sto mislis ti koi se tie sinovi bozji?a koi se tie komsiski deca?
sto mislis ti zosto isus gi ukoruva liderite na evreite kniznicite i fariseite ,
zosto isus im se sprotivstavil na evrejskiot etnocentrizam?
Еве зошто ги укорува книжниците и фарисеите
Свето Евангелие според Матеј, Глава 23
1. Тогаш Исус му проповедаше на народот и на учениците Свои,
2. говорејќи: „На Мојсеевото седиште седнаа книжниците и фарисеите.
3. Затоа, сè што ќе ви кажат да пазите, пазете и извршувајте; а според делата нивни не постапувајте, оти тие говорат, а не извршуваат;
4. врзуваат бремиња тешки и мачни за носење и ги клаваат врз плеќите на луѓето, а сами не сакаат ни со прст да ги помрднат;
5. и сите свои дела ги прават, за да ги видат луѓето; ги истакнуваат своите записи од законот и прават големи поли на својата облека;
6. сакаат прво место на гозбите и предни места во синагогите,
7. и поздрави по улиците, и да им велат луѓето »учителе, учителе!«
8. А вие, немојте да се наречувате учители, зашто еден е вашиот Учител – Христос, а вие сте сите браќа;
9. и никого на земјата не викајте го свој татко, оти еден е вашиот Отец, Кој е на небесата;
10. и наставници немојте да се именувате зашто, еден е вашиот Наставник – Христос.
11. Но поголемиот меѓу вас да ви биде слуга;
12. зашто, кој се воздига, ќе биде понизен; а кој се понизува, ќе биде воздигнат.
13. Тешко вам, книжници и фарисеи, лицемери, затоа што го затворате царството небесно пред луѓето; оти, нити вие влегувате, ниту ги пуштате да влезат оние, што сакаат да влезат.
14. Тешко вам, книжници и фарисеи, лицемери, оти ги подјадувате домовите на вдовиците и лицемерно долго се молите; заради тоа ќе добиете поголема осуда.
15. Тешко вам, книжници и фарисеи, лицемери, зашто обиколувате по море и по копно за да добиете еден последовател, и кога ќе успеете во тоа, тогаш го правите син на пеколот, двапати полош од вас.
16. Тешко вам, водачи слепи, кои велите: »Ако се заколне некој во храмот, не е ништо; но ако се заколне некој во црковното злато, виновен е.«
17. Безумни и слепи! Што е поголемо, навистина: златото или црквата, која го осветува златото?
18. Исто така велите: »Ако некој се заколне во жртвеникот, ништо не е; но, ако некој се заколне во дарот што е на него, виновен е«
19. Безумни и слепи! Што е, навистина, посвето: дарот или жртвеникот, што го осветува дарот?
20. А кој се заколне во жртвеникот, се колне во него и во сè што е врз него;
21. и кој се заколне во црквата, се колне во неа и во Оној, Кој живее во неа;
22. и кој се заколне во небото, се колне во престолот Божји и во Оној, што седи на него.
23. Тешко вам, книжници и фарисеи, лицемери, оти давате десеток од нане, копра и кимин, а сте го оставиле најважното во Законот: праведноста, милоста и верата; ова требаше да го правите, а и она да не го оставате.
24. Водачи слепи, вие комарецот го цедите, а камилата ја проголтувате.
25. Тешко вам, книжници и фарисеи, лицемери, зашто ја чистите чашата и чинијата однадвор, додека внатре тие се полни со
грабеж и неправда.
26. Слепи фарисеју, очисти ја чашата и чинијата најнапред внатре, за да бидат чисти и однадвор.
27. Тешко вам, книжници и фарисеи, лицемери, оти многу личите на варосани гробови, што однадвор изгледаат убаво, а внатре се полни со мртовечки коски и секаква нечистотија;
28. така и вие, однадвор им се покажувате на луѓето како праведни, а внатре сте полни со лицемерност и беззаконие.
29. Тешко вам, книжници и фарисеи, лицемери, оти ѕидате гробници за пророците и ги украсувате спомениците на праведните,
30. па велите: »Ако живеевме во дните на нашите татковци, немаше да станеме нивни соучесници во крвта на пророците«.
31. А со тоа сведочите сами против себе, дека сте синови на оние, што ги убиле пророците.
32. Дополнете ја и вие мерата на татковците ваши.
33. Змии и породи аспидини, како ќе побегнете од пресудата за во пеколот?
34. Затоа, ете, Јас праќам при вас пророци и мудреци и книжници; едните ќе ги убиете и распнете, а другите ќе ги биете по синагогите и ќе ги прогонувате од град во град;
35. за да падне врз вас сета праведна крв што е пролеана на земјата, од крвта на праведниот Авел па до крвта на Захарија, синот Варахиин, кого го убивте меѓу храмот и жртвеникот.
36. Вистина, ви велам: сето тоа ќе падне врз овој род.
37. Ерусалиме, Ерусалиме, што ги убиваш пророците и со камења ги засипуваш испратените при тебе! Колкупати сакав да ги соберам чедата твои, како кокошка што ги собира пилињата свои под крилја, а вие нејќевте.
38. Ете, ви се остава вашиот дом пуст.
39. Оти, ви велам: нема да Ме видите отсега дури не кажете: »Благословен е Оној, Кој иде во името Господово!«“
Свето Евангелие според Лука, Глава 11
37. И кога зборуваше Он, еден фарисеј Го помоли да руча кај него. Он отиде и седна на
трпеза.
38. И фарисејот се зачуди, кога виде, дека Он не си ги изми рацете пред јадење.
39. Но Господ му рече: „Ете, вие фарисеите ја миете чашата и чинијата однадвор, а пак внатрешноста ви е полна со грабеж и лукавство.
40. Безумни, не е ли ист Оној што ја создаде и надворешноста и внатрешноста?
41. Но, давајте милостина според своите сили, тогаш сè во вас ќе биде чисто.
42. Но тешко вам, фарисеи, оти давате десеток од нане и рута, и од секаков зелен, а преминувате преку судот и љубовта Божја; ова требаше да го правите, но и она да не го оставате.
43. Тешко вам, фарисеи! Оти сакате да сте на првите места во синагогите и да ве поздравуваат по плоштадите!
44. Тешко вам, книжници и фарисеи, лицемери, оти сте како сокриени гробови, преку кои луѓето одат и не ги знаат.”
45. Одговори некој од закониците и Му рече: „Учителе, кога го говориш тоа, Ти и нас нè навредуваш.”
46. Но Он рече: „Тешко и на вас закониците, што ги натоварувате луѓето со тешки бремиња за носење, а вие сами ни со еден прст не се допирате до тие бремиња.
47. Тешко вам, оти им ѕидате гробници на пророците, што ги убија вашите татковци;
48. со тоа сведочите за делата на своите татковци и ги одобрувате, бидејќи тие ги убија пророците, а вие им ѕидате гробници.
49. Затоа и Божјата премудрост рече: »Ќе им пратам пророци и апостоли, и од нив едните ќе ги убијат, а другите ќе ги прогонат«;
50. за да се побара од овој род крвта на сите пророци, пролеана од постанокот на светот;
51. од крвта на Авела па сè до крвта на Захарија, кој е убиен меѓу жртвеникот и храмот. Да, ви велам, ќе се побара од овој род.
52. Тешко вам, законици, оти го зедовте клучот на познанието; сами не влеговте, а и на оние што сакаат да влезат им попречивте.”
53. А кога го зборуваше тоа, книжниците и фарисеите почнаа силно да се гневат на Него и да Го прашуваат за многу работи;
54. Го напаѓаа, сакајќи да уловат нешто од Неговата уста, за да Го обвинат.[DOUBLEPOST=1406143695][/DOUBLEPOST]Синовите Божји се овие:
Свето Евангелие според Матеј, Глава 5
1. Кога го виде народот, Он се искачи на планината; а штом седна, учениците Негови се приближија до Него.
2. И кога ја отвори устата Своја, ги поучуваше и говореше:
3. “Блажени се бедните по дух, зашто нивно е царството небесно
4. Блажени се оние што плачат, оти ќе се утешат!
5. Блажени се кротките, зашто тие ќе ја наследат земјата!
6. Блажени се гладните и жедните за правда, оти тие ќе се наситат!
7. Блажени се милостивите, зашто тие ќе бидат помилувани!
8. Блажени се чистите по срце, оти тие ќе Го видат Бога!
9. Блажени се миротворците, зашто тие ќе се наречат синови Божји!
10. Блажени се гонетите заради правда, бидејќи нивно е царството небесно!
11. Блажени сте вие, кога ќе ве срамат и прогонат и кога ќе говорат против вас секакви лоши зборови лажно – заради Мене!
...............................................
44. А Јас, пак, ви велам: љубете го непријателите свои, благословувајте ги оние што ве колнат, правете им добро на оние што ве мразат и молете се за оние што ве навредуваат и гонат,
45. за да бидете синови на вашиот Отец небесен; зашто Он го остава Своето сонце да грее над лошите и над добрите, и праќа дожд на праведните и на грешните.[DOUBLEPOST=1406144364][/DOUBLEPOST]Што мислиш, кој се посомнева во Божјата природа на Исус Христос? И зошто одиш по стапките на клеветникот, измамникот и лажливецот наречен Сатана и Ѓавол, прифаќајќи ги неговите размислувања?
Свето Евангелие според Матеј, Глава 4:
1. Тогаш Духот Го одведе Исуса во пустината за да биде искушуван од ѓаволот.
2. И како постеше четириесет дни и четириесет ноќи, најпосле огладне.
3. А кога се приближи до Него,
искушувачот Му рече: „Ако си Син Божји, кажи овие камења да станат лебови.”
4. А Он му одговори и рече: „Напишано е – »Не само од леб ќе живее човекот, а од секој збор што излегува од устата на Бога.«“
5. Тогаш ѓаволот Го одведе во Светиот град и Го постави на храмовата стреа,
6. и Му рече: „Ако си син Божји, скокни долу, зашто во Писмото стои: »На ангелите Свои ќе заповеда за Тебе да Те запазат и на раце ќе Те земат за да не Си ја сопнеш некако ногата од камен.«“
7. А Исус му рече: „Напишано е исто така -»Не искушувај Го Господа, Твојот Бог«.”
Свето Евангелие според Лука, Глава 4:
1. Исполнет со Дух Свети, Исус се врати од Јордан, и беше одведен од Духот во пустина.
2. Четириесет дена Го искушуваше ѓаволот, и ништо не јаде во тие дни; а кога изминаа тие, најпосле огладне.
3. И Му рече ѓаволот: „Ако си Син Божји, кажи му на овој камен да стане леб.”
4. А Исус му одговори и рече: „Напишано е дека не само со леб ќе живее човекот, туку и со секој збор Божји.”
5. И кога Го одведе на една висока планина, ѓаволот Му ги покажа наеднаш сите царства во светот.
6. И Му рече ѓаволот: „Тебе ќе Ти ја дадам сета оваа власт, и нивната слава, зашто мене ми е предадена, и ја давам кому што сакам.
7. Ако ми се поклониш, сето тоа ќе биде Твое.”
8. Но Исус му одговори и рече: „Бегај од Мене, сатано, оти е напишано: »На Господа, Твојот Бог, клањај Му се и само Нему служи Му!«“
9. И Го одведе во Ерусалим, и Го постави на храмовиот покрив, па Му рече: „Ако си Син Божји, фрли се одовде долу!
10. Зашто е напишано: »На ангелите Свои ќе им заповеда за Тебе, да Те запазат;
11. и на раце ќе Те земат, да не би некако да ја сопнеш ногата Своја на камен«.”
12. И Исус му одговори и рече: „Кажано е: »Не искушувај Го Господа, својот Бог!«“