (завет) што Бог го имаше склучено со евреите, договор кој беше прекршен од страна на евреите бидејќи не ја исполнија својата страна од договорот "ќе извршиме се што нареди Господ" (Излез 19:8).
И бидејќи Стариот договор (завет) пропадна, Бог реши да склучи НОВ договор (завет) овој пат не само со евреите, туку со секој човек. Во Новиот Завет не влегуваат заповедите кои беа поврзани т.е. во рамките на стариот договор (завет) на Бог со евреите.

Let3, како што во некои ситуации Бог во Стариот Завет се пројавувал како ОГАН (суров, страшен), така исто ќе се пројави наскоро (во Новиот Завет) кон сите оние кои нема да се покајат и нема да ја прифатат подадената спасителна рака на Христос.
Еве ти неколку новозаветни цитати кои верувам ќе те потсетат на ИСТИОТ Старозаветен Бог:

"Зашто, нашиот Бог е оган, што проголтува." (Евреите 12:29)
"Зашто ние Го знаеме Оној Кој рече: „Одмаздата е Моја, Јас ќе вратам!” И пак: „Господ ќе му суди на Својот народ. Страшно е да се падне во рацете на живиот Бог." (Евреите 10:30-31)

Ах кога би имал простор да ти го цитирам и половина од книгата Откровение за да ја прочиташ одмаздата на Бог, тогаш верувам ќе си помислиш дека Новозаветниот карактер на Бог е дури и посуров и пострашен од Старозаветниот :)

Христос првиот пат дојде како Јагне, за да се жртвува за луѓето, за да плати за нивните гревови со Својата крв, за оние кои ќе ја прифатат таа жртва.
Христос вториот пат ќе дојде како Спасител, ама и како судија.
Како спасител ќе дојде за оние кои го прифатиле како Спасител.
А за оние кои нема да одговорат позитивно кон ова помирување иницирано од Бог, кон оние кои ќе се потсмеваат и ќе "плукаат" кон Христовата Спасителна рака, за нив Тој ќе дојде како Судија, а при Неговото доаѓање ќе се исполнат Христовите зборови:

"Тогаш ќе почнат да им зборуваат на горите: ‘Паднете врз нас!’ и на ридиштата: ‘Покријте нè!’ "
(Исус во Лука 23:30)

"И тогаш ќе се јави на небото знакот на Човечкиот Син; и тогаш ќе заплачат сите племиња на земјата и ќе Го видат Човечкиот Син, како доаѓа на небесните облаци, со сила и со голема слава."
(Исус во Матеј 24:30)

Но, сеуште има време за покајание, како за мене, така и за сите вас. Неизмерно Му благодарам на Бог за Неговата долготрпеливост, огромна љубов, милост и верност.
 
Let 3

The Nipple Erector
Член од
13 јули 2008
Мислења
30.896
Поени од реакции
31.278
Ко ќе се сменат закони правила и ликови - оп ете ти нова религија. Не важи старио закон, од еден страшен Бог доаѓа нов лик во прикаската милозлив и бог на љубовта кој повеќе не е сам туку има и комплет влада и “државен апарат“ (светци, апостоли, три лика...) не важат старите правила, обреди. То се вика револуција а секоја револуција е и промена на постојниот систем и воведување на новиот. Христијанството е нова религија настаната на темелите на Јудаизмот некаде 50-100 година од новата ера. Како што јудаизмот настанал на темели на Египетски, Вавилонски митови легенди и верувања така и христијанството настана од Јудаизмот.
 
MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.398
Ц... Законите на синот важат а не на таткото, а само протоколарно старио седи на престолот, целата работа е во рацете на синот. Како што англиската кралица титуларно и ради имиџ седи на престол а државата ја водат од народ избрани пратеници и влада која носи закони и прописи. Кралицата е за парада и сликање.

Запознај се малку со поставеноста на Света Троица-кај Нив, никој не е начинет или потчинет, туку Трите лика Божји се рамноправни.

Прекрасен коментар! - Секоја чест!
Во што е „чесноста„ од коментарот?

POLEKA POLEKA SAMI KE SI JA KAZET VISTINATA....SAKALE ILI NE KE IZLEZE NA VIDELO.
Па Вистиниата е кажана уште пред 2000 г. На форумов само ја потврдуваме...

Ко ќе се сменат закони правила и ликови - оп ете ти нова религија. Не важи старио закон, од еден страшен Бог доаѓа нов лик во прикаската милозлив и бог на љубовта кој повеќе не е сам туку има и комплет влада и “државен апарат“ (светци, апостоли, три лика...) не важат старите правила, обреди. То се вика револуција а секоја револуција е и промена на постојниот систем и воведување на новиот. Христијанството е нова религија настаната на темелите на Јудаизмот некаде 50-100 година од новата ера. Како што јудаизмот настанал на темели на Египетски, Вавилонски митови легенди и верувања така и христијанството настана од Јудаизмот.
Кој може на Бога да Му каже: „...Зашто си го променил Законот?...„. Ако Он смета дека е потребно, ќе уреди се како што е најдобро и можно. Промената/замената на Стариот Завет, не е ради Неги, туку заради непоправлиостна на оптаднатиот човек, кој, живеејќи според строгоста од мојсеевиот Закон, не дочекувал спасение на душата, туку речиси неизбежен пекол.
 
A

ateist

Гостин
Па нели Исус дошол да не измени ни една точка од Стариот Завет туку да го исполни...
Точно !
и самиотт тоа го изјавил . И направил Така . Го исполнил....

Уствари ....Го баталил скроз.........

Така и ги учел и дугите да си ги пребијат долговите меѓу себе

или како захеј ако краделе да вратат тоа .......

Ииииииииииии ги учел ВИШЕ НИКАД ДА НЕ СИ ИМААТ РАБОТА......

Маркус............толку ли несвати...........ГО УКИНАЛ МОЈСЕЕВИОТ ЗАКОН....

Пред 2000 години...........РЕЛИГИИТЕ БИЛЕ УКИНАТИ...........

ОД - СО ИДЕАЛИЗАМ !

- Стариот Завет е надминат и заменет со Новиот Завет.

- Исус ни го донесе и крштевањето, кое е непознаница во Сариот Завет.
-
MIKI1...........Се гледа дека незнаете ВО ШТО ВЕРУВАТЕ .........

ГЛЕДАЈ...............

1 Коринќани 9 – ред 1 до ред 5 ...”..Не сакам да ви биде непознато . браќа , сите наши татковци беа под облакот и сите минаа низ морето и сите се КРСТИЈА во Мојсеј , во облакот и ............

Е КАКО БЕ НЕЗНАЕЛЕ...............ГЛЕДАШ ДЕКА ЗНАЕЛЕ....

ИСУС НЕ ГО ДОНЕЛ КРШТЕВАЊЕТО.. ПА ЈОВАН ПРЕД НЕГО КРШТАВАЛ

Уствари..и Исус бил крстен баш од Јован ...

тоа се тројца судии.........три крштавања....пожртвуваност , совесност , самоупрвност

неможеш да разбереш ...ај нема везе....
 
MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.398
Атеист, дај просветли ме, по можност, со некој двокилометарски пост, оти јас стварно немам поим во што верувам, разбираш...:tapp:
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom