Фала за убавите прашања

1.Аллах е Семоќен и Апсолутен Створител, и Тој се створил со мудрост,па и таквите случаеви.
Целта за муслиманите не е Овој свет,туку Оној свет.. а овој свет е само средство до целта, и вистинското уживање и награда е на Оној свет.
Па така кога има таков случај, човек муслиман треба да биде задоволен со Божјата одредба и да се стрпи на тоа за да биде награден на Судниот ден.
А таквите случаеви се препуштени на мудроста и одредбата на Аллах.
2. Пишував многу за темата за божјите пратеници, сите биле испратени со една цел.. да повикуваат во верување на Еден Бог, и сите освен Мухаммед биле испратени на одреден народ во одредено време, и нивната мисија е доставена и завршена.
А Мухаммед е пратеникот кој е пратен како Аллах го нарекува во Куранот: Печат на сите веровесници(хатемул енбија) и пратен како Последен Божји Пратеник со последната Божја објава, Куранот по која треба да се раководат сите луѓе.