Еве нека бидат различно нешто нешто од "неморалот", но сепак се посочени како забранети нешта ....што е тоа поради кое свилата е забранета?! Или музичките инструменти? Еднаш имавте кажано дека исламот го забранувал само тоа што му било штетно на човекот. На кој начин музичките инструменти или свилата се штетни?
Како што рече семирамида, свилата и златото се забранети за машките, бидејќи во Исламот е забрането машко да имитира женско и обратно.
Кога Аллах во Куранот го забранил блудот(неморалот) не рекол: Не чинете блуд... туку НЕ МУ СЕ ПРИБЛИЖУВАЈТЕ НА БЛУДОТ(НЕМОРАЛОТ)
32. И не приближувајте му се на блудот, бидејќи тоа е разврат, колку лош пат е тоа!(сура Исраа)
Значи исламот не го забранува само самиот чин туку и сите патишта кои водат до тој чин, колку и тоа да делува безопасно на почеток.
Исламот делува превентивно, боље спречити него лечити.[DOUBLEPOST=1402665644][/DOUBLEPOST]
Свилата и златото се харам за мажите само?Таа забрана е најверојатно зашто во светиот Куран има опомена мажите да не ги имитираат жените и обратно,така нешто беше. А за музиката па нели и Даут свирел на лира? Сфаќам да е грев турбофолк или некои поп/рок изведувачи кои обработуваат теми што се косат со исламот, ама зашто да е грев муслиман да слуша Бетовен ,Моцарт или Дед кен денс? Ова е мое мислење не мислам никого да навредам , сепак не сум муслиманка иако Куранот ми е одамна читан.
Истото што му го пишав на ипси, исламот не забранил само тоа што штетно туку те советува да се тргнеш од се што води до тоа што е штетно.
Давуд свирел на лира, но пред појавата на Мухаммед.
Со праќањето на Мухаммед престануваат да важат,односно се докинати сите закони што биле пред него, затоа е и Куранот последна Божја објава.
Муслиманите ги сакаат,признаваат и уважуваат сите Божји пратеници пред Мухаммед, а веруваат дека Мухаммед е последен.
Иса а.с. кога ќе биде спуштен од небото пред Судниот ден, ќе суди по шеријатот(законот) по кој судел Мухаммед,односно Куранот.
Ако сфаќаш дека е грев турбофолк каде таму некоја блудница пее без гаќички и се фали со тоа,колку само гревови се направени на тие концерти,колку алкохол е испиен,колку блуд е направен. ете затоа е превентивно забранет секој вид на музика која вклучува музички инструменти и слично, со слушање на музика се запоставува и занемарува она што Аллах ни го пратил за слушање,учење и раководење според него,а тоа е Куранот.
Сега некој ќе рече, како тој можел да се контролира и тоа што исламот делува превентивно е неправедно,погрешно бла бла...
велам: Да ти можеби можеш, и можеби некое време ќе можеш..ама 70% нема да можат, а тоа е еднакво на катастрофа, колективитетот е пред индивидуалното.