- Член од
- 3 септември 2010
- Мислења
- 6.634
- Поени од реакции
- 9.249
Исус Христос има две природи: Божја и човечка. Тој во исто време е и Совршен Бог и Совршен човек. Во Евангелијата, Неговата Божја природа можеме да ја видиме кога им ги опростува гревовите на грешниците, кога го воскреснува Лазара и многу други работи кои човек не може да ги направи, а како човек плаче, се моли, се покорува на Бог, страда и сл., притоа искажувајќи ја својата човечка природа.
И тие природи секогаш дејствуват неразделно, односно слеано при што едната ја помага другата. „Затоа кога Христос ги вршеше Божествените нешта содејствуваше човечката природа, а кога ги вршеше човечките нешта, тогај содејствуваше Божјата природа. „Светите Отци, за да ја прикажат оваа вистина, велат дека секоја природа дејствуваше „преку другата“, т.е. во заедница со другата природа.“ Токму во случајот со воскреснувањето на Лазар се гледа како дејствуваат двете природи. „Хритос како човек заплака за смртта на Својот пријател Лазар, но како Бог, со Својата Божествена сила го воскресна.“
Во линкот што ти го дадов во претходниот пост ќе најдеш одговори на многу прашања и на многу недоумици што тебе ти изгледаат противречни.
Читај, пријателе!